Денес утакмица на работ на инфаркт, од добиен натпревар ќе направевме вересија, но сепак дечкиве изгинаа на терен и го добија натпреварот.
Имавме прилика да видиме дека македонската одбојка има светла идина, токму младите Маџунков и Илиев беа играчите кои го свртеа натреварот во наша корист, првиот сет сите од прв до последен беа очајни, потоа следуваше пресврт од наша страна по што Хрвативе се вратија во игра по повредата на Милев и диктираа темпо и во 5тиот решавачки сет дур на сервис не дојде Илиев кој искина најјако а и публиката здиве за одбојкарски услови и им даде ветар во грб на одбојкарите по што го добија натпреварот.
Утре финале со Данска, натпревар кој мора да се добие бидејќи оваа генерација одбојкари и како заслужи да ја освои оваа лига, во лошо време дојде повредата на Милев но и овие играчи ќе изгинат , поквалитетни сме од Данска, плус тука е публиката како фактор кој ќе им го даде тој потребен ветар во грб на одбојкарите, денес се виде најубаво што значи во решавачки моменти факторот публика и како таа може да влијае на текот на целиот натпревар.
И фудбалерите ама одбојкарите како ќе ми го направат ќејфот ако освојат утре, почнаа отпишани од сите, без никаква помош, исмевани, патуваа со саати со автобус, немаа сала каде да држат тренинзи и само со нивната упорност и инат стигнаа до две ЕП едно по друго и се на чекор да ја освојат лигата, каде што сите од прв до последен гинат за националниот дрес.
Целиот терет на репрезентацијата е на ОК Струмица, освен двајца играчи сите други вака или така ја поминаа одбојкарската школа на клубот и колку само фали да се појави уште еден одбојкарски центар да растерети и да произведе дополнителни квалитетни играчи, радува фактот што се повеќе деца се преориентираа во градот на одбојка по овие успеси, но си треба уште барем еден одбојкарски центар во државата.
За крај утре знам дека гласот ќе го оставам у сала по кој знае кој пат и ич нема да ми биде криво, за дечки кои тоа го залужиле, од оние со кои имаш иста крв, со кој си делел трибина, факултетски клупи, до со оние кои си имал лабав муабет низ град, изгинете дечки и направете ги Струмица и Македонија горди !