Јас мислам дека макпетрол ти е добра акција со цена од 18 600 ден, јас би ги пикирал затоа што ова е една од акциите што доста загубија на вредност од 2007 или ако сакаш од 2009-10 така да можноста за поголем раст е поверојатна, цените на бензините и на нафтата сметам дека ќе продолжат да поскапуваат и цента ќе се бетонира на 100 $ по барел, значи кај нас евро и пол или 90 ден по литар би требало да биде цена во наредниов период која би се задржала 2-3 години (секако плус минис 5-6 денари) А макпетрол како монопол не е возможно да биде непрофитабилно, треба да знаш дека при идна продажба на компанијата би се пазареле по цена од над 35 000 ден по акција што ти е скоро x2 од сегашната вредност, во секој случај твоја си е одлуката а бај д веј дури и ако макпетрол работи со голема загуба доколку има силен раст на берзата ќе растат и нивните акции, тоа биди сигурен, кај нас тоа е така (када сви, тада и ми)