Македонска ватерполо репрезентација

Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.444
Поени од реакции
14.876
[SIZE=13px][COLOR=#6d3f03][URL='http://forum.kajgana.com/members/%D0%8F%D0%B5%D0%BD%D1%83-%D0%93%D1%80%D0%BB.5041/'][B][COLOR=#000000]Џену Грл[/COLOR][/B][/URL][/COLOR][/SIZE] напиша:
А зошто мислите дека им е гајле на французине и холанѓанине што арапи, мароканци и остали африканци им играат? Повеќе сакате успеси или некој ко Величе да игра во тимот? Кога ќе се истакне некој наш ќе игра.
Тоа ти е исто сеа како да кењаме на успесите кои ги направи Македонската ракометна женска репрезентација на СП во Германија, во времето кога Кастратович беше во врвна форма заедно со Кисељева, Абрамова, Радулович, Малахова ..

На крај краева, пишува дека Македонија освоила трето место на Универзијада, а не пишува дека со помош на играчи од страна сме освоиле трето место.
И што има врска бе ако своила Македонија трето место во ватерполо на Универзијада? Голем (Џон) ташак. Крајно неинтересен спорт кој некоја минимална цена има на Медитеранот. Напишав во претходен пост, пикадо и снукер се поценити спортови во цел свет.

Тоа со ракомет не е нешто за фалење, но барем играа во наш клуб и тука живееа, а не доаѓаа само за репрезентативни настапи во Македонија. И сенорки беа, а ова се младинци.

Пази сега, државата зема пари од граѓаните (кои и така малку имаат) за да финансира преку АМС деца од други држави. И на вас тоа ви е нормално.

За арапите и остали... Тие се нешто друго, многу од нив се родени во тие држави или се преселени со семејствата кога биле мали. На пример со Германија и нивните Турци или Словенија и Босанците.

Ај да земем некој за засилување како што направивме кошарка, тоа е ОК, но некој да прави цела репрезентација со странци е глупо и непотребно. Ако немаме услови и не не бива за ватерполо нема да го играме. Да земеме сега во секој спорт да најдеме некој кој ќе игра за Македонија, да најдеме некои гревчиња во Африка кои ќе трчаат за Македонија ако барем малку ги платиме (како млади ќе ги собереме), ќе тркнеме до Кина ќе земеме гимнастичарки и ете може и некоја медала ќе освои Македонија и на поголемо натпреварување.

Ова глупост која мислам дека ја турка Зоран Михајлов (претходно и со борачите) мора да престане...
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.326
Поени од реакции
15.581
Џену и Фотос, одговорете ми, зашто не формираме хокеј репрезентација со играчи од Канада? Би сакале вие?
И убаво ви одговори хм хм арапите и турците, тие живеат таму и најчесто се родени таму. Исто како да кажеме зашто Шакири играл за репрезентација. Мене ми е океј што играат албанци за нашата репрезентација, тие се родени и живеат во Македонија.

Ако немаме кралица, дај да увеземе некоја од принцезиве, еве јас ќе се пријавам за принц, Англија имаат кралица, зашто да не и ние?

Нека се средат дома работите, нека се наполнат базените, нека играат наши деца. Никогаш нема да одитам на репрезентативен настап каде што 99% од играчите се странци.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.981
Поени од реакции
16.391
Џену и Фотос, одговорете ми, зашто не формираме хокеј репрезентација со играчи од Канада? Би сакале вие?
И убаво ви одговори хм хм арапите и турците, тие живеат таму и најчесто се родени таму. Исто како да кажеме зашто Шакири играл за репрезентација. Мене ми е океј што играат албанци за нашата репрезентација, тие се родени и живеат во Македонија.

Ако немаме кралица, дај да увеземе некоја од принцезиве, еве јас ќе се пријавам за принц, Англија имаат кралица, зашто да не и ние?

Нека се средат дома работите, нека се наполнат базените, нека играат наши деца. Никогаш нема да одитам на репрезентативен настап каде што 99% од играчите се странци.
Ќе дојде ред и ќе формираме репрезентација во хокеј која ќе биди составена од странци, кога ќе видиме дека овие тука нашите деца не ги бива за ништо, па ќе увезиме од страна.
Така е и со ватерполото, така е и со секој речиси секој спорт во Македонија.

Верувам дека после успехот кој го направивме на СП и ЕП т.е пласманот што го обезбедивме, а и после Универзијадата и третото место таму, сигурно ќе има наши деца кои ќе се заинтересираат за овој спорт и ќе почнат да го тренираат, и полека, но сигурно ќе се истребат „странците“ во репрезентацијата.
А како што знам во оваа репрезентацијата, а и сениорската има и наши деца, родени во Македонија, не се само Србите, Хрватите..
Секој почеток е тежок, како што се исчисти репрезентацијата во ракомет (женската), така ќе биди и со ватерполото, па ќе видиме тогаш колку сме кадарни за големи резултати.
Со ракометот женски наместо да напредуваме, ние уназадуваме, се надевам со другите спортови од кога ќе си заминат „странците“ од репрезентацијата нема да се случи тој пад.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.358
Поени од реакции
18.473
џабе деца што ке се заинтересираат коа нема услови,нема базени.Нека направат услови со парите место да даваат пари за играчи од странство.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.444
Поени од реакции
14.876
Види Фотос, зошто мора да имаме репрезентација во хокеј? Ако има интерес за тој спорт тогаш ќе има деца кои ќе сакаат да играат, ако има деца ке има и клубови, ако има клубови ќе има репрезентација, зошто ние треба да го скокаме сето тоа и со сила да правиме нешто!? Фудбалот како се разви низ целиот свет без ничија помош?

Во ватерполо репрезентација кога се пласиравме на прво поголемо првенство имаше само еден репрезентативец кој е роден или живее во Македонија. Многу по ќе беше искрено да се натпреваруваа под Југославија Б репрезентација, оттколку под македонска репрезентација.

Сето тоа чини, тие пари ги земаат и од работничка која работи во конфекции за осум илјадарки, од нејзиниот данок се финасираат деца од Пожаревац, Свилајнац и тн. Зошто? Затоа што некој решил дека Македонија мора да има ватгерполо репрезентација на големи првенства?!

Ако масовноста на странските играчи го подигнува квалитетот на подолги стази, тогаш женската ракометна репрезентација ќе беше поуспешна од машката, но не е така. Моментално мажите полесно се пласираат на поголеми првенства и тоа без натурализирани играчи, а женската сеуште има натурализирани, па не и оди толку добро.

Зоран Михајлов доведуваше странци и во борење, а во тој спорт имаме традиција и наши луѓе имаат освојувани медали. Сега истото го продава и во пливачката репрезентација.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
За да има повеќе Македонци во ватерполо репрезентација треба да има Македонска ватерполо лига, но ја нема, а нема ни базени во земјава. Потребни се клубови за да има кај да тренираат потенцијалните ватерполисти.
Наш единствен активен клуб е Работнички кој игра во втора српска лига затоа што нема пари да игра во прва. Во него играат Македонци.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.747
Наш единствен активен клуб е Работнички кој игра во втора српска лига затоа што нема пари да игра во прва. Во него играат Македонци.
Имаат пари, ама немаат дозвола од тамошната федерација да настапуваат у Прва лига. Еднаш пред некое време слушнав дека се преговара да може Работнички да се натпреварува у првата српска лига, затоа што убедливо први се у втората лига.
Не знам дали имале позитивен исход тие преговори.

Патем, глеам никој не постирал инфо од пресот по пречекот


Вчера нашата универзитетска селекција во ватерполо по триесетчасовен лет, од Кина, преку Истанбул, околу 13 часот слета на аеродромот "Александар Велики" во Скопје. Хероите од Кина, освојувачите на 3. место и бронзениот медал, беа пречекани онака како што Македонецот знае, како што биле пречекувани сите медалисти кога се враќале од големите натпревари - со музика.

Први кои им четитаа на играчите, уште на аеродромот, беа Влатко Најдановски - директор на репрезентацијата член на ИО во Пливачката федерација на Македонија и проф. д-р Благоја Маркоски - претседател на УСФМ. Секако, одборот за пречек беше засилен и со бројни љубители на овој спорт, мајки, татковци,... со еден збор навивачи што дополнително ја подгреа убавата, победничка, атмосфера.



Веднаш потоа ја одржаа и првата прес-конференција на која покрај ватерполистите и стручниот штаб присуствуваа и дел од сениорите предводени од новиот селектор Игор Гочанин, кои се подготвуваат во Скопје и директор на Агенцијата за млади и спорт, Диме Спасов, на која беа изнесени првите впечатоци за успехот, патот до медалот, клучните моменти, поддршката од публиката...

Вообичаено своите импресии прв ги изнесе селекторот Латковиќ, кој не ги криеше емоциите.

"Најнапред да се заблагодарам за пречекот на аеродромот, благодарност и до луѓето кои ни овозможија да дојдеме до медалот. Верувајте, не сум по раѓање Македонец, но се чувствувам Македонец. Подетална анализа, за секој натпревар, ќе следи за неколку дена, откако работите ќе легнат, кога ќе ги сумираме импресиите. Сепак, натпреварот со Кина беше специфичен по многу нешта, првенствено дека се домаќини, во кој и притисокот беше посебен. Од тие причини имавме и посебен пристап кон играта. Во однос на прашањето дали очекувавме ваков успех слободно можам да кажам дека очекував. Ако не верував во овие момчиња, во овој тим немаше ниту да учествуваа на Универзијадата. Она што е карактеристично, што мене посебно ме радува е фактот што овој состав буквално созреа за овие 15 дена. Мораа брзо да се навикнуваат на противниците, а сега мора да се навикнуваат и на успесите. Најголемата поддршка ја имавме од нашите пливачи, а веќе во завршницата поддршка имавме и од Кинезите за кои имам само пофални зборови, во секој поглед", беше првичниот коментар на Латковиќ.

http://www.idividi.com.mk/sport/ostanatsport/706327/index.html

Се додека играат под македонски обележја, стојат гордо слушајќи ја македонската химна и не прават горди нас македонциве, ама ич не ми е гајле и ескими да се!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Не знам што се буните, запишете си ги децата, роднините на ватерполо, ако ги бива, ќе играат. Ама работата е што ова е тежок спорт и ретко кој сака да си оддаде добри години од животот за да успее и на крајот прекинува со ова. Најсериозно ви кажувам дека до македонскиот менталитет е. За базените не ја кривете ПФМ, кривете ги АМС и град Скопје.

И до дечкото горе што вика ова не бил популарен спорт ова она... па ако ние Македонците си дозволуваме да бираме кој е популарен спорт а кој не е, стварно светов отишол у неповрат. Као демек, освоивме се што има во фудбал, кошарка, ракомет, пливање па со ова да не се замараме?:tapp: Стварно биле глупи Американцине што имаат и тим за бадминтон, Кинезите во пинг понг, Французите во одбојка на плажа, итн итн.

Не можам да го најдам клипот од пречекот, еве ја статијата од Нова Македонија. Кажете ми, нашиве репрезентативци во фудбал еве најпопуларниот спорт според вас, ја пеат ли химната ко прво? Дечкиве ја пееја и едно име имаме со тапани на аеродром.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=826111010535&id=20&prilog=0&setIzdanie=22366

Али хеј, ако е за тоа Америка и Австралија се „најнечистите“ спортски федерации ама битно имаат највеќе медали на Олимпијади. За Франција, Холандија и останато, кажав. Ама само ние одиме со трупци. Битно наши се.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Имаат пари, ама немаат дозвола од тамошната федерација да настапуваат у Прва лига. Еднаш пред некое време слушнав дека се преговара да може Работнички да се натпреварува у првата српска лига, затоа што убедливо први се у втората лига.
Не знам дали имале позитивен исход тие преговори.
Не е точно. Проблемот е слабите финансии, договорите со ватерполистите и лошите* термини на натпреварите во прва лига.

* термин кој не му одговара на Работнички и поголем дел ватерполисти.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.747
Не е точно. Проблемот е слабите финансии, договорите со ватерполистите и лошите* термини на натпреварите во прва лига.

* термин кој не му одговара на Работнички и поголем дел ватерполисти.
Можда грешам, ама ко да ми иде на памет ко да беа гости од водечкиве луѓе у емисија кај тој татко му на Игорче од Сител и ко кажаа тоа што го напишав :)
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Можда грешам, ама ко да ми иде на памет ко да беа гости од водечкиве луѓе у емисија кај тој татко му на Игорче од Сител и ко кажаа тоа што го напишав :)
Во емисија можат да лажат колку сакаат. Реалноста е друга.
 

Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.611
Оваа репрезентација на Македонија која го освои 3тот место на Универзијадава е истата онаа сениорска репрезентација која стандардно си игра на сите сениорски натпреварувања. Значи пред Универзијадата играчите оние постарите(читај 30+ год.) ги запишуваа по приватниве факултети за да можат да учествуваат. Значи нашата сениорска а не универзитетска препрезентација се натпреваруваше на универзитетските игри и го освои 3тот место. Во експедицијата која отпатува како ватерполо репрезентација имаше и неколку наши македоснки момчиња но тие влегоа во базенот единствено само на тренинг и на загревањето пред секоја утакмица. Поради ова воопшто не ме радува 3тото место.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Вечерва во 18 часот во Париз, македонската ватерполо репрезентација ќе игра против Франција во бараж двомечот за пласман на Европското првенство во Ајндховен, Холандија идната година. Реваншот ќе се одигра на 29 октомври на Олимпискиот базен во Скопје. Селекторот Игор Гочанин за мечот ги повика: Перчиниќ, Рачуница, Вуксановиќ, Димовски, Милановиќ, Ивовиќ, Калиниќ, Ранџиќ, Петровиќ, Летица, Манасков, Бениќ и Маринковиќ. Поради повреда нема да настапи Кречковиќ.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Ех скоро заборавив дека пристига бараж дуелот. Очекувам минимален пораз мислам дека нашиве ќе биде многу поспремни од Франзуциве па и дома да ги дочекаме како што доликува со една висока победа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom