Македонска берза

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Има муабет за QE3(купување на САД обврзници со ново печатени пари) тоа знае да ги крене цените на акциите во светот.
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Штом има штампање пари има инфлација тоа сите го знаеме веројатно што сме присутни на форумов, Инфлација е пораст на цените наједноставно кажано. Но факт е дека акциите односно берзата секогаш на долг рок ја победуваат инфлацијата. Зашто? Психологија. Ако имаш инфлација од 5% тоа значи дека просечно стоките поскапеле за 5% (НЕКОЈА ПОВЕЌЕ, НЕКОЈА ПОМАЛКУ) Така и акциите заради зголемената понуда на пари во оптек има повеќе купувачи и цената поскапува односно расте. Откако ќе порасне се јавува оптимизам дека уште ќе расте, кога така ќе мислат мнозинството навистина тоа и ќе се случи (кога сметаат дека ќе расте купуваат од своите заштеди..а после тоа знаете што следи, ПАД неинформираните купувачи се најмногу паничини и тоа е тоа..) Тој мал процент на профи трејдери кој знаат што сакаат, секојдневно следат и се разбираат во одреден момент базирајќи се на пресметки продаваат (техничка анализа) што не значи дека еднаш купуваат и еднаш продаваат, они купуваат и продаваат секогаш кога мини циклусот е поголем од влезно-излезните провизии значи отрилика се што е над 2,5%-3% е исплатливо за тргување. Така да од раст на на некоја акција од 100% ти можеш од истата акција да направиш принос од над 100% обично од 150% до 175% па и 200% ако ја продаваш во вистински момент и исто така и ја купуваш. Во ова нема правила но мое мислење е дека во МБИ 10 можеш во годината барем на 3-4 периоди да имаш влез и на исто толку и излез.
 
fearless

in Arsenal we trust!
Член од
5 јануари 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
185
знаете ли што е back and lay on stock market... ова знам дека се некој алатки врз кои брокерите купуваат и продаваат... али неразбирам точно на кој начин се употребуваат... ај ако некој знае нека објасни и нека даде пример? позз
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Откако цениве на акциите на нашава берза стаа срање у боја, престанав да следам што се случува со берзанскиот индекс....
Едно само се прашувам...Има ли шанси цените на акциите да достигнат вредност како во 2007 што беа?
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853

Ах... плавушке ни една!.... Кој тоа може да ти одговори!? Кој на целиот Свет? (Можеби 5-6 души тоа го знаат).... Да знае некој овдека, знаеш што ќе направи? Ќе го продаде станот, својот на татко му, на тетка му на внукот од золвата....:) ! Ах да знаеш само колку и мене ме интересира тоа!? .... А какви беа 2007-ма? Високи? Па да... пред да потонат на крајот од 2007 и во 2008-ма со светската криза... И јас му се мислам да ти кажам.... така да доколку дознаеш кажи ти! КАко и да е... знам дека ќе треба да вежбаме Јога, за да се гризнеме таму каде што не не фаќа Сонцето летоска... да да!летоска кога Макпетрол ќе биде 35,000 Алкалоид над 100 Евра... Комерцијална блиску до 100.... ха-ха-хахах. Тоа е!
 
Мене ми е многу битно што ќе биде понатаму со нашите акции...Инаку не би ме интересирало... :(
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Откако цениве на акциите на нашава берза стаа срање у боја, престанав да следам што се случува со берзанскиот индекс....
Едно само се прашувам...Има ли шанси цените на акциите да достигнат вредност како во 2007 што беа?
Во 2007 имаше меур на МК берза. МБИ-10 беше 10.000 сега е 2.200. Еднаш се случува ваков меур. Најверојатно ќе треба 20 години за индексот да се врати на тие нива. Растот ќе биде многу помал во 2007 МБИ порасна повеќе од 100% тоа е лудо и не се случува во нормални услoви. 2007-2008 е еднаш во 100 години заборавете го тоа. Пак може да се прават пари на МК берза ама многу побавно и потешко. Сега не се виски акциите не е лошо време за влез. Ама дека 2007 ќе дојде пак мало морген.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Ах... плавушке ни една!.... Кој тоа може да ти одговори!? Кој на целиот Свет? (Можеби 5-6 души тоа го знаат).... Да знае некој овдека, знаеш што ќе направи? Ќе го продаде станот, својот на татко му, на тетка му на внукот од золвата....:) ! Ах да знаеш само колку и мене ме интересира тоа!? .... А какви беа 2007-ма? Високи? Па да... пред да потонат на крајот од 2007 и во 2008-ма со светската криза... И јас му се мислам да ти кажам.... така да доколку дознаеш кажи ти! КАко и да е... знам дека ќе треба да вежбаме Јога, за да се гризнеме таму каде што не не фаќа Сонцето летоска... да да!летоска кога Макпетрол ќе биде 35,000 Алкалоид над 100 Евра... Комерцијална блиску до 100.... ха-ха-хахах. Тоа е!
Слободно продавај: станот, својот на татко ти на тетка ти, на внукот од золвата...на баџанакот.:) ! Купуј Алкалоид, Макпетрол па излези и по земјоделски стопанства со многу земја, млекара, ако ти налета евтино у тој домен....., ако можеш да истрпиш 10 години да дишите на шкрги....после тоа реланс до небеса ;)
Ова русокосото , нека ги џитне акциите кои ги има у дното на сефот и нека ги забораи, никако продаање, а ни купуење како ми се гледа, нема нерво за тоа. Подоцна нека и ги препише на најомилената внука...ќе ја обогати...
....тоа беа моите 5 дени, а вие како сакате.... :cool:
 
Ко преживи причаче! :P
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Кога луѓето не веруваа дека ќе има раст на берза имаше (2005-2007) кога не веруваа дека ќе има пад исто така имаше (2008-2009) Епа каде е грешката кај луѓето. Берзата е предвесник на економијата, а во еконоомијата има екон. циклуси на секои 7-8 години од тоа следи дека до новиот берзански врв не делат 4-5 години. Живи били па видели
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Кога луѓето не веруваа дека ќе има раст на берза имаше (2005-2007) кога не веруваа дека ќе има пад исто така имаше (2008-2009) Епа каде е грешката кај луѓето. Берзата е предвесник на економијата, а во еконоомијата има екон. циклуси на секои 7-8 години од тоа следи дека до новиот берзански врв не делат 4-5 години. Живи били па видели
Aко гледаш така проекците за раст на БДП за 2012 се 4,5% а за 2013 5,5% што значи дека берзата би рипнала. Но сепак не се знае тоа се само проекции. Со евро кризава и стагнацијата во ЕУ може се да се расипе.
 
mandak

матапрчо
Член од
26 март 2009
Мислења
799
Поени од реакции
525
чекам на зпко пелагонија имам 102 акции се зборува дека ке достигнат 29000 денари моментално се 3500 ке видиме,кога беа 17000 не ги дадов ама сега уф нема чекање.Денес на скопска пивара кренаја скоро дупло :)
 
up

Член од
12 август 2007
Мислења
55
Поени од реакции
5
МБИ10 2.022,84 , -1,10%
MPT 20.012,50 -1,79%
Каде е дното?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom