Македонска фудбалска репрезентација

Член од
19 мај 2010
Мислења
2.124
Поени од реакции
324
Jas ne znam Zasto se cudite dali Albancite ke navivat Za Mak utre../
Posle tolku godini vo reprezentacijata se povikuvat igraci so kvalitet, Za prv pat ke imame albanci vo timot Sto ke go prestavuvat multi kulturata vo drzavata, Jas mislam Deka 90% od Albancite utre ke navivat Za Makedonija, imame 6 igraci, a vojnata bas Za ova rabota se praese Za da bideme prestavuveni vo institucite na drzavata, politika sport kultura etc.
Eve dojde I ova vreme
Utre cekam pobeda 2-1

alioski I Ademi ke davat Goll
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
Ај у курац, во репрезентациајва нема ниту еден ром, ниту еден србин, ниту еден босанец...
Изгледа ни се спрема нова војна, па здравје накај 2060 можеби ќе има и луѓе од овие националности во репрезентацијава, чисто ради потеклото нивно, а не поради квалитетот :(
Еве, гарантирам дека овој Пандев го викаат само дека е македонец, да беше албанец и да не беше војната сто посто сега немаше да игра и намерно ќе го минираа..ама тоа е :/

A иначе мене лично не би ми сметал рандом албанец да си навива за кого сака, ако себе си се смета како Косовар што се надева дека децата негови ќе му се преселат во Косово... ич не ми смета, нека си навива секој по дома за кого сака.
Што се однесува до фудбалерите, ете, многу професионалци играчи навиваат за една, а играат за друга екипа....
...ама сепак, не верувам дека кога станува збор за репрезентација некој од луѓево со различни националности ќе играат лошо намерно или пак дека им е гајле за Косово во денешниот меч.

Ќе имам сериозен проблем ако Косово победи и тоа биде прославено во било кој дел од државава.

А резултатски очекувам...исто ко со Ерменија, ние да изгледаме безидејно, да имаме пар шанси и така....
Или пенал некој ќе решава или гол од прекин или контра..
0 до 2 гола од игра ќе има сигурно освен ако не се досудат неколку пенали како што тоа беше против Ерменија

Мислам дека ако победиме овој меч ќе ни биде полесен од евентуалното финале каде не би не' ставил во фаворитска улога.

Друга тема:

Од 13 саат младите играат против Казахстан на гости, ептен битен меч, мора да се стигне до победа.
Автоматски споено мислење:

Изгледа не постирал ова никој..

Аууу, коронава дојде ко кец на десетка, ќе имаше сериозни дискусии во медиумиве ако имаше публика :D :D

Член од
1 април 2018
Мислења
2.106
Поени од реакции
4.099
Ноќеска сон не ме фати, од сабајле денот ми почнува со навивачки песни :D(не знам дали има некој кој е олку возбуден за мечов).
Ајде момци, изиграјте храбро денес, поквалитетни сте и покажете го тоа на терен. Нема потреба од јуриш од прва минута, стрпливо да си градиме игра, ќе паднат косоварите.
ЗА КОГО? ЗА МАКЕДОНИЈА!:oeoeoe:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.983
Поени од реакции
74.030
Сите што глумат пацифисти на темава, сетете се само како Џака промашуваше празен гол против Албанија на ЕП. Зборуваме за репрезентативец на Швајцарија, а знаеме каква вукојебина е Македонија према оваа земја. Гарантирам дека ако вечер не дај боже загубиме, ќе се слави по улиците на многу градови во Македонија.
 
Член од
12 август 2020
Мислења
51
Поени од реакции
128
Дечки прекинете со политика,и дајте бидете позитивни.Не знам што ви е чудно дали ќе навивале или не еве еден пример за тоа,јас живеам во Канбера и можам слободно да ви кажам дека 90% од Македонците овде без разлика дали се родени тука или не не ги интересира Австралиската репрезентација,и секогаш се гледа Македонија или некој Македонски клуб,а овде ги има многу.Така да тоа е природно и ги рзбирам.

Но да баталам тоа,денес а кај мене утре сабајле :icon_lol: ја играме можеби една од двете најбитни утакмици во историја,држам палци на Пандев и неговите 'деца ' да го заверат финалето,и преку Белорусија или Грузија по прв пат да учествуваме на едно големо натпреварување како што е Европското,а со тоа на најдобар начин после истото Пандев да го испратиме во пензија како што доликува за еден таков голем играч.
Напред Македонија.:):oeoeoe:
[
Автоматски споено мислење:

И уште нешто ..дали преносот ќе биде на спортклуб или сега МТВ ќе го пренесува?
За да знам каде да барам стрим
 
Последно уредено:

МТВ ќе дава пренос :)
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.566
Поени од реакции
5.610
Не озбилно, дали мислиш дека Албанците што играат за репрезентацијата ќе дадат све од себе, како каурите, за да го победат Косово?

Не ме смеј. Ни ти самиот не веруваш во тоа.

Тоа ти е ефективна пета колона на терен.
Талунт и Гранит Џака се браќа, едниот игра за Албанија другиот за Швајцарија. Коа играа Албанија и Швајцарија меѓу себе Гранит (Швај) со две нозе им влагаше клизачи. Шаќири исто мислиш се штедеше ?
Доста со национализам, се игра за Европско Првенство - Шанса да се продадат играчите у јаки клубови! Цела Европа да ги гледа.
Мислиш некој би избрал да игра по Кипарски, Унгарски и остали лиги ако може да го глеа цела европа и да се шитне у една од топ 5 лигите? Милиони се у прашање, напредок ненормален у кариера, една добра утакмица на европско е life changer. 200% од себе ќе дадат сите, и тие што играат за Македонија и тие што играат за Косово. Ваква шанса никој не би пропуштил. А и забораваш дека сите до еден имале шанса да бираат дали ќе играат за Мк, Ал или Кс. Одбрале да играат за Македонија. Адеми имаше и понуда од Хрватска ко млад и ја имаше одбиено. (Ова од портал, не знам колку е точно).

Спортисти се, професионалци се, се од себе ќе дадат и двете страни. Не ја трујте барем темава со вакви муабети.
 
Член од
13 март 2009
Мислења
1.968
Поени од реакции
1.868
Сите што глумат пацифисти на темава, сетете се само како Џака промашуваше празен гол против Албанија на ЕП. Зборуваме за репрезентативец на Швајцарија, а знаеме каква вукојебина е Македонија према оваа земја. Гарантирам дека ако вечер не дај боже загубиме, ќе се слави по улиците на многу градови во Македонија.
Пошо Џака е првиот играч во историјата кој промашил празен гол.
Ај ти сети се ти како Џердан Шачири им го зачука на Албанија на Европско.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.152
Поени од реакции
83.888
Ај у курац, во репрезентациајва нема ниту еден ром, ниту еден србин, ниту еден босанец...
Изгледа ни се спрема нова војна, па здравје накај 2060 можеби ќе има и луѓе од овие националности во репрезентацијава, чисто ради потеклото нивно, а не поради квалитетот :(
Еве, гарантирам дека овој Пандев го викаат само дека е македонец, да беше албанец и да не беше војната сто посто сега немаше да игра и намерно ќе го минираа..ама тоа е :/

A иначе мене лично не би ми сметал рандом албанец да си навива за кого сака, ако себе си се смета како Косовар што се надева дека децата негови ќе му се преселат во Косово... ич не ми смета, нека си навива секој по дома за кого сака.
Што се однесува до фудбалерите, ете, многу професионалци играчи навиваат за една, а играат за друга екипа....
...ама сепак, не верувам дека кога станува збор за репрезентација некој од луѓево со различни националности ќе играат лошо намерно или пак дека им е гајле за Косово во денешниот меч.

Ќе имам сериозен проблем ако Косово победи и тоа биде прославено во било кој дел од државава.

А резултатски очекувам...исто ко со Ерменија, ние да изгледаме безидејно, да имаме пар шанси и така....
Или пенал некој ќе решава или гол од прекин или контра..
0 до 2 гола од игра ќе има сигурно освен ако не се досудат неколку пенали како што тоа беше против Ерменија

Мислам дека ако победиме овој меч ќе ни биде полесен од евентуалното финале каде не би не' ставил во фаворитска улога.

Друга тема:

Од 13 саат младите играат против Казахстан на гости, ептен битен меч, мора да се стигне до победа.
Автоматски споено мислење:

Изгледа не постирал ова никој..

Аууу, коронава дојде ко кец на десетка, ќе имаше сериозни дискусии во медиумиве ако имаше публика :D :D

ти си наивен, ко спанџ-боб
 
Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.940
Поени од реакции
4.438
Aдеми имаше и понуда од Хрватска ко млад и ја имаше одбиено. (Ова од портал, не знам колку е точно).
Адеми има 3 настапи за Хрватска, но само на пријателски. И бидејќи цел циклус не го фермаа се одлучи да ја прифати поканата на Македонија. Ова го има сам изјавено (не со тие зборови, но суштината е таа).
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
ти си наивен, ко спанџ-боб
Еве, ќе видиме вечер

Ако изгубиме тогаш во право си и тие 3-4 албанци што ќе играат во првиот тим уствари стварно ја минирале репрезентацијата

А ако отидеме даље тогаш ти си во право и албанците ја минирале репрезентацијата ама сепак и другите 7-8 луѓе во репрезентацијата успеале да надоместат
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.854
Поени од реакции
10.227
Сејдини утрово си ја метеше улицата кај него пред куќа, изгледаше ко да к.р му е двор му е за утакмицава, нема шанса тој или билој кој од федерација да сматиле нешто. Што се однесува до овие на терен, за Адеми, Барди и Алиоски сум убеден дека ќе одиграат професионално, не се таков калибар на луѓе да дозволат да бидат "купени". Ако некој е сумљив тоа се Бејтулаи и Муслиу, во овие двајца никогаш не би бил сигурен дека ќе влезат со чиста мисла бо утакмицата, ако ништо друго 100% имаат или ќе имаат притисок од балистите во Тетово тоа потпишувам со две раце.

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Сејдини утрово си ја метеше улицата кај него пред куќа, изгледаше ко да к.р му е двор му е за утакмицава

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
Ако не прскал со црево, не се важи :D
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.162
Поени од реакции
4.709
Ако некој е сумљив тоа се Бејтулаи и Муслиу, во овие двајца никогаш не би бил сигурен дека ќе влезат со чиста мисла бо утакмицата, ако ништо друго 100% имаат или ќе имаат притисок од балистите во Тетово тоа потпишувам со две раце.
И јас сум на ова мислење, ќе го додадам и Хасани тука, се надевам нема да игра овој воопшто и онака не бил дел од репрезентација веќе подолг период, а се надевам ни Бејтулаи нема да добие минутажа, затоа што пред се мислам дека другите опции се секако поквалитетен избор. Адеми, Барди, Алиоски очекувам да изиграат на ниво, Пандев сигурно ќе изгине колку што може, штета што Елмас не е тука ама Косово е во поголеми проблеми и тоа мора да се искористи. Циркузи ќе биде ако изгубиме кога ќе почнат со пукање и дрифтање браќава.. :D
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Чекај малце сеа, ако добро разбрав, Илко Илија и Берик уште на непочната утакмица ги криват албанските играчи дека ќе не минираат и при неуспех против Косово вечер, они ќе бидат директните кривци.

Е сеа, хипотетички, ако изгубиме 2-1 вечер, гол за нас даде Барди а по некоја случајност еве Боби Николов си дае автогол а другиот гол го примиме по несмасна реакција на Столе. Дали и тогаш албанските играчи ќе ни бидат криви? Уствари што прашувам, па секако дека ќе ни бидат, не се труделе доволно. Берик нема ни да ја гледа утакмицата ама нема да пропушти испишани 4 страни на темава со еден ист досаден муабет. Илко Илија исто, он додуша може ќе ја гледа ама со какви очи и што ќе гледа ќе видиме по коментарите.

Ја сфаќам дека Албанците се поголеми националисти од нас и се гледаат исто без разлика дали некој е од Македонија, Швајцарија, Албанија, Косово, Грција и слично ама не гледам причина зошто нашиве Албанци им напраат услуга на некои странци (да странци пошто ниеден од тие не ни живее нит па некогаш раснел у Косово) да играат на Европско првенство а овие си дремат дома и ги гледаат.
Нашиве Албанци сами си ја одбраа Македонија ко нивна репрезентација баш од овие причини, и сеа да го шитнат сето тоа треба да се глупави.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom