Македонска берза

Член од
5 април 2012
Мислења
8.152
Поени од реакции
8.946
Државата го стега обрачот, интересни измени има во предлог законот за данок на добивка.
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Супер вести за имателите на СТБП

https://www.seinet.com.mk/FileServer.aspx?file=49770

Тоа што надзорниот го прифаќа предлогот веројатно значи дека и мнозинскиот акционер е согласен.

А мислам дека овој пат има 51% приоритетни обезбедени.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.152
Поени од реакции
8.946
Што се измените друже, може линк?
* Се пропишува дека непризнаени
расходи за даночни цели се и трошоците
за амортизација на ревалоризираната
вредност на материјалните и
нематеријалните средства.

* Се дефинира дека Владата на
Република Македонија ја пропишува
Номенклатурата на средствата за
амортизација и годишните
амортизациони стапки, како и начинот на
пресметување на амортизацијата,
односно отписот на вредноста на
нематеријалните и материјалните
средства.

* Се пропишува дека даночните
обврзници кои по стапувањето во сила на
овој закон ќе вршат покривање на
загубите од акумулираните добивки
остварени во периодот од 2009 до 2013
година имаат обврска да пресметаат и
платат данок на добивка што ќе се врши
преку нов образец “ДД-ПЗ“.

Ова е само дел, целиот предлог го има на страната на ЕНЕР
 
Тоа е за ревалоризирани средства, така пто опфаќа многу малку компании. Освен СПАЗ, не ми текнува на друга што ревалоризирала скоро.

Еве го предлог законот

https://ener.gov.mk/files/propisi_files/ria1/1_1363104046predlog_izmeni_dobivka_29.doc

На прв поглед, најголем акцент е ставен на спречување на изнесување капитал преку неисплатени побарувања, трансферни цени, “лихварски” камати (цитат Бошко) и сл.

Всушност е унапредување на постоечкиот закон во правец заштита на малцинските акционери.

Еве една ретка иницијатива која би ја поздравил
 
Ќе биде интересно да се види како ќе ја решат номенклатурата за амортизацијата зошто тековните правила немаат логика.

Примерот со резултатот на Прилепска е ептен адекватен. Нема логика линија за производство на пијалоци да се амортизира со 25 проценти.

Веројатно државата драстично ќе ги намали пропишаните стапки и со тоа ќе ја зголеми добивката кај компаниите односно обврските за данок на добивка.
 
Јас па мислам законот е во обратна насока, да спречи преспора амортизација, која ќе ја гуши нето добивката со години.

Инаку околу банките, не може да е добра вест што крупни клиенти им дифолтираат, тоа е сигурна резервација во четвртото полугодие, пардон квартал...и од каде претпоставката дека ќе ја наплатат полната сума? Може и да не наплатат, може да се влечат со години итн.

И не знам што сте се раскупувале КМБ кога се гледа од стратосфера дека понудата е многу поголема од побарувачката. А и фундаментално банката не може да се носи со ТНБ или СТБ.

Лично, не би платил над 4500.
 
Член од
11 јули 2017
Мислења
883
Поени од реакции
623
Dobro e sto se prejde na zelbi I naracki :)

Zkonot e da se plaka danok od odenje vo WC posto 3.7 miljardi so pad na stopanstvo ke ne cepaat uste poveke na suvo !!
Da zivee SDSM :) ( TOLKU MOZEME )
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.767
Поени од реакции
6.557
Продадено денес Гранит , докупено во КМБ на 5,000 .
Сега сум all in во КМБ , сите акции ми се таму .
Ако не заебе Хари отидовме јабана и јас а и повеќето што купивме :D
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.314
Поени од реакции
2.380
Супер вести за имателите на СТБП

https://www.seinet.com.mk/FileServer.aspx?file=49770

Тоа што надзорниот го прифаќа предлогот веројатно значи дека и мнозинскиот акционер е согласен.

А мислам дека овој пат има 51% приоритетни обезбедени.
Позитивно е што точката се стави на гласање.

Немам напишано ништо за СТБП, поради тоа што после собрание немам некои нови информации. (Не сум вклучен лично, за разлика од пред собрание)
Водењето на процесот го превзедоа поголеми акционери кои ангажираа и професионална правна помош.

Според информациите што ги имам, веќе се обезбедени над 50% од приоритетните акции кои ќе присуствуваат на собрание.
(Тоа не ве ослободува вас, ако имате акции, со време да најавите ваше присуство или со време да дадете полномошно, да не се случи како минатиот пат кога сите чекаа некој друг да ја заврши работата)

Конечно ќе го видиме ставот на СТБ (Грците) во поглед на оваа прашање.
Пошо до сега им беше дипломатски: заинтересирани биле да се реши, а не помагаа во процесот.
 
Па чим мене ме најдоа, што не е баш лесно, веројатно ги нашле повеќето :)

Моето полномошно е веќе пратено, што викаат изгорен и на матеница дува.

Има една битна разлика со претходниот предлог, а тоа е разликата од конверзијата да ја сносат самите иматели на приоритетни, наместо банката. Што има смисол, пошто они се тие што ги добиваат тие, 2 ден/акција.

Че платиме нема проблема :P[DOUBLEPOST=1543582914][/DOUBLEPOST]https://www.bbc.com/news/technology-46401890

Значи овој Мијалков...:D:D:D
 
Последно уредено:
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Супер вести за имателите на СТБП

https://www.seinet.com.mk/FileServer.aspx?file=49770

Тоа што надзорниот го прифаќа предлогот веројатно значи дека и мнозинскиот акционер е согласен.

А мислам дека овој пат има 51% приоритетни обезбедени.

Незнам каква врска има тоа што мнозинскиот акционер е согласен, тој само констатира дали поднесокот е во согласност со законот или не. И минатиот пат кога гласа за претварање во обични акции тој беше согласен ама не успеа работата. Сега е убаво појаснето за тоа што цело време тука се расправавме.

Конверзија нема да има.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom