Незнам што да ти кажам. Другите акции добро се држат што ги имам КМБ и АЛК. Не ја гледам логиката ТНБ толку да падне се истргувале 300 акции што не е мала количина. P/E e паднато на само 3.4 P/B e 0.36. Стратегијата ми е да ги држам 2-3 години минимум и немам намера да ја менувам. Посебно не сега кога светските берзите почнаа убаво да растат. Ај нека оди до 1500 како стоп лос пред тоа не продавам.Црн вторник денес на Мак берзата
Топлификација пад од 8,39%
ЗПКО пад од 8,29%
ТНБ пад од 6,09%
Макпетрол пад од 3%
Ах Стефус, Стефус, ти викав да ги џитнеме ТНБ дури беа над 2000, денес едвај за 1900 денари иделе.
Обично е некаде во април но, зависи од компанија до компанија. Можеш да побараш во “Повик за собрание на акционери“ или „решенија на собрание на акциониери“ таму пишува кој се предложени/прифатени дати. Собранието на акционери решава за тоа.до кога крајно можеш да купиш акции пред да дадат дивиденда и да ја фатиш дивидендата?
На 30. март има собрание на акционери иди и прашај ги. Една метода за згомлемување на цената на акциите е ако компанијата врши откуп на свои акции. Инаку ТНБ најви пред 6-7 месеци дека нема да дели двивидена во следните 5 години. Така да ако паднале морале тоа да се случи тогаш а не сега. Во секој случај се согласувам со тебе дека компанијата треба да преземе нешто за цената на акцијата. Од сите акции во последна година ТНБ најлошо помина има пад од повеќе од 50% Во Јануари 2011 беше 4200 сега е 1900. Ако продолжи вака ќе стигне на номинала цена од 2003 1000 денари.Добро бе, што ќе превземе тој менаџмент на ТНБ за да го запре падот?! Или многу им е гајле?! Или падот е намерно предизвикан?! Па кој нормален најавува дека во наредните 5 год нема да има исплата на дивиденда. НАместо 5 можеа да стават и 20 години, па уште подобро да завршат работа. КАј нормални фирми ,на нормални берзи оволкав пад на акциите би требало во најмала рака да го загрижи раководството и да го поттикне на акција, ама овие мува не ги лази?! Е не продавам па ако треба и за потпала да ги искористам на крај.
Па, со оглед на моменталниот тренд на паѓање би ти било подобро да чекаш.dali e pametno sea da kupam akcii od tutunska banka?
Можеш да купиш но под следниве услови.dali e pametno sea da kupam akcii od tutunska banka?
Нема, маржата за бензинот останува иста, т.е. Макпетрол ќе заработува исто од продадено литро. Според мене може и да се намали пошто со овие цени ќе се продаваат помалку деривати, следствено помалку приход.што мислите ќе пораснат ли акциите на макпетрол со вечерното покачување на цените на горивата? бензинот и нафтата поскапуваат 1.5 денар...
Вака, јас (а верувам дека и многу други) имам информации дека продажбата на деривати оваа година е намалена 20% кај сите пумпи. Ако не се намалат скоро овие цени тогаш намалувањето во продажбата може да биде и 30% до крај на годината.да ама после покачувањето. мислев дека тоа што луѓево одат на бензинска пред полноќ, па тоа да има влијание, ама кога ќе размислам и не е некој голем фактор, сепак една вечер е не една недела. изглеа си во право