Македонска берза

Член од
2 април 2006
Мислења
2.842
Поени од реакции
31
Daniela напиша:
Kako da najdam broker?
Treba da se javam u nekoja brokerska kuka ili ima nekoj drug nacin?
Mene mi e malku sumnjivo ako treba da odam i da mu gi dadam parite nekomu kogo ke go vidam prv pat u zivot. Toa kao tat-mat mi izgleda, osobeno sto se se nekoi somnicavi faci tie brokerite(ova e moja predrasuda ne me fakajte za zbor).
www.mse.com.mk

Ќе идеш во членство и тргување и после кликни на членки на Маедонска Берза.

Има информации (телефон) за сите брокерски друштва. :helou:
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Се продадоа 5% од капиталот на Комерцијална банка, преку берзата, во четири блок трансакции. Зделката вреди 10 милиони евра. Информациите од изворите велат дека своите акции во Комерцијална банка ги продава Фершпед, како и фирми поврзани со шпедицијата.Фершпед го продал својот удел од 1,94%, а според берзански извори купувач е нова Љубљанска банка, која купува за странски инвестиционен фонд.

Во останатите трансакции, како најверојатни продавачи, се споменува и фирмата „Брилијант” чиј сопственик е роднина на Штерјо Наков.
Продажбата на акционерските удели во Комерцијална банка доаѓа по само неполн месец, откако се раскина договор на акционерите во банката, кои лани со здружување направија пакет од над 51% за евентуална продажба на странска моќна банка.

Според податоците од Централниот депозитар, најголеми акционери во Комерцијална се Европската банка за обнова и развој со нешто повеќе од 6% и фирмата „Провино”, кој поседува над 12% приоритетни акции од капиталот во Комерцијална банка.
 
Член од
14 март 2007
Мислења
19
Поени од реакции
0
Мистичен напиша:
Се продадоа 5% од капиталот на Комерцијална банка, преку берзата, во четири блок трансакции. Зделката вреди 10 милиони евра. Информациите од изворите велат дека своите акции во Комерцијална банка ги продава Фершпед, како и фирми поврзани со шпедицијата.Фершпед го продал својот удел од 1,94%, а според берзански извори купувач е нова Љубљанска банка, која купува за странски инвестиционен фонд.

Во останатите трансакции, како најверојатни продавачи, се споменува и фирмата „Брилијант” чиј сопственик е роднина на Штерјо Наков.
Продажбата на акционерските удели во Комерцијална банка доаѓа по само неполн месец, откако се раскина договор на акционерите во банката, кои лани со здружување направија пакет од над 51% за евентуална продажба на странска моќна банка.

Според податоците од Централниот депозитар, најголеми акционери во Комерцијална се Европската банка за обнова и развој со нешто повеќе од 6% и фирмата „Провино”, кој поседува над 12% приоритетни акции од капиталот во Комерцијална банка.
Комерцијална е добра дефинитивно таа банка ќе оди нагоре и тоа многу. Овие денови се добри за купување на акции оти после не ќе може да се стигне до таа акција, мислам дека почнува да оди лудо нагоре. Како и Комерцијална така и ТТК е добра за купување сега, и во двете банки имаме еден мнозински акционер ЕБОР кој има повеќе акции во ТТК од колку во Комерцијална. Мое мислење е дека тие две банки ќе се спојат и како една ќе се понудат на странска банка, и тоа по многу повиска цена од моменталната.

Чекам коментари за мојата анлиза.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Точно, кој може ако начека нека купува од Комерцијална. Но, мислам дека нема шанса да дојде до спојување и заедничка продажба.
 
Член од
28 март 2007
Мислења
207
Поени од реакции
100
Ве молам ако некој има информација што се случува со Мермерен комбинат. Рипна до 2000 за 3-4 дена а сега падна до 1300. Дали проблемот е што само околу 3-4% од акции се вртат на берза(другите ги имаат Грците) ?
 
Член од
3 април 2006
Мислења
29
Поени од реакции
0
Makpetrol bi trebalo uste da raste :helou: ...barem do 150 000
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Изминатава недела ја одбележа рекорден промет од 33 милиони евра, невиден во кусата историја на Македонската берза. Берзата урива рекорди од недела во недела. Сумата истргувана во изминатите пет дена е двојно поголема од претходната седмица. Инвеститорите буквално не бираат акција, вложуваат и странски инвестициони фондови, но и домашни физички лица.
 
Член од
17 јули 2006
Мислења
3.114
Поени од реакции
22
bi sakal da znam dali moze da se trguva so zarobeni devizi? i kako? inace zainteresiran sum za akcii na telekom.i dali vredi da se kupat?
 
Член од
30 март 2007
Мислења
10
Поени од реакции
0
bingo напиша:
Ве молам ако некој има информација што се случува со Мермерен комбинат. Рипна до 2000 за 3-4 дена а сега падна до 1300. Дали проблемот е што само околу 3-4% од акции се вртат на берза(другите ги имаат Грците) ?
kolega,
Spored moeto skromno mislenje ne treba da se kupuva od Mermeren kombinat, zasto?
Gazda e Grk, kotira na Atinska berza, momentalna cena okolu 7,6 Eura.
Kaj nas okolu 1100-1200,tuka e preceneta,skapa,zatoa da ne se kupuva !!!!
Karamika :helou: :helou: :nenene: :nenene: :nenene: :nenene:
 
Член од
30 март 2007
Мислења
10
Поени од реакции
0
Gumba напиша:
Колеги инвеститори јас сум збунет дали некој знае зосто расти КЈУБИ што се случува таму. Дали е добро да се инвестира таму или не. Ме интересиира во последно време и Фруктал добро работеле лани имаат големи инвестиции за годинава а и на берза почнаа да се тргуваат. Казвајте некое мислење дали да инвестирам во овиее акции или не. За Метропол кледам дека погодив и сметам дека таму кај со се власите таму се и парите па ке расти таја акција до 1500 а можи и појќе.

Чекам коментари
Kolega,
Kjubi e mn. nadezna akcija,zasto.???
Od site osiguritelni firmi e najniska,ima kapacitet,sega naplatuvaat mnogu dolgovi,so izvrsiteli,stranski fondovi prvo ulagaat vo osiguritelni firmi,
ocekuvam za 6 do 9 meseci da odi do min.12000 ( duri i do 15.000 den.)
karamika, :helou: :helou:
 

Daniela

Мијаааууу....гррр...
Член од
14 јули 2005
Мислења
302
Поени од реакции
3
A ova go citavte?

Словенечките инвеститори изгубија многу пари на берзите во Белград, Подгорица, Бања Лука и во Сараево. Љубљански „Finance” ја квалификува Македонската берза како стабилна
Љубомир Костовски

Рушењето на курсевите на берзите во Белград, Подгорица, Бања Лука и особено во Сараево предизвикаа лавина критики на угледни словенечки економисти упатени кон менаџерите на локалните инвестициски фондови, кои се затрчаа по заработувачка на берзите на земјите на бивша СФРЈ. Многу од овие фондови своите брзи богатења на овој простор ги извлекле со земање скапи кредити во љубљанските банки, па сега се едноставно пред банкрот! Само скопската Берза засега ги дава очекуваните резултати. Таа е малата балканска оаза среде словенечкиот очај - тамошните толари (од јануари - евра) во црвената зграда на „Мито Хаџи Василев - Јасмин” извлекоа суперпрофити кои, конечно, нема да бидат вистинскиот „лексилиум” што владее на сончевата страна на Алпите.

„Да се калкулира за идните профити врз основа на претходните приходи е класична грешка на инвеститорите. Тоа е логиката на стадото што опортунистички го поттикнуваат сопствениците на акции”, вели за љубљански „Дневник” Игор Мастнак, професор на Економскиот факултет во Љубљана. Роберт Клајдинст, претседател на Управниот одбор на Нова љубљанска банка, додава дека „вложувачите прво мора да бидат свесни дека со профитот влегуваат и во зоната на ризикот.

Најсигурни се обврзниците и банкарските камати, а се' што е над тоа значи братимење со ризикот”.

На неодамнешниот прес по повод годишните резултати на КБ - Прво пензиско друштво од Скопје, кое во себе има и словенечки капитал, првиот директор Јадранка Мршиќ изјави дека тие многу инвестираат на Берзата во Скопје, но дека најчесто се осмелуваат да купуваат државни обврзници. На забелешките на новинарите дека обврзниците имаат фиксна добивка која е многу пониска од големите скокови на профитот што го носат акциите на котираните друштва, Мршиќ ладнокрвно одговори дека споредено со другите европски земји, хартиите од вредност за кои гарантира нашата влада имаат повисока камата и се исплатуваат (пресметуваат) во евра. КБ - Прво пензиско друштво лани имаше добивка од 6,27 отсто, што веројатно е низок процент во однос на вртоглавите скокови кои ги бележат акциите на Македонската берза кај котираните друштва (речиси кај сите). Сепак, поуките од настаните кај сродните балкански финансиски институции опоменуваат акционерите во КБ - Прво пензиско друштво сигурно ниту сега а ниту во иднина нема да се доведат во ситуација „да сечат вени” како оние кои беа похрабри во однос на вложување во други хартии од вредност.

„За пазарите на земјите во транзиција, што се во почетни фази на минување кон пазарно стопанство, карактеристични се високиот раст и одвреме-навреме прилично ризичните падови на цените на акциите. Таков случај беше Полска, каде што берзанскиот индекс порасна 600 отсто, па потоа падна на првобитното ниво, па одново скокна, па падна по втор пат”, потсетува професорот на Економскиот факултет Душан Мрамор. Директорот на Нова љубљанска банка Клајдинст во тој стил додава дека наредните години на балканските берзи не треба да не' изненадат годишни скокови на акциите на одделни друштва и за 300 отсто, но и падови по 70 отсто.

Словенечките инвеститори во Македонија, според податоци на играчите на Македонската берза за хартии од вредност, се појавиле во ноември 2003 година. Нивното присуство, што се вели, „со торби пари” предизвикало скокови на акциите на некои фирми од 150 отсто, особено на оние најатрактивните и тоа во првото тримесечје на 2004 година. Оттогаш туркањето на хартиите од вредност кај нас во голем дел се должи на присуството на неколку словенечки инвестициони фондови. Засега таа практика на „туркање” се прави успешно, а купувањето на берзата сигурно може да ги банкротира организаторите на спортската прогноза или лотариските играрии, бидејќи масите добија нов национален спорт, за кој ви треба само посета на некој од брокерите, евентуално парче хартија, молив и дигитрон. Угледниот словенечки магазин „Финанце” во својот последен број ја пофали Македонија и ја препорача како сигурна дестинација за капитални влогови. За „окрвавените” Јанези сите балкански рути во овој миг можат да изгледаат како дел од ист хорор, во стилот „едначење по звучност”. За волја на вистината, последните движења на нашата Берза не говорат дека гладот за акциите секнува.
Бавно смирување на Сараевската берза

Многу весници на Балканот побрзаа да сугерираат смирување по огромниот пад на акциите на двете босански берзи - Сараевската и Бањалучката. Вестите од крајот на неделата говорат за сопирање на падот, но како што вели сараевското издание на „24 сата”, застојот на цените е се' уште длабоко во „црвена зона”. Портпаролот на Бањалучката берза, Дарко Лакиќ, јавно побара граѓаните „ниту лесно да купуваат акции зашто цената им скока, ниту бргу да продаваат, кога акциите имаат симнувачка вредност”. Ова е мала утеха за сите оние, вклучувајќи ги и словенечките инвестициски фондови, кои по логиката на стампедото побрзаа да се ослободат од „безвредните хартии”. Според некои сараевски толкувачи, токму Словенците биле виновни за лавината.

Дијаграмот на Белградската берза, инаку, по 17 април, исто така, покажува дека акциите имаат „правец - бунар”, но со забелешка дека претходниот скок, од почетокот на месецот, имал максимално брз раст (за половина месец индексот е зголемен од 2.300 на 3.000 индексни поени), па таа „прегреаност” си плаќа своја цена.
 
Член од
27 февруари 2006
Мислења
1.356
Поени од реакции
9
Samo Makstil i Stopanska banka, se za kupuvanje, ima da skoka akcijata
 

Daniela

Мијаааууу....гррр...
Член од
14 јули 2005
Мислења
302
Поени од реакции
3
Mislis komercijalna. Jas kolku znam stopanska e vo sopstvenost na NBG i nema da se menuva sopstvenikot tamu. Ili zboris za stopanska bitola
 

Daniela

Мијаааууу....гррр...
Член од
14 јули 2005
Мислења
302
Поени од реакции
3
Abe vakvo zborenje pred ruka stvarno ne e fer. Ja resiv da kupam na alkaloid akcii glej sea sto mi zboris.
Aj nekoj ako znae nesto poveke komentar da dade za akciite na Mital (dve firmi) i na Makstil. Za dva meseci i ednite i drugite se porasnati za 10 pati. Vredi da se kupat sega ili ne?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom