Човекот го изгубил спорот пред 8 години, должен е на адвокатот од спротивната страна за досудените трошоци на постапката колку што разбрав...
@adon Консултирај се со адвокат, ако не ти е изминат рокот напиши приговор против налогот за извршување
@Forca јас како што разбрав воопшто не е имало нотарска или судска постапка, човекот го изгубил спорот и бил задолжен да ги надоместе судските трошоци на таа постапка.... адвокатот од спротивната страна само е дал барање за извршување врз основа на таа пресуда пред 8 години...
веројатно на адвокатот од спротивна страна..
Туку во нашето кривосудство има и други небулози...
Еве лице А и лице Б имаат мегусебно судски спорови , во едниот едниот добива, во другиот другиот добива.
Судот воопшто не дава можност за пребивање на меѓусебните судки трошоци.
Ако едното лице е во странство, неговиот адвокат тука ќе наплати, а другото лице од тука тешко да ќе наплати ..
Трето, тука се тужат физичко и правно лице... адвокатот на правното лице бара НЕМУ да се платат судските трошоци иако на пресудата не пишува така. А физичкото лице често не може да наплати судски трошоци од фирма бидејќи и е блокирана сметка, стечај и слично.
Посебно е мангупска работа кога адвокат со полномош од блокирана фирма тужи физички лица, најчесто не плакаше ни трошок за тужба, (ако има врска во судот оди на рабуш) ... кога ќе изгуби спорот таа блокирана фирма имаат за земање и физичкото лице и судот...
Сега најверојатно не може така.
Четврт пример, тазе, ете сега вработените на Охис сепак некако земаа некој стари неисплатени плати, иако поодамно Охис прво беше блокиран па потоа некој секавично брз стечај се направи, останаа дузини ненаплатени сметки од кај извршители...
Башка многу луѓе останаа и со акциите на ОХИС, а кој фигурираа на официјална берза се до денот на стечајот..Значи се изврши ПОЛИТИЧКО влијание на државата , им се платија некој неисплатени плати на тие што ПРОТЕСТИРАА пред Влада, а тие што имаа ПРАВНИ побарувања преку Извршители останаа со од трите подолгото...
Кога 2006тужев ( по писмена препорака на главен трудов инспектор на РМ) и добив од Охис за неплатен минат труд, предметот отиде кај извршител; заедно со други покрупни предмети од други странки, извршителот продаде објекти на Охис на кој имаше хипотеки кај КМБ.
Но веднаш се јави државата и ја поништи продажбата, бидејќи државата била најголем доверител на Охис ??? Извршителот дури патем го затворија, заради случката бачило. 2009 државата ги исплаќа неплатен минат труд ама НА СИТЕ ВРАБОТЕНИ, без обзир кој тужел кој нетужел...
Така тури му пепел на нашата неПравна држава, Неодамна имаше
тука во овој подфорум мислам, за професорот што им фрлал десет години прегорено масло на фасадата, го открија, дојде полиција , добија на суд ама ПРВО они ќе му платат нему преку извршител, зошто ги тужел и тој што го задржувале на лице место додека да дојде полиција ...
..