Македонска берза

По добивањето датум за преговори:

  • МБИ10 ќе порасне најмалку за 20%

    Гласови: 7 14,6%
  • Ќе порасне до кај 10%

    Гласови: 13 27,1%
  • Акците кои ги имам во портфолио ќе пораснат најмалку за 20%

    Гласови: 5 10,4%
  • Нема да добиеме датум

    Гласови: 18 37,5%
  • Јас немам акции, јас сум од Пехчево

    Гласови: 5 10,4%

  • Вкупно гласачи
    48

Toma

Антист
Член од
22 април 2014
Мислења
2.669
Поени од реакции
1.034
Dali nekoj znae sto se slucuva so SPAZ.
Рента се живо на Кит-Го, враќа кредити, позајмици и обврски кој не се баш мали и тоа е,
за неколку години ќе почне да дава дивиденда, освен ако пак менаџментот не се покаже по својата неспособност и земе да работи некаков бизнис.
 
Член од
26 април 2019
Мислења
2
Поени од реакции
0
Mislev na blokovite od nad 1.5 mil.eu vo petokot
Рента се живо на Кит-Го, враќа кредити, позајмици и обврски кој не се баш мали и тоа е,
за неколку години ќе почне да дава дивиденда, освен ако пак менаџментот не се покаже по својата неспособност и земе да работи некаков бизнис.
mislev na blokovite od nad 1.5 mil eu vo petokot
 
Член од
6 декември 2018
Мислења
14
Поени од реакции
7
Здраво на сите, нов сум во овој свет на акции и знам дека од неодамна можеме да купуваме интернационални акции. Каде има најмали провизии, шпаркасе, илирика..?
Преку Илирика неможе да се купуваат акции во странство преку брокер индивидуално, немаат лиценца сеуште
 
Член од
5 април 2012
Мислења
7.126
Поени од реакции
7.782
Веројатно некој го превзема Скопски Пазар, денес пак има трансакции за речиси 1м евра.
 
Член од
5 јуни 2017
Мислења
85
Поени од реакции
53
Веројатно некој го превзема Скопски Пазар, денес пак има трансакции за речиси 1м евра.
Или пак распродаваат Прилепчаните откако пред некоја година не успеаа да го превземат.
 
Член од
11 јули 2017
Мислења
42
Поени од реакции
53
Ако може некој да ми пушти линк до е-традер на Стопанска Банка.

п.с. Поздрав до Боле, со дрвја и каменња се фрлаше по мене тука кога пред 6 месеци спомнав тргување на странски берзи. Тогаш странските берзи беа преценети, а јас бев мала риба која ќе ја направеја парче и ќе ја изедеа големите китови, па не се исплатеше затоа што целиот ќар одел во провизии и што уште не се изнакажа тука на форумот да не барам сега цитати. Гледам сега почнал да влегува во странски компании иако фундаментите не се сменети. Баш ми е мило и се надевам дека ќе направи профит ама очекувам барем да се извини за се што испонапиша по форумов. :)
 
Член од
16 август 2017
Мислења
354
Поени од реакции
724
Ако сметаш дека поголема коцка е да купуваш странски акции (Google, Apple, Boeing .......) одколку домашни акции искрено незнам што да кажам освен дека тоа е елементарно непознавање на тоа како ивестирањето и берзите работат.
Те молам да наведеш еден параметар по кој инвестирањето во амерички акции да речеме е поголема коцка од инвестирањето во домашни акции ( ликвидност, бизнис опкружување, изложеност на конфликти, рецесии и политички кризи, потенцијал на пазарот, изложеност на манипулации од страна на раководството на компаниите (фингирање на финансиски извештаи), можност на манипулации од брокерчиња кој кај нас со 200 000ЕУР го движат пазарот во правец кој им одговара).

Можеби америчките акции го достигнаа плафонот и ќе има и корекции и кај нив, ама повеќето имаат 500% раст во последните 5-6 години и ги надминаа рекордните вредностите што ги имаа во 2008/2009 за време на балонот, за разлика од КМБ на која сите и се радувате а неможе да стигне ни на пола од тоа што беше во 2008/2009. За обичниот имател на акции во КМБ кој не тргува денешнава цена од 5400 денари претставува 60% пад од вредноста што ја имала во 2008/2009 со неколку мизерни дивиденди во меѓувреме.

Секој со своја глава што е по ризично :)
Берзата е американски начин на живот . . .
Па, они имаат измислено све ова за што ние правиме муабет, а ние разбираме и правиме муабет само за 10% од нивните измишљотини . . .
Меѓу другото имаат ги имаат патентирано меурите и нивното пукање . . .
И одвај те чекаат тебе да дојдеш да им ги собереш парите, поготово во следните неколку години кога меурот е пред пукање . . . . Само кога ќе инвестираш напиши на форумов што си купил, по која цена, и колку ти се провизиите, курсни разлики и.т.н. за да можеме да те следиме, а не да ни кажуваш приказни . . .
Ти нема да разбереш нивни финансиски извештај. Тие имаат толку финансиски иструменти што ти не си ни чул, а камо ли да ги сфатиш. Ама ако мислиш да се коцкаш повели . . . .
Имаше некои познати македонски фондови кои пред 4-5 години се рекламираа и инвестираа во volkswagen, deutsche bank прашај како поминаа . . .
Таму брокерите не манипулираат со 200.000 евра, таму манипулираат со 200 милијарди евра, ама некој од мкд тоа е способен да го открие и да ги заеби . . .
Всушност берзата е шлепање со големите играчи, ако ти овде неможеш да го прочиташ Хари не пробувај да прочиташ некој амерички хеџ фонд . . .

Бараше пример за коцка со амерички акции . . .
Провери како се движела цената на Мајкрософт од 1999 до 2015, ХП, Дојче банк, Дојче Телеком, Генерал Моторс во 2008 тешко ќе го ископаш зошто пропадна . . .
Јас ќе ти помогнам . . . еве ти некој линкови, притисни графикон на мах. . . . види што ќе ти се случело ако си купил на пик (1999) како што е ситуација денес во америка . . . . Која од горенаведените фирми не е бренд ??? Прочачкај по интернет да видиш колку ги има, а не да ги набројуваш тие што се моментно актуелни . . . Или ти си толку видовид од Скопје да промашиш некој ваков бренд и да ги погодиш само добитните . . .

https://www.google.com/search?client=firefox-b&q=hp++share+price
https://www.google.com/search?client=firefox-b&q=microsoft+share+price
https://www.google.com/search?client=firefox-b&ei=zJFVXL7dEoO0sQH-9qFI&q=deutsche+bank+share+price&oq=deutsche+bank+share&gs_l=psy-ab.1.0.0l2j0i20i263j0l3j0i20i263j0l3.1398.3342..4929...0.0..0.124.655.0j6......0....1..gws-wiz.......0i71j0i67.TIhcGBHQHLA
https://www.google.com/search?client=firefox-b&ei=SpNVXOaoEcGMmgX75K3oDw&q=deutsche+telekom+share+price&oq=deutsche+telekom+&gs_l=psy-ab.1.1.0j0i20i263j0l8.2028.2028..3949...0.0..0.101.101.0j1......0....1..gws-wiz.......0i71.pAEmp2z9lEk

p.s.
Седете си мадро на овие локални берзи, посигурен и поубав е животот . . .
Барем ги познаваш фирмите знаеш на што си . . . а тие што ќе се осмелат нека пишат . . .
@filipidi еве што сум напишал пред неколку месеци и сега истото тоа го потпишувам со двете раце . . . . . . .

Слободно играј на светски берзи никој не те спречува, но немој да ми скратуваш право на размислување . . . Немало никакви дрва и камења, само искрено предупредување....

Јас купив Societe Generale, a сакам да купам и Дојче банк . . . Поделе ќе ти ги пратам графиконите со цените на акцијата па спореди . . . Да си ги купел во 2007 година тие акции после 10 години ќе си изгубел 90% од вредноста, а ако си ги купил само пред 6 месеци ќе си изгубел 30% . . . .



п.с.
Те куражам ден поскоро да почнеш да играш на било која светска берза и да купиш некоја акција, САМО ПИШИ КОЈА, КОГА, И ПО КОЈА ЦЕНА СИ КУПИЛ... Да не правиме бош муабет премини на дела . . .
Јас сум купил Societe Generale просек 22,8 еур по акција . . . Ми требаше адреналин и го прифатив предизвикот и тоа ќе играм со 25-30% од портфолио.... Играм на слепо, по интуиција . . .
Ти посакувам среќа. . . За оние без искуство им препорачувам да се држат до мсе кога ќе се навежбаат нека пробаат ВОЛ СТРИТ. . .
 
Член од
5 јуни 2017
Мислења
85
Поени од реакции
53
@filipidi еве што сум напишал пред неколку месеци и сега истото тоа го потпишувам со двете раце . . . . . . .

Слободно играј на светски берзи никој не те спречува, но немој да ми скратуваш право на размислување . . . Немало никакви дрва и камења, само искрено предупредување....

Јас купив Societe Generale, a сакам да купам и Дојче банк . . . Поделе ќе ти ги пратам графиконите со цените на акцијата па спореди . . . Да си ги купел во 2007 година тие акции после 10 години ќе си изгубел 90% од вредноста, а ако си ги купил само пред 6 месеци ќе си изгубел 30% . . . .



п.с.
Те куражам ден поскоро да почнеш да играш на било која светска берза и да купиш некоја акција, САМО ПИШИ КОЈА, КОГА, И ПО КОЈА ЦЕНА СИ КУПИЛ... Да не правиме бош муабет премини на дела . . .
Јас сум купил Societe Generale просек 22,8 еур по акција . . . Ми требаше адреналин и го прифатив предизвикот и тоа ќе играм со 25-30% од портфолио.... Играм на слепо, по интуиција . . .
Ти посакувам среќа. . . За оние без искуство им препорачувам да се држат до мсе кога ќе се навежбаат нека пробаат ВОЛ СТРИТ. . .
Не сум ја анализирал Societe, можеби е добра опција...ама за Deutche Bank не е баш толку розева иднината..


Освен што пријавија повеќе од 3 милијарди € загуба, се повеќе се зборува за стагнација на германската економија, а тоа сум сигурен дека негативно ќе се рефлектира и на банките во Германија.

 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2016
Мислења
3.151
Поени од реакции
1.392
Јас купив UUP I TLT I STPP. Imam i CHF. Imam nesto TNB I ALK I STB na mse I normalno fizicko zlato I srebro. Sum umereno bearish
 
Член од
23 јуни 2017
Мислења
257
Поени од реакции
326
Davitkovski od SPAZ baral tezga na Bitpazar.... sega sledno tamu kje prael biznis... so srekja neka mu e I da mu trgne ovoj pat...
 
На врв Bottom