Ќе го нема човек неколку дена на форум и форумот експлодирал... све сеирџии
. . . посебно оние кои немаат Охридска, а се разбира поседуваат Стопанска СК.
Секогаш ме нервирал деструктивниот сеир . . . . Ама јебига таков менталитет сме..
Да не помисли некој дека се кријам, имав многу работа и форум не читав, а се случуваа неколку битни случки овие денови, посебно очекуваната продажба на Охридска . . .
1. Супер е што почна процесот на купопродажба, уште лани пролет Шпаркасе почна со снимање на ОХБ. После неколкукратни најави процесот почна. Како ќе заврши ќе видиме. Дали предложената цена ќе биде таа ќе видиме . . . .
Ваков процес на купопродажба во Македонија, па и во Северна прв пат се случува и малку е поразличен од другите познати за наши услови. Инаку понудената цена е разочарувачка, но банките денес во цел свет не се на цена . . . тоа го пишувам веќе година дена...
Јас навивав за ОТП (иако знаев дека е Шпаркасе) зошто не сакав ОХБ да се фузира со Шпаркасе(бивша инвест). Сега ќе имаме една компанија помалку на мсе. малку по малку мсе изумира..
2. Охридска банка извади супер ФИ 2018 . . . Со тоа оваа канта од банка, како што некој ја нарекуваат стана најефтината банка на мсе . . . Банката има раст на кредитирање 10,5%, раст на нето провизии од 12%. оставено солидно ниво на резервации . . . Со големи чекори се приближува на останатите големи банки.
Одличните резултати останаа во сенка на продажбата...
3. Одлични резултати на СТБ, помалку очекувани . . . СТБ си гази по една сигурна и стабилна стратегија.... Билансот на состојба е гарант за нејзината добра иднина.
Единствено ми засмета што никој не се најде стручен од толку експерти да го искоментира book-от.
Дали капиталот е вистински толку??? Каде ви авансната дивиденда. Сите акционери на СТБ се во екстаза од профитот другите бројки не ни ги гледаа во Билансот, а тоа е типично неразбирање...
Дивидендата не е единствен показател на добра акција, наскоро и она ќе секне или ќе се преполови.
4. Уни банка позитивно изненадува последниве 2 години. Но уште е далеку од она ниво на ОХБ и ХАЛК. За мене ХАЛК е најдобра банка во мкд.
p.s.
На сите сеирџии им посакувам среќа . . . еден ден се ќе се прекрши на нивни грб . . .
Посебно оние што имаа СТБ, а немаат Охридска
.
Продажбата на Охридска банка треба сите да ве загрижува, полни сте со банкарски акции...
Видете која банка од големите банки е најефтина на мсе ??? Кантата од банка, ОХБ. . . Повторно предупредувам букот на СТБ не е тој, помал е за 70 денари, значи показетелот п/б е повисок . . .
https://www.mse.mk/mk/stats/current-ratios
Да не се секираат некои форумаши за моето конто . . . јас последен пат кога сериозно купував ОХБ беше на 4800 денари, така да 6300 денари ми е полна капа.. Знаев дека ќе се продава и се штитев од цената, знаев дека нема да е добра, очекував околу 8000 ден., да имав пари ќе купував Охридска на 6600-6800, ама немав па среќата ме заштити од загуби . . .
Утре е мојот ден Д, ако утре КМБ објави дивиденда над 350 денари годината ќе ми биде добра . . . . Поздрав сеирџии..