Јорданчо Давитков изгледа на бога немал фрлано камења, али Гачевски дефинитивно на Ангеловски, или?!
Подобар квалитет и форма од дечково у моментов нема Македонија. Факт. Се виде дека барем на домашен терен е неприкосновен кога е у прашање фудбал неколку класи над ПМФЛ (Малме, фенер, Копен.) а и интерес од неколку прволигашки екипи од мн посилни лиги...
А и кога би искалкулирал и направил една паралела со остала конкуренција у репрезентација, заклучокот е следен:
Дени Илиев: дури 18 настапи у цела професионална кариера, а последен на 11.05.2015, да добро е пишан датумот. Смешно или како?
Столе Димитриевски: сезона 15/16 нема потреба од коментар пошо брани у трета/четврта лига у Шпанија, 16/17 втора лига, жални 11 настапи од кој последен 17.12.2016. Нема осетено натпревар првенствен 9 месеца.
Давид Нилсон: За пред повредата нема збор стандарден со по 30 натпревари по сезона. 15/16 и 16/17 тоа се две сезони тотал 8 (ОСУМ) натпревари.
Па сумарум, се наметнува прашањето кој е критериум за голманската позиција?! Пошо дечково дефинитивно заслужи место пред сите тројца.