Македонска берза

Член од
10 април 2013
Мислења
1.117
Поени од реакции
713
Nikoj ne pisa,a i nigde oficijalno ne procitav dali ke ni gi danocat dividendite ?
 
Член од
10 април 2013
Мислења
1.117
Поени од реакции
713
Dividendite se odanocuvaat od sekogas i se odanocuvaat so 10%. Nema promeni kaj nivnoto odanocuvanje, zatoa nikoj ne gi spomnuva
Verojatno ne se izraziv dobro.Znam deka do sega si zimavme dividenda so platen danok koj go isplakjade kompanijata sto deli dividenda,a nie si zimavme neto iznos.
Sega me interesira dali na parite sto ke ni legnat na smetka kako dividenda ,nie treba da platime dopolnitelni 10 %?Toa mi bese prasanjeto.
 
Член од
26 јануари 2008
Мислења
287
Поени од реакции
212

Se zaebavas
Автоматски споено мислење:

:):):)
 
Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
342
Поени од реакции
333
Значи овие 10% кои ги одбиваат од брутото се данок на доход од дивиденда и тоа се пари кои ние ги плаќаме, а не компанијата. Изгледа те буни тоа што автоматски се одбиваат, но тие пари одат во буџет и се од нас инвеститорите, не ги покрива фирмата.
Автоматски споено мислење:

Se zaebavas
Автоматски споено мислење:

:):):)
Или е збунет или не дупи 3 дена :ROFLMAO:
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936

FVtoroto
 
Последно уредено:

CecaXYZ

rookie
Член од
26 ноември 2022
Мислења
196
Поени од реакции
87
Го изгледав излагањето на Фатмир Бесими и имаше поента за неколку промени. Ќе напоменам тука неколку што би биле соодветни.
1. данокот на добивка не се менува и ја ја проширува базата. Малите фирми со обрт до 2 милиони денари беа ослободени, сега влегуваат во бубањ и избор дали да плаќаат 10% на добивка или 1% на обрт (поедноставен систем до 6 милиони обрт). Се укинуваат сите ослободувања на данок на добивка (пензиско, здраствено, заптитни друштва, спорт донации) освен реинвестирана добивка која ќе биде силно контролирана. силен удар за mom&pop's бизнисите кои едвај крпат :confused:
2. данкот на личен доход нема да биде прогресивен туку како досега. И тука се проширува базата со укинување на куп ослободувања (приватно пензиско, здратвено, фондови, животни осигурувања). На менаџерите ќе им се пресметува данок на екстра придобивките како службено возило, стипендии и сл. За данок на капитална добивка прочитавте, ќе се пресметува (ваљда 10%) на портфолио под две години на годишно ниво. Имале размислување да воведат данок (некаков капитален) и на фирми што инвестираат во хартии од вредност. (за мене ова е двојно даночење)
3. за фриленсерите, хонорарците (и слободните инвеститори :)) можат да си плаќаат самостојно здраствено и социјално на платформа која ќе ја пуштат во 2024
4. Данок на екстра добивка:P: доколку фирмата направи добивка која е над 20% од просекот во последните 5 години, дополнително ќе се даночи таа разлика. ова е жива глупост според мене, бидејќи интересот е фирмите да растат повеќе од 7%-8% а државата ги казнува ако расте по толку.

Ништо спектакуларно од политика, генерално без долгорочен позитивен економски ефект. Иако користев определени ослободувања, кај мене лично нема да има преголемо влијание.

Штета што не ги оданочија депозитите.
Камата на депозити и онака е жива катастрофа, уште данок ако ставата има да биде: Што даље то боље..
Барем јас така мислам не велам дека не сум грешка
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.457
Поени од реакции
1.883
Дисфункционалноста во Северџанија се крева на квадрат: даноците им се зголемуваат само на оние што ги пријавуваат и плаќаат! Наместо овие акробации, треба тие инспектори од УЈП да појдат по албански продавници, угостители и градилишта, па таму да наплатат неколку стотици милиони евра ДДВ, придонеси и давачки што целосно се затајуваат од државата. Меѓутоа, додека рајава и малите приватници трпат и толерираат, криминалците и партиските рамковни гниди ќе продолжат да се товат на нивна сметка
 
mishevski

Неимар
Член од
20 јуни 2010
Мислења
107
Поени од реакции
170
Камата на депозити и онака е жива катастрофа, уште данок ако ставата има да биде: Што даље то боље..
Барем јас така мислам не велам дека не сум грешка
Ок е неоданочување на депозити пошо целта е да се штеди како би се зауздала инфлацијава, во спротивно инфлаторен ефект ќе се постигнеше.
Инаку данок на капитална добивка:
-15% за чување на акции и идели до една година
-10% за чување на акции и удели до 2 години
-0% за чување на акции и удели над 2 години

(Сочуство за типстериве шо купуваа и продаваа 3 акции од СТБ у два дена):)
@Side Hustler во право си за инфлацијата, во овој момент има поента. Од личен аспект (greedy) го мислев.

@CecaXYZ тоа ќе се смени следна година, една од мерките против онфлсцијата е кревање на каматите на НБРМ да ја зголеми цената на парите, а тоа ќе повлече зголемување на камата на депозити.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Го изгледав излагањето на Фатмир Бесими и имаше поента за неколку промени. Ќе напоменам тука неколку што би биле соодветни.
1. данокот на добивка не се менува и ја ја проширува базата. Малите фирми со обрт до 2 милиони денари беа ослободени, сега влегуваат во бубањ и избор дали да плаќаат 10% на добивка или 1% на обрт (поедноставен систем до 6 милиони обрт). Се укинуваат сите ослободувања на данок на добивка (пензиско, здраствено, заптитни друштва, спорт донации) освен реинвестирана добивка која ќе биде силно контролирана. силен удар за mom&pop's бизнисите кои едвај крпат :confused:
2. данкот на личен доход нема да биде прогресивен туку како досега. И тука се проширува базата со укинување на куп ослободувања (приватно пензиско, здратвено, фондови, животни осигурувања). На менаџерите ќе им се пресметува данок на екстра придобивките како службено возило, стипендии и сл. За данок на капитална добивка прочитавте, ќе се пресметува (ваљда 10%) на портфолио под две години на годишно ниво. Имале размислување да воведат данок (некаков капитален) и на фирми што инвестираат во хартии од вредност. (за мене ова е двојно даночење)
3. за фриленсерите, хонорарците (и слободните инвеститори :)) можат да си плаќаат самостојно здраствено и социјално на платформа која ќе ја пуштат во 2024
4. Данок на екстра добивка:P: доколку фирмата направи добивка која е над 20% од просекот во последните 5 години, дополнително ќе се даночи таа разлика. ова е жива глупост според мене, бидејќи интересот е фирмите да растат повеќе од 7%-8% а државата ги казнува ако расте по толку.

Ништо спектакуларно од политика, генерално без долгорочен позитивен економски ефект. Иако користев определени ослободувања, кај мене лично нема да има преголемо влијание.

Штета што не ги оданочија депозитите.
Со точка 1 уште толку ќе го дотолчат малиот бизнис.
Со точка 4 се губи било каква мотивација човек да дига бизниси.

Генерално ако оставиш комуњари да ти водат држава, ќе добиеш нешто налик комунизам. :toe:

Дали спомна нешто за безданочните зони?
 
CecaXYZ

rookie
Член од
26 ноември 2022
Мислења
196
Поени од реакции
87
@Side Hustler во право си за инфлацијата, во овој момент има поента. Од личен аспект (greedy) го мислев.

@CecaXYZ тоа ќе се смени следна година, една од мерките против онфлсцијата е кревање на каматите на НБРМ да ја зголеми цената на парите, а тоа ќе повлече зголемување на камата на депозити.
Се додека односот на каматите кредит/депозит е ~ 100/1 камтата на депозитите за мене е нон-сенс
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936

Еве официјално проширено дообјаснување на даночната политика од Нова година.

Во делот на данок на личен доход стои:
Одредбата пак која се однесува на оданочување на капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фонд стекнати од 1 јануари 2023 година, а кои ќе се оттуѓат во рок од две години од стекнувањето, останува и предвидено е годишно пресметување и плаќање на данокот, врз основа на решение од УЈП изготвено врз основа на извештај од Централниот депозитар за хартии од вредност, односно од Друштвата за управување со инвестициски фондови.

По напишаново измената нема ретроактивен ефект односно почнува да важи само за купени ХВ од 1 јануари 2023 па натака. Предрско (y). Следува логично прашање:
ДАЛИ кога пазарот (тука имате фондови, домашни и странски компании, сериозни инвеститори и сите останати) во наредниве денови ова ќе го соџвака ќе видиме невидено рели и хордање на акции и удели во следниот про боно период од 25 дена до нова година ? ? ?

#Michael Burry: ‘I admit I'm feeling greedy'
 
Последно уредено:

Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
342
Поени од реакции
333
Веројатно ќе се вратат и многумина од оние кои продадоа кога цените беа ептен на дно, само за да не платат данок. Данок избегнат, цех платен повеќекратно и лекција научена да чуваат ХВ до 2025 :P
 
Член од
7 септември 2018
Мислења
297
Поени од реакции
402
Ова ќе се одрази и на инвестирањето во странски хартии од вредности. До сега беа без данок на капитална добивка, сега малку ќе се искомплицираат работите и ќе треба повнимателно купување и продавање.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom