Да прашам некој правник дали знае или дали може да ми одговори на следново прашање:
- Во случај 2 лица да вршат полесен криминал, од видот пример крадење дрва или риби, дали трето то лице кое не е со нив ама ги известува за ситуацијата на патот, дали доаѓа полиција итн ке одговара доколку ги фатат првите 2 лица кои крадат ?
- Друг пример. Риболов со мрежи не е дозволен, одат 2 ца да крадат, притоа третото лице не е со нив туку седи пред полициска станица и ги известува крадците . Дали во ваков случај ако ги фатат крадците одговара и третото лице кое не е со нив ??
За убиства, кражби , трансфер на дрога итн јасно ми е дека е соучесник.. туку за првиве 2 случаи ме интересираше ...
известување дека доаѓа полиција логички не е кривично дело, па самата полиција кога тргнува на задача
вклучува и аудио и светлосни уреди.. па и крадец ако влезе дуќан и почне да краде, било кој од вработени или муштерии ако викне
: Полиција!! крадецот можеби ќе избега и ќе куртули .ако не го познаат по снимки...
Мислам дека може да има кривична одговорност и дело ако некој поврзан со полиција, вработен таму или слично ги оддава нивните распореди и планови на други лица....
Патем, рибокрадството и крадење дрва е многу релативна работа... имавме пред некоја година
Полицајци кој добијат кривични... еден мислам што бркајќи некој полесен криминалец имаше судар со неговото возило, а друг кој што пукаше на возилото на дрвокрадецот
кој се обидуваше да го прегази со возило ( и го повреди)...
значи зависи каде се случило а и кој се дрво / рибокрадците ( од која партија или етничка припадност), а да не зборувам за тој што дреме пред полиција и јавува на мобилен...
А има од друга страна апсење и суд за
дојава на
спортски резултати
**********************************************************************************************
туку нека објасни некој од фелата, зошто на сликата тасовите
не стојат рамно а
нема тегчиња никаде