Македонска кошаркарска лига сезона 2011/12

Кој ќе биде шампион во сезоната 2011/12?


  • Вкупно гласачи
    183
Статус
Затворена за нови мислења.

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.157
Поени од реакции
5.933
Ако имате барем малку лице и малку чест ќе го признаете неспортскиот пораз. Очигледно тоа го немате. Не ви замерувам...Како што милуваат да кажат луѓето од останатиот дел од Скопје,класични Селодромци :)
Нема зошто да се признава неспортски пораз, кога сепак вие самите сте си криви. Да, точно, имавме мала помош од судиите, го спомнав веќе тоа. Неколку ситуации каде што играч на МЗТ последен ја допира топката пред да излезе во аут, а е досуден напад за МЗТ, и особено последниот напад кога беше досуден фаул врз Мијаилович од Лилов, ама па од друга страна одговори ми ти на ова:
- Зошто Кире не постигна ниту еден поен во втора четвртина, и само 1 во последна (од слободно) иако постигна 19 во прва четвртина?
- Зошто Соколов и Ѓуров имаа задача само да прават фаули наместо да даваат кошеви?
- Зошто Фрај има само 1 погоден шут од 7?
- Зошто промашивте 6 слободни? (тие можеби ќе ви донесеа победа)

Крај на крај, последниот напад беше ваш. Зошто не идевте на 2 поени за продолжение? Него одма се виде дека ќе се форсира шут за 3... Овие прашања (т.е. грешки) се пред се' грешки на Рајковиќ. Али еве следната утакмица се игра на ваш терен, ќе видиме тогаш како ќе се одвива.
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.296
Поени од реакции
7.023
Нема зошто да се признава неспортски пораз, кога сепак вие самите сте си криви. Да, точно, имавме мала помош од судиите, го спомнав веќе тоа. Неколку ситуации каде што играч на МЗТ последен ја допира топката пред да излезе во аут, а е досуден напад за МЗТ, и особено последниот напад кога беше досуден фаул врз Мијаилович од Лилов, ама па од друга страна одговори ми ти на ова:
- Зошто Кире не постигна ниту еден поен во втора четвртина, и само 1 во последна (од слободно) иако постигна 19 во прва четвртина?
- Зошто Соколов и Ѓуров имаа задача само да прават фаули наместо да даваат кошеви?
- Зошто Фрај има само 1 погоден шут од 7?
- Зошто промашивте 6 слободни? (тие можеби ќе ви донесеа победа)

Крај на крај, последниот напад беше ваш. Зошто не идевте на 2 поени за продолжение? Него одма се виде дека ќе се форсира шут за 3... Овие прашања (т.е. грешки) се пред се' грешки на Рајковиќ. Али еве следната утакмица се игра на ваш терен, ќе видиме тогаш како ќе се одвива.
Зошто не беше испразнета салата по нападот на Фрај и сите фрлени предмети?? Зошто соодносот на фаули е 26-18,а ако почнам да бројам од првата четвртина,по куцањето на Фрај кога Дејвис чист фаул му направи(тоа ми текнува во моментот,имаше уште НАЈМАЛЦЕ 5-6 такви ситуации). Зошто му беше свирнат фаул на Лилов на 15 секунди до крајот кога стоеше само со рацете горе,немаше ни К од контакт со Мијаиловиќ?
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
220
Поени од реакции
264
Многу ми е криво што уште вчера на неодиграна утакмица не пишав овде дека ако Фени тесно загуби ќе плачете како и секогаш! Ако некој е краден изминативе 20 години тоа е МЗТ. Потсетете се на доминацијата на Работнички 14 од кои најмалку 5 што јас со мои 26 години ги памтам беа сомнителни. Нека ви текне на Леон Гајдаџиев екс Претседател на КФМ чии клуб Николферт Гостивар стана шампион. Сите титули кои Фени ги освои се освоиени во годините на сивило во мак баскетот без скоро никаква конкуренција. Е сега кога коначно добивте СИЛНА за 2 класи послинна конкуренција и главниот ви конкурент има буџет од близу 500 000 евра и екипа во која играат 3 репрезентативци и апсолутно посилен играчки кадар СЕГА СЕ КРИВИ СУДИИТЕ! Сега кога требаше да почне финалето одеднаш многу се загриживте за 3 разредното такмичење наречено БИБЛ а утакмиците на домашен терен во тоа натпреварување ви се со просечна посетеност од 100 навивачи. Вашата тактика е добро позната и таа се нарекува НЕ ФЕР ПЛЕЈ. Уште од самиот почеток на секоја одлука на судиите, Емил, Ѓуров и Кнежевиќ рипаа ко мајмуни и вршеа притисок врз судиите. Па добро како е моожно секоја судиска одлука да е погрешна? Од тие причини секоја кошаркарски неписмена индивидуа си зема за право да дава пишува по портали и форуми за тоа како Фени е оштетен. Кога некој ќе ми спомне дека Милоевиќ, Митрески и Стојовски суделе за МЗТ и кога ке ми текне на нивниот однос во минатото кон мојот клуб ми се кења. За крај не сме само ние општински клуб, таков е и кк Куманово ама на никој не му текнува за нив да кења зошто не покажува резултат. А ако некогаш се запрашате зашто политичарите ги одбраа овие 2 клуба ќе сфатите дека тоа се клубовите СО НАЈГОЛЕМА ПОСЕТЕНОСТ ГОДИНИ НАНАЗАТ и во интерес им е да финансираат и да се грижат за такви клубови. Затоа го одбраа и Вардар ЗАШТО Е БРЕНД а вие пукнете ако сакате од мака. Тоа се факти! Кој знае можеби во иднина ако почнете да идете во сала и кога не ви гостува МЗТ или Работнички господинот Панчо Минов ќе се смилува и ќе пушти некое евро + зошто Фени Индустри неможе сам да го брка буџетот на МЗТ (читај несака) а веќе од годинава одбива да фрла пари во тоа ваше клупче. Повлекувањето на Фени Индустри е најавено уште од Септември лани само работава на крај ќе испадне дека поради ваквото неспортско судење и нерегуларностите се повлекува. Памтете ми го зборот!
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
Повлекувањето на Фени Индустри е најавено уште од Септември лани само работава на крај ќе испадне дека поради ваквото неспортско судење и нерегуларностите се повлекува. Памтете ми го зборот!
Секоја чест за постот, после ова објаснување нема што да се расправа понатаму.
Те цитирав за следново :
Amir Abed
Ako taka izgleda kosarkata vo Makedonia so takvo sudenje po dobro FENI da ne sponzorira vishe takov sport koga te kradat sudiite cela utakmica! Sramota...
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
220
Поени од реакции
264
Секоја чест за постот, после ова објаснување нема што да се расправа понатаму.
Те цитирав за следново :
Amir Abed

Ako taka izgleda kosarkata vo Makedonia so takvo sudenje po dobro FENI da ne sponzorira vishe takov sport koga te kradat sudiite cela utakmica! Sramota...
цццццццц незнам што да кажам.
--- надополнето: 18 април 2012 во 23:54 ---
цццццццц незнам што да кажам.
НИ 2 СААТА НЕ ИЗДРЖАА ЧОВЕЧЕ
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.157
Поени од реакции
5.933
Зошто не беше испразнета салата по нападот на Фрај и сите фрлени предмети?? Зошто соодносот на фаули е 26-18,а ако почнам да бројам од првата четвртина,по куцањето на Фрај кога Дејвис чист фаул му направи(тоа ми текнува во моментот,имаше уште НАЈМАЛЦЕ 5-6 такви ситуации). Зошто му беше свирнат фаул на Лилов на 15 секунди до крајот кога стоеше само со рацете горе,немаше ни К од контакт со Мијаиловиќ?
Салата тешко дека ќе беше испразнета. Знам дека беше апла некоректно тоа што го направија навивачите, ама па дека ќе натераш 2.000 фанови да си идат кога нивниот тим игра во финале - мало сутра.
Соодносот на фаули е таков пошто Ѓуров и Соколов имаа по 5 пошто постојано маваа по раце, а останатите фаули највеќе се направени врз Гечевски (6) и Чековски (8). Мене тоа ми кажува дека МЗТ имаше доминација во рекетот и поради немоќ мораа да се прават фаули врз нив 2ца. Башка, ако видиш утакмиците на МЗТ против Торус во плеј-офов, ќе видиш дека МЗТ има направено повеќе фаули на сите 3 утакмици.
За фаулов на Лилов врз Мијаиловиќ веќе пишав.
 
Член од
5 април 2011
Мислења
1.920
Поени од реакции
925
Грешки се случуват, неможе се да види судијата, ама истите ни оддалеку не влијаеа во решение на мечот.
ФЕНИ е сеуште во игра, само 4 разлика е...
да, се случуваат грешки, али кога исти грешки се прават кога играат два исти тима 4-5 пати во сезоната, и стално тие грешки се во корист на една екипа, тоа е чуднооооо... зар не?
 

Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.198
Поени од реакции
959
Мое видување за вчерашниот натпревар... Фени треба најпрвин вината да си ја побара кај себе... Како можеше првата четвртина да води плус 12-13 не се секавам најдобро, а на полувреме да оди со минус 3... Прво и за купот пишував како может да го трпат Емил на клупата. Според мене човекот со таков тим како што има не би требало да има повеке од три порази во сезона. Второ судиите беа малку наклонети накај МЗТ. По да го наречам ударот на Фрај требаше да бидат испразнети 2-3 реда, но требаше и Рајкович за своето понашање да добие техничка...Имаше две три сомнителни одлуки во корист на МЗТ пример сега ми текнува недосудената лична во напад од Гечевски која ке беше 4 и ке го ослабеше значително МЗТ под кошот. Но сепак не треба кавадарчани вината да ја бараат кај судиите туку прво кај нив т.е. кај Рајкович бидејки имаа предност од 13 коша, го имаа расположениот Николовски кој одигра маестрално во прва четвртина но не знаеа да го искористат... Честитки за победата на МЗТ
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
да, се случуваат грешки, али кога исти грешки се прават кога играат два исти тима 4-5 пати во сезоната, и стално тие грешки се во корист на една екипа, тоа е чуднооооо... зар не?
Добро бе како може цел ден да трескаш глупости по форумов?
Па од 5 утакмици 4 со по 20 разлика ве плескаат, кои црни судии, кои црни грешки ?
Чукни ја малце главата, и таа во Кавадарци што ја тепаше МЗТ ја тепаа минимално ради судиите што ги вратија во игра Фени а не ради тоа што биле наклонети кон МЗТ !
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
220
Поени од реакции
264
Македонскиот кошаркарски шампион Фени индустри испрати соопштение до јавноста по последните случувања за време на првиот финален натпревар од плејофот против МЗТ Скопје, жалејќи се на низа наводни нерегуларности за време на оваа средба. ЕКИПА целосно ви го пренесува соопштението на кавадарчани:


С О О П Ш Т Е Н И Е


КК „ ФЕНИ - ИНДУСТРИ“ од Кавадраци, во изминатите години остварува сериозни спортски резултати со кои ги афирмира Кошаракарската федерација на Македонија, Кавадарци и Република Македонија на домашната и меѓународната спортска сцена. Само за потсетување, КК ФЕНИ е единствениот македонски клуб во историјата на македонската кошарка, со интернационална шампионска титула.

Меѓутоа, во изминатите неколку месеци, нашиот Клуб се соочува со непочитување на Правилникот и Пропозициите за натревари на Македонската кошаркарска федерација, од страна на службените лица, со што во повеќе наврати сме оштетени. Овие нерегуларности ја достигнаа својата кулминација на последниот натревар меѓу КК “ФЕНИ – ИНДУСТРИ“ и КК „МЗТ – СКОПЈЕ“, одржан на 18 април 2012 година во Скопје, каде се соочивме со крајно неспортско, па дури и насилно однесување и немање услови за регуларност на натреварот.

Целата спортска јавност во Република Македонија беше сведок на физичкиот напад врз нашиот кошаркар Џарид Фрај, кој беше физички наднат и удрен од несовесни навивачи, кој не треба да ги именуваме како навивачи, бидејќи тоа е хулигански чин. На наше огромно разочарување, овој вреден спортист не беше заштитен ниту од судиите, ниту од другите службени лица, делегат, редари, обезбедување и се она што е обврска на организаторт и службените лица. Во исто време нашите резервни играчи, на клупата, беа под силен психолошки притисок, предизвикан од физички и хулигански напад, на „навивачи“ на домашниот тим, со што и во овој случај имаме грубо и смислено кршење на правилата и пропозициите.

Покрај ова, судиските одлуки, со кои директно се влијаеше на крајниот резултат, треба да бидат предмет на опсервација и анализа, бидејќи со нив кошаркарската игра и спортот, го губат своето значење и вредност и стануваат закана за спортистите, љубителите на спортот и државата. Ова веќе не е проблем само на КК „ФЕНИ – ИНДУСТРИ“, ова е проблем кој треба да го решава Македонската кошаркарска федерација и Здружението на прволигашите, бидејќи, во спротивно ќе имаме нергуларен систем на натревари и прашање е кој ќе сака да инвестира во кошаркарскиот спорт и кој ќе доаѓа на натреварите, односно се доведува во прашање иднината на македонската кошарка.

Исто така, мора да ја известиме спортската јавност дека непримерно е судија, а собено ако е меѓународен со знакот на ФИБА, по натреварот да се закани на врвен спортист, репрезентативец, со зборовите „ Јас ќе те откажам од кошарка“, немил настан проследен од бројни сведоци, и размислуваме за инцидентот да ги известиме и најодговорните во кошарката, зашто сметаме дека во име на правдата, на таквите лица нема да им се дозволи да бидат меѓународни судии.

На крај, ќе истакнеме, КК „ФЕНИ Индустри“ е сериозен и реномиран клуб, и спортските порази од подобри противници секогаш грациозно ќе ги поднесе и ќе му честита на подобриот, но доколку на кошаркарскиот терен продолжи да владее неспортското однесување и толеранција за насилството и нерегуларностите, тогаш сигурно дека целосно ќе изгубиме интерес за понатамошно инвестирање во КК „ФЕНИ Индустри“, а сигурни сме дека и другите инвеститори на другите клубови го делат нашето мислење, со што на крај само ќе се придонесе до уништување на македонската кошарка, на која сите ние сме толку горди.

Управен одбор на КК Фени Индустри
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.543
Поени од реакции
767
МЗТ го враќа ударот: Фрај имаше инструкција да направи инцидент за прекин

21
АПР 2012​
10:02​

Нецели 24 часа по соопштението на Фени индустри во врска со случувањата на првата средба од плејоф-финалето во средата во Скопје, со свој став и одговор на обвинувањата на кавадарчани се јави и Управниот одбор (УО) на МЗТ Скопје преку својот претседател Сашо Босилков, кој писанието на кавадарчани го оценуваа како полно со инсинуации, невистини, злонамерни конструкции, небулози и полно со алиби изјави и обвинувања без факти.


Во МЗТ се незадоволни од омаловажувањето на нивната победа во средата
„Барањето на Фени И. за одлагање на натпреварот во средата беше поткрепено со лажни објаснувања и оправдувања и што е најважно чекаа да почне најголемиот христијански празник за да го достават нивното барање. Јавноста треба да е свесна дека никакво одложување не беше од корист на Фени, туку само од калкулантски побуди – нивното барање за играње порано беше поради нашиот четврти натпревар со Торус додека делот за целосно одлагање ние не го прифативме заради тоа што ќе се нарушеше календарот за подготовки на репрезентацијата. А, малку е познато дека и ние побаравме одлагање на нашата средба од 4. коло на регуларниот дел во Кавадарци, поради труење со храна на четворица наши кошаркари, но тие тоа барање ни го одбија со образложение дека сите билети биле продадени. Тогаш ние не излеговме со соопштенија по медиуми, туку и покрај поразот, спортски им честитавме“, се вели во првиот дел од соопштението.
Челниците на тимот од „Јане Сандански“ во продолжение обрнуваат внимание на таканаречениете инциденти на играчите на Фени И. со навивачите на МЗТ.
„За наводниот инцидент Џарид Фрај со дел од навивачите, не би сакале да полемизираме, доволна е изјавата на комесарот Макревски, кој отворено праша што бараше нивниот играч на трибините. Сигурни сме дека дел од инструкциите биле да се предизвика намерен инцидент, за да дојде до прекин на средбата. Во врска со притисокот зад нивната клупа, што толку правеа навивачите, освен што навиваа? Згора, тоа место беше предвидено за нивните навивачи, ама нив од за нас непознати причини ги немаше. И во други сали им висат над глава, ама таму не им пречат, зошто победуваат. И ние ги имавме истите притисоци кога играме на гости, и кога ние реагиравме, Фени си молчеа, зошто се работеше за нас, и јавно одбија да се приклучат кон нашиот повик за еднаков третман на сите тимови. Ние сме единствен клуб на кој ја испразнија салата сезонава, игравме дерби без публика, бевме казнети за радување на навивачи после освоен Куп“, дополнувааљт „металците“.
Во сино-белиот табор имаат замерки на однесувањето на кавадаречките кошаркари по куп-финалето, како и однесувањето на актерите од нивниот табор.

„Фени ни ја омаловажи победата на финалето на Купот, но ја омаловажи и македонската кошаркарска федерацијата на која се повикуваат сега, вадејќи ги медалите веднаш по нивното доделување. МЗТ има добиено само три технички грешки сезонава, нашиот тренер не скока и навредува судии како некои други, нашите репрезентативци не тропаат по записничка маса како Марјан Ѓуров, нашите играчи не плачат по медиуми за односот на пртивничките навивачи кон нив, па дури и кога навредите доаѓаат од истите тие кои го славеа својот сограѓанин во септември 2011 година по четвртото место на репрезентацијата на Македонија а ЕП во Литванија“, коментираат во МЗТ.
УО на тимот од „Јане Сандански“ се сомнева дека соопштенијата што се потпишани од УО на Фени И. се своевидно алиби на поединци од нивните редови.
„Би прашале јавно дали со овие соопштенија одредени поединци од Фени си бараат алиби? Дали истиот тој УО на Фени, кој го потпишал соопштението, стои зад заканите на својот тренер, искажани во ходникот после натпреварот во присуство на многу сведоци, дека МЗТ ќе биде линчуван следиот пат кога ќе дојде во Кавадарци? Прашуваме дали е точно дека откако снимката од нашата победа во Кавадарци беше прегледана и не беа откриени судиски грешки на штета на Фени, дали членови од управата на овој клуб се јавиле на судиите на натпреварот со извинување за неспортските изјави на својот тренер?“, се праѓуваат предводниците на МЗТ.
Според луѓето од населбата Аеродром, специјалната војна на Фени И. против МЗТ почнала многу пред финалната серија.
„Фени започна специјална војна во медиумите против нашиот клуб и против судиите уште по губењето на комотната прва позиција на табелата во вториот дел на првенството, а ја интензивираше по нивниот пораз во Кавадарци во последното коло од Суперлигата, изгледа во немоќ на човекот кој треба на својата управа да објасни зошто загубил. До сега не сакавме да коментираме, но сега ја поминаа границата на толеранција. Треба ли тука да ги споменуваме поплаките за притисоците кои доаѓаат од Фени во врска со делегирањето на судии? Или физичкиот напад над бремена сопруга на противнички кошаркар, и тоа на мајсторка на финале на плеј-оф. Или телефонското малтретирање во доцни вечерни часови на противнички играчи, вечер пред финални натпревари? Или јавувањето пред неколку седмици и врбување на противнички кошаркар од нивниот противник на полуфиналето, со ветувања на договор доколку одигра слабо. Дали да го коментираме плаќањето на навивачи по 1.000 денари за да седат зад клупата на гостите и да го навредуваат поранешниот селектор Докузовски? Да говориме ли за организираните погреби на живи судии? Дали сега не ви е јасно од каде потекнува сета зла крв во мак-баскетот последните четири години? Да не е повторно МЗТ Скопје виновен и за тоа?“, велат во соопштението луѓето од МЗТ.
На крајот од УО на скопскиот тим имаат порака то тој што го пишувал соопштението на Фени И.
„Нели е на сите јасно дека Фени имаа одлични сезони кога немаа конкуренција. Сега, кога наидоа на некој подобар, сакаат да се откажуваат, па дури и ги повикуваат другите клубови да се откажат. А, почитуван неименуван автор на соопштението на Фени, сите знаеме дека блефирате, дека ниту ќе се откажете, ниту ќе играте со јуниори, затоа што за таква одлука треба човек со доблест и храброст, а вие таков немате, никој нема храброст дури ни да се потпише под сооппштението со име и презиме, а не пак да ја откаже екипата од играње на финалето. Паника, алиби, блеф, очајнички обид за притисок. Пријатели, МЗТ освојувал како аутсајдер, губел и како фаворит, но никогаш не помислил да се откаже од натпреварувањето. Тоа е разликата помеѓу големи и мали клубови. Но, она што нема да го дозволиме е да ви успеат овие провокации“, се вели на крајот од соопштението на МЗТ потпишано од претседателот на клубот, Босилков.
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.296
Поени од реакции
7.023
Треба ли тука да ги споменуваме поплаките за притисоците кои доаѓаат од Фени во врска со делегирањето на судии? Или физичкиот напад над бремена сопруга на противнички кошаркар, и тоа на мајсторка на финале на плеј-оф. Или телефонското малтретирање во доцни вечерни часови на противнички играчи, вечер пред финални натпревари? Или јавувањето пред неколку седмици и врбување на противнички кошаркар од нивниот противник на полуфиналето, со ветувања на договор доколку одигра слабо. Дали да го коментираме плаќањето на навивачи по 1.000 денари за да седат зад клупата на гостите и да го навредуваат поранешниот селектор Докузовски? Да говориме ли за организираните погреби на живи судии?

Само це насмеам :pos:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.977
Поени од реакции
74.003
Продолжува медиумската војна :icon_mrgr:

Финалистите во кошаркарскиот плејоф играат и кога не играат. Поточно, пишуваат соопштенија и ја продолжуваат меѓусебната „војна“ преку медиумите. Ново соопштение овојпат испрати актуелниот првак Фени индустри, како одговор на претходното соопштение на МЗТ Скопје. Кавадарчани велат дека МЗТ Скопје се служи со небулози, инсинуации и злонамерни конструкцуии...Редакцијата на ЕКИПА новото соопштение на Фени индустри го објавува во целост.

Небулози, инсинуации, злонамерни конструкции, калкулантски побуди, лажни објаснувања, омаловажувања, закани, линчување, војна, бремени сопруги, плукање, паника,притисок, очај, провокации“

На наше големо изненадување и уште поголемо разочарување, ова е дел од речникот на преставници на клуб кој претендира за шампионска титула. Зарем овде станува збор за спорт, за кошарка, за нешто што треба да го подигне моралот, гордоста, радоста, спортскиот дух?

Ова го сфаќаме единствено како обид она што значи спорт, да се претвори во нечиста, неспортска војна. Ова е под секое ниво, а особено под нивото на КК ФЕНИ, и ние сигурно нема да го прифатиме.

За нас единствено поле за натпревар и докажување е кошаркарскиот терен, каде под еднакви и фер услови, два тима треба да ги одмерат силите. И уште еднаш потврдуваме, доколку такви услови непостојат, нема ниту волја, ниту желба, ниту причина, да се продолжи понатаму.

Управата на КК Фени индустри
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=7626
 
Член од
22 март 2009
Мислења
2.356
Поени од реакции
454
Втората утакмица од финалниот дел ќе се одигра во четврток 20:30 во Кавадарци. Случајност или не, терминот се поклупува со Европа Лига, и знаејќи ги Канал 5 тешко дека ќе го пренесуваат натпреваров. И во најмала рака сомнително делува..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom