Македонска фудбалска репрезентација

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.105
Поени од реакции
4.950
Сите бивши играчи што се обидоа во околните земји, навистина да сменат нешто во нивните фудбалски федерации, наидоа на тешка корупција при самиот избор на претседател на фудбалската федерација. Видиќ изгуби во Србија, Бербатов во Бугарија.
Добро нека тераат овие исти ондак:)
 
Член од
20 септември 2023
Мислења
109
Поени од реакции
585
Треба целосна смена на се што у ФФМ прво. Да дојде Пандев и да почне прво да создава услови барем Прва лига да личи на нешто да не е селски фудбал и никакви терени.
Пандев еден капацитет што е, од четири кажани збора пет му се грешни. Прво треба партиски да се исчисти тоа дувло, а потоа да се донесе саглам човек, човек што има осет за менаџирање, а Пандев, според мене, не е за таа позиција.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.515
Поени од реакции
62.364
Добро нека тераат овие исти ондак:)
Џабе цинизмот кога не сме се разбрале. Не реков дека не треба промена и дека истиве треба да останат, туку дека во нашите краишта, тешко доаѓа до промена на веќе инсталирани партиски кадри.
 
Член од
20 септември 2023
Мислења
109
Поени од реакции
585
Исто беше и кога зборевме за промена на Милевски пред неколку месеци, повеќето го сфаќаа(т) како негово бранење, а реалноста е дека нема со кого да го замениме (тоа да не биде некој налик на него, Канаталаровски итн.). Еве, пак ќе прашам: Со кого би го замениле Милевски и кои играчи би ги викнале вие во репрезентација? Јас не гледам на повидок барем еден полуиграч што може да донесе разлика во репрезентацијата во иднина, па само гледајте како менаџериве фураат играчи преку порталиве и се ќе ви биде јасно. Пред некој ден пишав колку го фалеа овој Берат Калкан, мегаталент, ваков-таков, а тој нема да биде ни во топ 10 играчи ниту во нашава втора аматерска лига. Кој наш клуб има добра фудбалска школа, кој странски (Косово, Албанија и слични борании не ги рачунам) клуб е заинтересиран за некој наш млад фудбалер?

Така и со федерацијава, смрди - труе од сите страни, а претседателот на федерација е последниот клин од сандакот, најголем проблем се делегатите/општинските сојузи кои ги носат гласовите. Не може во 2024 година да има забрана за гостински навивачи, не може во 2024 година да немаш рефлектори и не може во 2024 година да играш на ораница и да се пресоблакаш преку улица. Сите клубови се жалат, а ништо не преземаат околу тоа. Зошто е тоа така? Затоа што утре ќе им биде нешто прогледано низ прсти...
 
Член од
29 октомври 2023
Мислења
225
Поени од реакции
289

,Странски селектор на пример, во овие играчи уште има фудбал,пример некој Хрват, Германец, Португалец, не ме јеби, Исланд буквално без никаква лига бараж играа,Грузија многу појаки да не се.И ние имавме супер моменти последните години ја искрено за квалификациите не замерувам толку колку што за Лига на нации кога ебена Бугарија не реши па и Грузија..
Автоматски споено мислење:

Мрме за овој беше Алекс Фергусон, овој е целиот неартикулиран, за тоа и репрезентацијата изгледа без идеја и глупаво, пример брат му ма Стефан не знам зошто го вика и Миовски не е нешто посебно.
 
Види каде (и колку) играат грузиските играчи, а каде нашите, најмалку една класа се над нас, што последниот пат и го покажаа и докажаа. Ние освен Елмас (кој моментално е тешка мизерија) и Столе немаме ниту еден друг просечен играч. Истото и за Исланд важи… Колку и да е мизерна и аматерска нивната лига, пак е подобра од нашава.

За Мрме не ми се трошат зборови, дискутирано е и претходно, среќа има што му се поклопија милион коцки, инаку во ништо не е подобар од сегашниов, дури тактички е и многу послаб. Мрме е тренер за клуб како Работнички или Силекс и ништо повеќе, што и го има докажано до сега. Пред неколку години повеќе од пола репрезентација беше во добра форма, а играчите играа во сосема пристојни лиги. Сега ниту играат, ниту се во соодветна возраст. Нормално и очекувано е Џани да си го лади кога оној што му е конкуренција за позицијата уште не е ни роден…

Не можеш да извадиш максимум од играч како Бејтулаи (пример) кој е дрво, а неговата резерва е 10 класи под него. Гледај ги младите, нема еден играч кој може да донесе одредена свежина во А репрезентација затоа што немаат квалитет ни за У21.

Најнапред треба и ние да ги намалиме очекувањата, бидејќи реално квалитативно сме помеѓу најслабите 10 европски репрезентации, а очекуваме пласман на ЕП или СП.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.895
Поени од реакции
84.267
(постов нема врска со мрме или боби, чисто онака го пишувам да се потсетиме како беше)
Пошто логично сите ќе пишат "aaa Mrme go imase Pandev! Toa e, nema igraci", многу е битно да не заборавиме некои факти.

Мрме го НЕМАШЕ Пандев

Пандев поради катастрофалните резултати ја напушти репрезентацијата.
Потоа, кога стана селектор Мрме одеше на бацирака кај Пандев и го молеше да се врати ветувајќи му дека ќе гради некаков проект за кој тој е многу битен.

Менаџирањето е многу битен дел од... менаџирањето на репрезентација. Да знаеш како да се поставиш со играчите, да изградиш однос, доверба, взаемна почит.
Ако Пандев не верувал на зборовите на Мрме, ќе видовме иста ситуација како Адеми и Милевски на пример. "Ej ne mozam sega ovie utakmici, aj slednite, povreden sum nesto"

Побарав негде низ форумов мислејќи дека сум го пишал подетална анализа на играчите, ама за жал не сум пишал за сите, само за неколку:

Од стaрт на новава сезона:

Несторовски:
0 стартови во Серија А, 1 старт во Купот
4 стартови за Македонија

Трајковски:
1 старт за Мајорка
2 стартови за Македонија

Стефан Ристовски не е ни дел од Спортинг, со Б екипата тренира (а ни за нив нe игра ептен), а ни е главен играч во репрезентација :D

Мрме со играчи што НЕ ИГРАА за своите екипи го направи резултатот.
Стефан Ристовски не играше воопшто, само тренираше, нешто слично како Алиоски сега. Несторовски и Трајковски не постоеја на фудбалската мапа. Пандев најчесто влегуваше само од клупа или играше 60 минути преку сила.
90% од играчите не беа редовни за своите екипи, не играа, немаа екипа или едноставно беа повикани за добар дух во екипата, нешто за што Мрме беше ептен хејтан и напаѓан. Да не заборавиме дека често имаеш коментари "Zasto go vikas ovoj a zasto ne go vikas ovoj sto igra??"

Тој муабет на "Tie se igracite, sto da se pravi' е небитен.

(нели сега следне муабет е "Eh, Mrme so Ermenija i Gruzija igrase", ама Боби играше со Бугарија и Грузија така да...)

Значи... тоа дека нема играчи и не е толку големо оправдување.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.855
Поени од реакции
3.325

Како тоа не играа за своите екипи? Па Трајковски и Несторовски играа за Палермо, па направија трансфери баш кога беа во форма. Барди играше за Леванте, Алиоски за Лидс. Пандев играше активно за Џенова, а Стефан Ристовски играше Ријека па Спортинг - во Португалија не го ставаа нешто, ама барем тренираше и беше дел од јака екипа од јака лига. Николов и Спировски играа за Вардар, па направија трансфери и таму не беа баш на клупа. Плус Адеми за Динамо.

Сега го читав Мрме, па уште се дрзнал и кажа дека Милевски прокоцкал шанса за СП. Заборава Мрме дека првата со Романија во тие квалификации ја загуби. Да не мислеше дека пред Германија ќе излеземе во групата? Глупости!
Една голема работа што му замерувам на Милевски е што доста ги брани играчите и кажува како бил задоволен од залагањето нивно, а на нив не им се ни играше против Молдавија или Црна Гора. Треба да биде повеќе самокритичен, а и критичен према играчите кои не го даваат најдоброто. И треба да прекине да им дава кредити на одредени играчи, затоа што не го вадат максимумот. А за раководството на ФФМ, исто како и секое друго претходно горе долу. Да не мисли некој дека Ѕинго бил подобар или Куролампие? Немало некое асално раководство досега.
 
Член од
2 декември 2022
Мислења
169
Поени од реакции
430
Фората е шо ние се палиме мислиш велесила сме у фудбал уствари да не беше тој поклон од лига на нации реално скоро па никад не би дочепале второ место при регуларни квалификации.
 
Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.013
Поени од реакции
7.730
Фората е шо ние се палиме мислиш велесила сме у фудбал уствари да не беше тој поклон од лига на нации реално скоро па никад не би дочепале второ место при регуларни квалификации.
stignavme, bevme vtori zad germanija i igravme baraz, ama za toa vtoro mesto primer ja tepavme germanija na gosti

nesporedliva e togashnata sostojba na igrachite so sega, osven stole nieden drug nema minutaza nitu asolen klub so visoki celi, mrme neka ne jadi mnogu nemaat site ista lotarija ko nego, na bobi mu zamervam sho mu se idiotski izjavite spusti se na zemja malce ne sme nie slepi treba samokriticnost malku
 
Член од
23 август 2015
Мислења
240
Поени од реакции
434
За да има добра репрезентација прв услов е да има добро национално првенство и инфраструктура.
Моментално македонскиот фудбал е на најниско ниво од кога постои државата.
Можеби малку над првенствата на Сан Марино, Гибралтар, ( според квалитетот да, а инфратруктура не ), а многу многу далеку и од просечните европски лиги како Чешка, Полска, Словачка и сл. Дури и првенствата кои беа зад нас како Албанија, Малта, Молдавија се веќе далеку пред нас.
Одиш да играш натпревар во Арачиново, Чаир, а не знаеш дали жив ќе се вратиш дома.
Младински лиги речиси и да нема.
Уште пред да почне првенството се знае кој ќе биде шампион , а кој треба да испадне.
Вториот дел од сезоната е речиси целиот наместен. Се знае кој на кој ќе пушти, се игра на ти го, дај ми го.
Едноставно фудбалската мафија царува, а стратегија и резултати нула.
Не може делегат да биде човек кој не знае колку играчи играат и кој нема денар вложено во фудбалот, партиски поставен само за да гласа по директива.
За македонслиот фудбал треба да одлучуваат луѓе кои цел живот го поминале со фудбалот, кои вложуваат во него како еден Пандев на пример.
Кој и да биде селектор се до дека е ваква состојбата резултати нема да има
 
Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.486
Поени од реакции
16.125
Една од најглупи клише реченици на Балканов е „фудбалските легенди“ да ги водат клубовите, федерациите итн. Да почнеме од овде за почеток, се виде колку Панчев е добар спортски работник. Ако е некој фудбалска легенда не мора да значи дека се разбира во водење на клуб/федерација.

Друга работа, најголемата рак рана на овие простори се функционерите и мешетарите уште од доба на дедо Ное. Цел живот цицаат пари од овдека и никако да престанат со тоа. Како во клубовите, така и во федерациите и затоа луѓе како Видиќ, Бербатов и тн. и да имаат некоја визија, не може да ја остварат, додека не се исчистат ваквите амеби.

Трета работа е корумпираноста на уефа, која со години се прави слепа, поточно од кога дојде овој мајмунов од Словенија, што направи балканска мафија едно време таму. Дозволува мешање на политика во спортот, за наместени натпревари да не зборуваме, така да, џабе е да се зборува за подобрување на фудбалот бар во МАкедонија.

П. С. Битно рамковните наместија свој човек на чело на ффсм и нивните клубови „доминираат“.
 
Член од
29 октомври 2023
Мислења
225
Поени од реакции
289
Види каде (и колку) играат грузиските играчи, а каде нашите, најмалку една класа се над нас, што последниот пат и го покажаа и докажаа. Ние освен Елмас (кој моментално е тешка мизерија) и Столе немаме ниту еден друг просечен играч. Истото и за Исланд важи… Колку и да е мизерна и аматерска нивната лига, пак е подобра од нашава.

За Мрме не ми се трошат зборови, дискутирано е и претходно, среќа има што му се поклопија милион коцки, инаку во ништо не е подобар од сегашниов, дури тактички е и многу послаб. Мрме е тренер за клуб како Работнички или Силекс и ништо повеќе, што и го има докажано до сега. Пред неколку години повеќе од пола репрезентација беше во добра форма, а играчите играа во сосема пристојни лиги. Сега ниту играат, ниту се во соодветна возраст. Нормално и очекувано е Џани да си го лади кога оној што му е конкуренција за позицијата уште не е ни роден…

Не можеш да извадиш максимум од играч како Бејтулаи (пример) кој е дрво, а неговата резерва е 10 класи под него. Гледај ги младите, нема еден играч кој може да донесе одредена свежина во А репрезентација затоа што немаат квалитет ни за У21.

Најнапред треба и ние да ги намалиме очекувањата, бидејќи реално квалитативно сме помеѓу најслабите 10 европски репрезентации, а очекуваме пласман на ЕП или СП.
Добро за некои работи е сувишно да се дискутира, мислам видов и други твои ставови не викам дека се е грешно ама со некои не се согласувам,пример за Мрме што кажуваш демек многу работи се поклопиле и дека на многу нивоа е послаб од Милевски, за тоа мислам мало морген, кажи го среќа знаење не знаење, местење,човекот не однесе на Евро, имаше супер кампања колку толку за Сп и го сменија, и мој личен став е дека ние одкако дојде овај немаме ни игра,ни тактика ни ништо. Ете кажи ми дали имаме игра било каква? Па Мрме коленичел пред Пандев го молел Адеми, па знаете мора малку и манга да си да правиш таков потег, овој со носот во облаци што направи? Тројца играчи топтан се откажаа да играат за него , а тој изјавува задоволен бил. Ја не знам што се умишља ама кај нацијата тоа не минува,особено што ова е Македонија, а ако мисли дека ако тој ја создал таа у21 и дека тој треба да ја уништи епа нема такво право.
Првиот дел за Грузија и Исланд сувишно е да се коментира,мислам ние 5 години немаме играч извадено квалитетен макар и стратегија државна да е тоа, до некаде ги осудувам што од Шпанија заминува за Турција или Саудиска ама си виделе на време дека треба да заработат и си фатиле патот.Се е тоа на сметка на федерацијата , во која меѓу другото е и Милевски.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom