Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Излезе и извештајот од МинФин за реализација на буџетот во јануари 2018. Добар напредок на приходната страна во споредба со истиот месец од 2017, и лоша реализација на капиталните расходи, вака на прва.

И ова е од денес: http://www.mrt.com.mk/node/47147 :)
 
Последно уредено:
Излезе извештајот на Стопанска банка Скопје . . .
http://www.seinet.com.mk/?docID=42592
Да не се јават злобниците :) да си кажам со време . . .
Промашив, Профитот го очекував +2%, а она падна скоро 9% . . .
Ама погодив кога кажав дека СТБ сигурно нема да стигне до 40 милиони евра . . .
Тоа се прогнози, проекции . . . во глобала си на патот
Што ти прават резервации . . . Огромни се . . . а толку ќе бидат стандардни понатаму откога ќе се продадат . . . .
Ех кога би чул некој од „СТБ лобито“ кои тврдеа дека резервациите нема да растат, дека таман биле и дека профитот ќе биде над 40 милиона ЕУР . . . .
Инаку ФИ 2017 на СТБ е одличен . . .
Гарантира нови 30 милиона следната година профит, што за банка од МКД е одличен профит . . .

А сега малку и за ТТК, Стопанска Битола и.т.н мали/средни банки . . .
Проблемот кај овие банки е тоа што споро растат, трошковите им се големи и конкуренцијата ги јаде . . .
Јас не купувам акции од помали банки. Кога би бил акционер не би бил среќен да гледам дека банката вака споро ми расте . . . . А дивидендата е немање идеа . . . Место да ја вложат во раст и развој они ја цицаат . . .
Охридска беше нивни ранг пред 10 години а сега е 4-5-6 пати поголема зависи кој параметар го анализирате . . . . Споредете ги бројките на ОХБ/ХАЛК со ТТК/СБТ за периодот 2007-2017 и ќе видите за што зборувам . . . .[DOUBLEPOST=1519662205][/DOUBLEPOST]Да не се мачите околу Охридска банка го постирам мојата анализа, а вие извлечете ги бројките за останатите банки . . . немора за сите години . . . само 2007 и 2017 година. Доволни се за споредба . .
сите податоците ги имате на сајтот на берза . . .
Споредете актива, кредити, депозити, профит од камати, провизии . . .
Ова не е препорака за купување на Охридска. Јас ја имам па неќам да навлекувам. Туку чисто за споредба и проекција на очекувања . . . . посебно за компарација со помалите банки. . . Халк има уште поубави бројки од ОХБ . . .
п.с.
ексел фајл не прифаќа . . . па пробав да конвертирав во тхт
 
Attachments

Последно уредено:
https://www.youtube.com/watch?v=4UYFHBSlKXI&feature=youtu.be

Го слушам интервјуто на Зоран Божиновски со Жан Митрев: Во еден момент вели дека е многу благодарен на Хари Костов, зошто му дал кредит од 2 милиони евра на жими мајка :D Ѕвер!
 
Па така треба, браво за Хари :D. Тоа е вистинската задача на банките штом препознаеш добра бизнис идеа и човек кој може да ја исполни.
А со покритие х3 не ти ни треба банка :D
 
Штета што сите други на кои им се дава кредит не се како Жан Митрев ;)
 
Не ги следев кварталните ама РЕПЛ има добар годишен извештај. Важеше за стабилна фирма и сега ми изгледа на таква.
 
Мислам слабо е ликвидна. Нема многу трансакции со нивните акции или ако грешам слободно некој нека ме демантира
 
Порано беше поликвидна ја имаше во просек секој втор ден ама во последниве година две послабо се тргува во право си. Убаво е да се спореди со АЛК. Како втора фармацевска компанија. Мислам дека е поефтина од АЛК но има поваријабилни перформанси плус и некои интерни дубари...имаше пред 2 години афера со попазарно продавање на акции. Мислам дека ќе исплати дивиденда годинава.
 
Излезе извештајот на Стопанска банка Скопје . . .
http://www.seinet.com.mk/?docID=42592
Да не се јават злобниците :) да си кажам со време . . .
Промашив, Профитот го очекував +2%, а она падна скоро 9% . . .
Ама погодив кога кажав дека СТБ сигурно нема да стигне до 40 милиони евра . . .
Тоа се прогнози, проекции . . . во глобала си на патот
Што ти прават резервации . . . Огромни се . . . а толку ќе бидат стандардни понатаму откога ќе се продадат . . . .
Ех кога би чул некој од „СТБ лобито“ кои тврдеа дека резервациите нема да растат, дека таман биле и дека профитот ќе биде над 40 милиона ЕУР . . . .
Инаку ФИ 2017 на СТБ е одличен . . .
Гарантира нови 30 милиона следната година профит, што за банка од МКД е одличен профит . . .

А сега малку и за ТТК, Стопанска Битола и.т.н мали/средни банки . . .
Проблемот кај овие банки е тоа што споро растат, трошковите им се големи и конкуренцијата ги јаде . . .
Јас не купувам акции од помали банки. Кога би бил акционер не би бил среќен да гледам дека банката вака споро ми расте . . . . А дивидендата е немање идеа . . . Место да ја вложат во раст и развој они ја цицаат . . .
Охридска беше нивни ранг пред 10 години а сега е 4-5-6 пати поголема зависи кој параметар го анализирате . . . . Споредете ги бројките на ОХБ/ХАЛК со ТТК/СБТ за периодот 2007-2017 и ќе видите за што зборувам . . . .[DOUBLEPOST=1519662205][/DOUBLEPOST]Да не се мачите околу Охридска банка го постирам мојата анализа, а вие извлечете ги бројките за останатите банки . . . немора за сите години . . . само 2007 и 2017 година. Доволни се за споредба . .
сите податоците ги имате на сајтот на берза . . .
Споредете актива, кредити, депозити, профит од камати, провизии . . .
Ова не е препорака за купување на Охридска. Јас ја имам па неќам да навлекувам. Туку чисто за споредба и проекција на очекувања . . . . посебно за компарација со помалите банки. . . Халк има уште поубави бројки од ОХБ . . .
п.с.
ексел фајл не прифаќа . . . па пробав да конвертирав во тхт

Зошто не продадеш Стб тоа што викаш дека ти останало и да се послушаш себеси да влезеш во така добра банка како охридска, еве се гледа дека од тоа што си постирал за неа таа работи одлично дури подобро и од стб.

Изгледа чим чуваш стб па и тур зпко и незнам која друга ја спомнуваше тогаш мора да не си сигурен во себе за тоа што го збориш, јас ако сум сигурен во нешто не е играм играчки со нешто што вреди помалце.
И немој да ти биде одговорот тие другите се малце ..... ама кога ке ги собереше сите не се малце,а испушташ добра прилика на охб само што не отишла накан 12000како што викаше.
 
Ти човече постоиш само да се инаетиш . . .
Држи се ти до политиката, Грујо, Фамилијата, Нато и ЕУ прескокниме малку . . . . .
Цели 7 месеци го читам форумов и ништо паметно што ќе ми користи не сум прочитал од тебе . . .

Зар мислиш дека би те послушал како да го моделирам портфолиото . . .
Јас би играл секогаш спротивно од твоите препораки и верувај ќе направам пари.

п.с.
Извини што СТБ не скокна над 1ххх,00 , но јас не сум ти крив . . . . Пазарот одлучува . . .
А за СТБ верувај дека сум доктор . . . Најубави пари направив на СТБ . . .
Гарант ти тогаш Топлификација, Макпетрол и КМБ преферираше . . .
Ако не ја почитуваш Охридска ти и не знаеш што е банкарство . . .[DOUBLEPOST=1519776432][/DOUBLEPOST]Не ми се верува колку познавам психологија . . . .
Додека јас 2013 година купував СТБ тој купува и препорачува Топлификација, Комерцијална и Макпетрол . . . Кој експерт . . .
Денес ја продавам СТБ, а тој купува . . .
Денес ја плука КМБ која 2013 ја воздига во облаци . . .
Затоа си лут ти, па сите додека правеле пари ти си губел на ТПЛФ, КМБ, МПТ . . .
БравоШампион . . . Цар . . .
Сега знам дека од КМБ и ОХБ ќе се пензионирам!!!
Погледни на мојновац што сум купувал во 2013 па да видиш како се прават пари . . .

Дивидендата е најмала работа. Најважно е што Топлификација ќе откупува сопствени акции д по цена и до 10 000 денари. Така стои во одлуката која треба да се изгласа за некоја недела. Сегашната цена е 1550 денари. Може многу лесно и брзо да ја донесат цената до 6000ден за да се заштитат од превземање за почеток, оти ако ја преземат им отидоа фотељите, брзо ке реагираат со оглед дека веќе имало најави од Русите за промена на менаџментот како точка.

најкасно до Јули оваа година. Бар до сега таква беше праксата.

мислам дека кмб не ти е лоша опција исто тука би ја вклучил и тплф бидејќи имаат одлука дека ке ја бранат цената од 20 ти овој месец. Всушност нашава берза нема растено до сега што имаат останатите во светот па и на балканот доправа треба да расте што и да земеш не би требало да погрешиш.
Pi[uva[ za Toplifikacija
ако си стрплив уште малце нема да ти дојде лошо наредните години дивиденда 400 ден . Мое ти е да почекаш сите планови полека им се наредија а и ги натфрлија со гасификацијата, не за џабе трошат енергија да ја манипулираат акцијава.
 
Последно уредено:
Оууууууу @maksimmus друже па ти си бил еден од јеховините сведоци на Топлификација на форумов.

Какви приказни си пишувал за цени од 6.000, па цена од 10.000 за TPLF, па дивиденда од 400 денари... Ауууууууу

Дај напиши уште некоја приказна што ја кажува Хаџи Мишев за гео-политиките во светот, па за син му на Бајден...

Во право е @bosko007. Ако некој сака да заработи нешто на берза, треба обратно да тргува од твоите совети :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom