Македонските ватерполисти на ЕП 2012!
Ватерполо репрезентацијата на Македонија ја совлада Франција со 12-4 во Скопје и излезе како победник во баражот за пласман на ЕП 2012 во Холандија.
Македонските ватерполисти ги заслужуваат сите честитки - одиграа храбро, одважно, уште од почетокот беа решени да излезат како победници во баражот со Франција, и успеаја во тоа. На крајот, комплетно ги декласираа Французите, совчадувајќи ги со убедливи 12-4.
Уште во првата четвртина, избраниците на Гочанин наметнаа свое темпо и со головите на Мишиќ, Петровиќ и Ранчиќ поведоа со 3-0, предност која беше доволна за пласман на ЕП 2012.Французинот Симон намали на 3-1, но Вуксановиќ го комплетираше првиот период со уште еден погодок за водство од 4-1.
Во втората четвртина Македонија продолжи во исто темпо. Со два гола на Мишиќ и еден на Ранчиќ, како и неколку одлични одбрани на голманот Маринковиќ, нашите ватерполисти стигнаа до убедлива предност од 7-2.
Третиот период беше малку поскромен со погодоци, но сепак Македонија го одржа високото водство. Во последната четвртина, вистинска еуфорија на Олимпискиот стадион во Скопје.
Фановите скандираа „Македонија, Македонија...“, а ватерполистите си поигруваа со противникот во водата. Со головите на Ранчиќ, Летица, Бениќ и на крајот повторно Ранчиќ, Македонија оствари убедлива победа од 12-4.
Нашето ватерполо, иако мора да се признае со многу „увезени“ ватерполисти, повторно ќе не претставува на еден голем спортски собир, на Европското првенство во Ајндховен, Холандија, што ќе се одржи идната година.
http://brkajrabota.mk/sport/ostanati-sportovi/10727-makedonskite-vaterpolisti-na-ep-2012
Честито пласман!