Не го казнува доверителот, туку судот или друг овластен државен орган, а врз основа на закон и токму затоа не постои никаква злоупотреба на правото на штета на должникот.
Доколку ти мене ми должиш како што споменуваш и тоа 5 години и со моите пари изигруваш „газда“ во тие 5 години, а мене си ме оставил без леб за себе и своето семејство, тогаш најнормално е покрај главниот долг, за доцнењето да платиш и камата. Доколку тоа не постои тогаш должникот го изигрува доверителот и го злоупотребува своето право.
Можда должникот не е криминалец (а можда и е), но сигурно пак, доверителот не е криминалец, па да трпи заради нечие незаконско однесување.
Во принцип не се согласувам со тебе
Должникот не „ изиграва “ газда.
Тој тебе ти предизвикал штета и таа штета треба да ти ја надомести
а не да плаќа казни и ти на таквите казни да се богатиш
Правото постои и за доверителот и за должникот
Слично е се преголемите казни со кои се богати државата
На пример, во трафика продавачот не издал сметка за купена кутија цигари. значи нанел штета од едно евро
Казаната е 2000 евра
Јас велам дека е ова превисока казна и дека на тој начин државата си го полни буџетот
А овие од власта викаат, зошто не си издал сметка, кој те тераша да не издадеш сметка. Сега плати 2000 евра
Тоа не се случува во цивилизирани држави
Казната треба да одговара на делото
Но кај нас се на власт луѓе прости, некултурни кои мислат дека секогаш се во право
Правото има цивилизациска димензија. Правото постои уште пред да постојат државите. Постои обичајно право уште пред да постои државата. А кај нас власта е „ револуционерна “