Македонска берза

CecaXYZ

rookie
Член од
26 ноември 2022
Мислења
196
Поени од реакции
87
Веројатно ќе се вратат и многумина од оние кои продадоа кога цените беа ептен на дно, само за да не платат данок. Данок избегнат, цех платен повеќекратно и лекција научена да чуваат ХВ до 2025 :P
2025 многу веројатно ке има друга гарнитура и еден Господ знае што ќе биде. Лотаријата е попредвидлива
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.122
Поени од реакции
8.911
„Одредбата што се однесува на оданочување на капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фонд стекнати од 1 јануари 2023 година, а кои ќе се отуѓат во рок од две години од стекнувањето, останува и предвидено е годишно пресметување и плаќање на данокот, врз основа на решение од УЈП подготвено врз основа на извештај од Централниот депозитар за хартии од вредност, односно од друштвата за управување со инвестициски фондови“, вели министерот.
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.934

Касниш Zedd ние веќе славиме :)
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
2.360
4. Данок на екстра добивка:P: доколку фирмата направи добивка која е над 20% од просекот во последните 5 години, дополнително ќе се даночи таа разлика. ова е жива глупост според мене, бидејќи интересот е фирмите да растат повеќе од 7%-8% а државата ги казнува ако расте по толку.
Сега бар засега, планот е насочен кон енергетските компании:

Уште нема решение, но се отвори дебатата за данок на екстра-профит. За ова решение, Владата најави дека ќе отвори дебата со стопанските комори. Размислувањето оди во правец на тоа да се даночат енергетските компании што оствариле за 20 отсто поголем профит споредено со просекот од претходните четири години. Тоа би било привремена мерка, односно би се платил данок само за екстра-профитот од оваа 2022 година.
 
Член од
12 јули 2017
Мислења
109
Поени од реакции
100
... а што доколку цената на нафтата на берзите нагло падне и нафтените компании заради претходно обезбедени залихи по повисоки цени остварат загуба.
Дали државата ќе им ја амортизира штетата на некој начин?! :unsure:
 
Hub

Член од
3 мај 2017
Мислења
672
Поени од реакции
714

загуба не се даночи . ке платат данок 0
и затоа се прават неделни пресметки... кога иде надоле губат нешто, обратно добиваат...
залихите сами ги планираат одозгора на пропишаните резерви.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.122
Поени од реакции
8.911
Касниш Zedd ние веќе славиме :)
Не бев во Македонија и малку каснам :)

Се виде дека се повлекоа од најголем дел од планираните даночни реформи. Изгледа се ќе сведе на откажување на дел од признатите расходи на данок на добивка.

Останува ли данок на доход од дивиденда со 10 или ќе биде 15 проценти?
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.934
Не бев во Македонија и малку каснам :)

Се виде дека се повлекоа од најголем дел од планираните даночни реформи. Изгледа се ќе сведе на откажување на дел од признатите расходи на данок на добивка.

Останува ли данок на доход од дивиденда со 10 или ќе биде 15 проценти?
Персонален данок од дивиденда си е, и останува 10че
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.934
The death of equities.jpg

Мала реминисценција како изгледа финалниот чин или капитулација.

Ова е хедлајн од 13 Август 1979 година во престижен економски весник BusinessWeek. Тотален дебакл на пазарот на капитал во кој компаниите се распродаваат по sheller PE од 9, п/e 7. Federal fund rate e нешто под 10 % а инфлацијата 15%. Sounds familiar ?

Идеата не ми е да повторно да правам аналогии и романтики туку само да потсетам приближно кој bloodbath треба да се помине за да ФЕД направи ултимејт U-turn.
Врти како сакаш, моментално далеку е светот од овие апокалиптични параметри и мислам дека не очекува уше долг пат до ботом.

Инаку прикаскава има среќен крај. После натписов како финален чин на капитулација, УС берзата влага во 20 годишна рененсанса и рели се до 2000 година ;)

#The death of Equites
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom