Македонска ракометна репрезентација - (жени)

wgt

Член од
30 август 2011
Мислења
280
Поени од реакции
92
Ракометарките на ЕП во Ниш ќе можеме да ги гледаме со влезници од 6 евра
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=11091
а кој да ги бодриме????????????
немаме иднина а сакаме успех .....Никогаш нема да успееме .има млади таленти кои треба да му се даде шанса за настап во репрезентација.
во група сме со Данска,Франција и Шведска,сите знаеме колку се јаки ,па така ни бодрење ни ништо нема да се виде,елиминација по мое мислење.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.009
Поени од реакции
5.664

Кои млади таленти... немаат врска од ракомет „младите“ таленти, топката не знаат да ја водат.
 
wgt

Член од
30 август 2011
Мислења
280
Поени од реакции
92
Кои млади таленти... немаат врска од ракомет „младите“ таленти, топката не знаат да ја водат.
Има примери.
Еве неколку -Штериова Марија ,мислам дека сите добро ја знаеме,игра во Вардар,потекнува од школата на Кометал.
Моника Јанеска-потекнува од школата на Универс-Гостивар,има само 19 години а ланската сезона беше најдобар стрелец во супер лигата од редовите на Гевгелија,има играно и за Вардар.Сега игра во Кале каде на утакмица дава по 15 голови,Пред некоја ден Кале играше пријателска со Жито Прилеп ,и од 22 голови кои ги имаше Кале,18 даде Јанеска на македонската репрезентативка Наумоска, со што јасно покажува колку вреди во екипата.http://europeancup.eurohandball.com/chc/women/2011-12/player/538452/Monika+Janeska
Моника Ристовска-Потекнува од школата на Струга.Ланската сезона играше во Гевгелија а пред тоа во Виена каде беше меѓу најдобрите стрелци .Има настапи и во помладите селекции на Македонија .http://europeancup.eurohandball.com/chc/women/2009-10/player/533334/Monika+Ristovska
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.009
Поени од реакции
5.664
Има примери.
Еве неколку -Штериова Марија ,мислам дека сите добро ја знаеме,игра во Вардар,потекнува од школата на Кометал.
Моника Јанеска-потекнува од школата на Универс-Гостивар,има само 19 години а ланската сезона беше најдобар стрелец во супер лигата од редовите на Гевгелија,има играно и за Вардар.Сега игра во Кале каде на утакмица дава по 15 голови,Пред некоја ден Кале играше пријателска со Жито Прилеп ,и од 22 голови кои ги имаше Кале,18 даде Јанеска на македонската репрезентативка Наумоска, со што јасно покажува колку вреди во екипата.http://europeancup.eurohandball.com/chc/women/2011-12/player/538452/Monika Janeska
Моника Ристовска-Потекнува од школата на Струга.Ланската сезона играше во Гевгелија а пред тоа во Виена каде беше меѓу најдобрите стрелци .Има настапи и во помладите селекции на Македонија .http://europeancup.eurohandball.com/chc/women/2009-10/player/533334/Monika Ristovska
Друже, Моника Јанеска ја имам гледано пред три-четири години, мислам дека играше за вториот тим на ЃП. Можда тогаш беше млада, ама врска немаше. Не ми игра мене улога и 30 гола да дава на натпревар против наши екипи. Наумовска не е некое голманиште за да биде репер за нешто (т.е. далеку е од добар голман), плус освен голманот голема улога игра и одбраната.
Еве ти ги резултатите на нашите „млади“ талентирани ракометарки... Сите што си ги набројал би требало да имаат удел во истите. Дури и Австралија би имала подобри резултати.

Најдобри услови за развој имаа овие ракометарки кои моментално играат за репрезентацијата, далеку подобри од оние на Кастратовиќ и Радуловиќ. Штета што немаше кој да ги стегне здраво па ептен се запуштија, некои многу предвреме се повлекоа кога сфатија колку е сатот. Не знам Минчо како само ги плаќа кога во последниве две години едвај победуваат во Европа. Ама дефинитивно немаме млади таленти кои заслужуваат да играат пред Бајрамовска, Мечевска, Младеновска, Црвенковска, Пецевска, Портјанко... итн, итн... Колку за илустрација, Ива Стојковска која е едно од „подобрите“ крила што ги имаме (т.е. немаме) едвај се одразува од земја... За разлика од неа, Пецевска може да влезе со топка во гол. Ете до кај ни е отиден женскиот ракомет. Единствено од младиве отскокнува Зорица Деспотовска, другиве се далеку од просек иако се надевам дека ќе ме демантираат.
 
Јанеска сега игра многу добро,за разлика од 3 години,и на Металург му даваше по 10 голови .Шанса би требало да добие Маја Нацева која игра пикер.Ива Стојковска добро крило е,ама ја немам многу гледано ,знам тогаш кога беше јуниорското првенство кај нас беше добра исто така и кога играше во Кометал,сега во Вардар е.а Штериова и Мрќиќ искрено треба да се во Репрезентација
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.993
Поени од реакции
74.136
Селекторот на женската ракометна репрезентација, Гино Стрезовски, го објави списокот на ракометарки кои треба да појават на подготовките пред Европското првенство што ќе се одржи во декември во Србија. Подготовките ќе почнат на 1 октомври, а женската ракометна репрезентација по прозивката ќе замине на седумдневни подготовки во Охрид.

На списокот на Гино Стрезовски ги нема Јулија Николиќ, која по квалификаиците најави дека се откажува од настапи во националниот дрес, потоа Марија Папуџиева и Даниела Новеска која очекува примена во семејството. Селекторот повика 17 ракометарки од кои само четири се интернационалки, а останатите 13 се од домашното првенство. Нови имиња во репрезентативниот состав се бекот на Вардар СЦБТ, Марија Штериова, и интернационалката од Германија, Матилда Атанасовска.

Селекторот Гино Стрезовски на подготовките пред ЕП во Србија ги повика следните ракометарки: голмани - Тања Андрејева (Металург), Дијана Наумовска (Жито Прилеп), Ивана Цветановска (Грција), Ивана Зафирова (Вардар СЦБТ), крила – Симона Гроздановска (Металург), Драгана Пецевска (Металург), Драгица Митрова (Металург), Матилда Атанасова (Германија), бекови- Мирејата Барјамовска (Металург), Душица Ѓоргиевска (Металург), Зорица Деспотовска (Металург), Марија Штериова (Вардар СЦБТ), Билјана Црвенковска (Италија), Ивана Саздовска (Вардар СЦБТ), Елена Ѓоргиевска (Ц.Гора), пикери – Робертина Мечевска (Металург), Наташа Младеновска (Металург), Марија Серафимовска (Жито Прилеп).
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Легендарната данска голманка Карин Мортенсен (37) реши да се повлече од репрезентацијата, освојувајќи два златни олимписки медали и двапати европски шампион со репрезентацијата во нејзината кариера. Тоа можеби од некој аспект е добра вест за македонската селекција која настапува во група со Данска на ЕП во Србија оваа година.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.942
Поени од реакции
16.259
Има ли најави за пријателски натпревари за време на подготовките или тоа ќе биде пред започнување на првенството?
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Има ли најави за пријателски натпревари за време на подготовките или тоа ќе биде пред започнување на првенството?
Се планира втората недела на ноември (поточно 22-26 ноември), репрезентацијата да учествува на турнир во Киев, Украина.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.009
Поени од реакции
5.664
Едно прашање... Нели Душица Георгиевска беше избркана/отпуштена од Металург... а во списоков не пишува така.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom