Овде има и уште една работа. Очигледна намера да се оштетат останатите акционери.
Ајде вака една едноставна математика:
На сумата од 72.352.941, тој ќе треба да плати данок од 18% во износ од 13.023.529 ден, и придонеси бидејќи е над 16 просечни плати во износ од 225.000 денари или вкупно
13.248.567 денари.
Е сега доколку оваа истата сума се поделеше во дивиденда, таа би изнесувала околу 2230 денари по акција:
Прво дивидендата за тие 2375 сопствени акции ќе останеше внатре во компанијата.
Кутревци заедно имаат околу 26.510 акции и би добиле 50M ден, и би платиле 8.867.595 ден. данок на дивиденда.
За останатите акционери би се исплатиле 7.949.950 во бруто износ и околу 6.757.458 во нето износ.
Ако не се лажам дивидендата за сопствените акции останува како акумулирана добивка во компанијата. Така да и таа е над 80% пак нивна.
И на крај Кутревци со ваков потег се решени да платат
3.188.480 денари повеќе на УЈП него што би платиле ако добивката се распределеше преку дивиденда. Само за илустрација со оваа сума што исплаќа повеќе данок кон државата поради ваквата распределба, може на останатите акционери да им подели 900 денари дивиденда.
П.С. Ако ова не ве мотивира да дојдете на собрание, не знам што би ве мотивирало повеќе. И на крај треба јасно и гласно да им се каже дека целта на менаџментот е да го зголеми богатството на
СИТЕ акционери.
П.П.С. Нека ме исправи некој ако грешам, но горе долу трендот е тој.