Македонска берза

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.175
Поени од реакции
3.422
На крај излезе дека STBP е меѓу најликвидните акции на MSE. Еве и во овој тапа период на MSE секојдневно поминуваат големи количини.
Не само што е ликвидна, туку кој си купи на 600 - 700 денари дури на форумов објаснувавме за членовите од законот, си направи одлична заработка и очекува уште повеќе во блиска иднина.

@maksimmus и @Toma се уште ја чекаат на 150 денари. :tapp:
Се додека STBP не се конвертира, таа акција вреди од 150 до 400 денари,
тоа дека еве кај и да е ќе се конвертира го видовме, сега чекаме да се соберат 50% од сопствениците, па да видеме дали грците ќе даваат 800-900 илјади евра годишно од својот дел.
 
Член од
10 април 2013
Мислења
1.118
Поени од реакции
714
Sto mislite za FI na UNI banka, i nejziniot potencijal za rast , kako i moznost za prodazba na bankata?
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
Иако е левичар, и сака повеќе пари од компаниите во државната каса (за после тој “правилно" да ги разделува), сепак знае кои компании работат добро, и кои се достоен репрезент.

PKB е убедливо најпотценетата акција на MSE. Продолжуваат инвестициите, продолжува растот на приходите и на профитите... Ќе продолжи и растот на цената на акцијата. Кај и да е со зголемената пазарна капитализација, зголемувањето на ликвидноста и потенцијалниот влез на фондовите, ќе дојде и до зголемување на корпоративната култура. PKB to the MOON!

https://plusinfo.mk/пекабеско-повторно-ќе-аплицира-за/

upload_2018-9-11_18-44-12.png
 
Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
Sto mislite za FI na UNI banka, i nejziniot potencijal za rast , kako i moznost za prodazba na bankata?
Ја немам во портфолио, па може и не е умесно да ја коментирам . . .
Но бидејќи се сметам за добар познавач на банките, би го превзел тој ризик . . .
Секоја банка што не е во првите 5 (по актива и по кредити) е во подредена состојба и не е многу конкурентна на големите банки . . . Уни има добар раст последните 2 години и тоа е за поздравување, но претходно спиеше 7-8 години и мислам дека го изгуби чекорот . . . Треба да продолжи со агресивен раст и нема многу простор за дивиденда. На Уни и требаат 2-3 години кредитен раст од 25% за да стане респектабилна банка . . . За да го постигне ова ќе и треба докапитализација, а не дивиденда да дели. Ако не продолжи да расте ќе ја проголта времето, нешто како Стопанска Битола која на времето беше 4 банка, а сега е на дното . . . се поради глупост и фотељи . . .
Сега е тешко средните банки да се изборат за перспектива . . . .
Инаку сметам дека не е скапа . . . Вчера е анализирав. Сакав да почнам да ја купувам, но кренав рачна . . . . чекам уште некој добар квартал . . .
Инаку Уни банка е во многу подобра ситуација од ТТК, СТБТ . . .
Јас повеќе сакам големи банки кои штанцаат пари, кои делат дивиденда и во исто време растат . . . Уни неможе да ги постигне сите овие работи во исто време.
Мислам дека Уни може да ја купи некој како Шпаркасе или некој помал фонд . . . За тие со повеќе пари, посериозни играчи, има на понуда поголеми банки Охридска, Стопанска, па и Тутунска . . .
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
Мора да го споделам текстов иако нема поврзаност со MSE:

Ова е извештај што сработиле во текот на месец Август 2018 до Coinholders(акционерите) и Community:
Кога би имале вакво ниво на транспарентност и комуникација со акционерите ќе бевме на сосема друго ниво.

https://medium.com/skycoin/august-community-update-52bdbf1e762d
 
Член од
2 октомври 2017
Мислења
167
Поени од реакции
209
Мора да го споделам текстов иако нема поврзаност со MSE:

Ова е извештај што сработиле во текот на месец Август 2018 до Coinholders(акционерите) и Community:
Кога би имале вакво ниво на транспарентност и комуникација со акционерите ќе бевме на сосема друго ниво.

https://medium.com/skycoin/august-community-update-52bdbf1e762d
Случајно да не си горд сопственик на дел од овие коинчиња?
 

ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
634
Поени од реакции
620
Од анализа на акциите една особено ми привлече внимание. Би сакал некој од поупатените да даде свој коментар. По многу парамтери БИМ од Свети Николе изгледа супер. Знам дека повеќе од 50% ги има физичко лице од Свети Николе со неговата фамилија...4% имаат во сопствен откуп. На продажна страна не гледам налози па дали некој знае кој ги има другите акции, историја, можност за влез....
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
Од анализа на акциите една особено ми привлече внимание. Би сакал некој од поупатените да даде свој коментар. По многу парамтери БИМ од Свети Николе изгледа супер. Знам дека повеќе од 50% ги има физичко лице од Свети Николе со неговата фамилија...4% имаат во сопствен откуп. На продажна страна не гледам налози па дали некој знае кој ги има другите акции, историја, можност за влез....
Скоро никакви можности за влез. Единствената трансакција пред некое време, беше откуп на сопствени акции од нивни вработени. Инаку акцијата ги има сите фундаменти да биде во сечие портфолио.

Случајно да не си горд сопственик на дел од овие коинчиња?
Ооооооо @moonprince вчера те заборавив. Кај си да искоментираш нешто за СТБП, пошо пред некое време исправаше криви дрини. Дали ги продаде акциите од STBP? Дали си задоволен од моменталната пазарна цена? Или и ти ко другите двајца компањони без врска коментирате и ја чекате на 150 денари, а во меѓувреме испуштивте 100% добивка?

Не ми беше намерата да го промоирам Skycoin. Намерата ми беше да ја истакнам транспарентноста и до кое ниво на детали акционерите се информирани за работата на компанијата, како и потенцијалните акционери за можностите за идните приходи.

Да имам SKY, но ништо спектакуларно. Имам и други коини. Исто како тука, овој извештај го постирав во сите телеграм групи каде што имам коини, за како треба да изгледа еден месечен извештај на проектите кон своите community.

Треба ли да споредувам со транспарентноста кај нас? Се чека последниот ден, во 15:45 да бидат објавени полугодишните извештаите кои на пример УНИ ги има веќе готови и испратени до НБРМ месец дена претходно. Дали акционерите на Гранит добија одговор дали акциите од КМБ се купени со долг или со сопствени пари? ... И да не продолжувам за секоја ебена компанија на MSE. Комерцијална Банка на пример добива златно ѕвоно за транспарентност, а дури и врапчината што летаат во близина на Камен Мост ги знаат резултатите пред да бидат објавени на СеиНет.

П.С. Вчера цената на SKY беше 3 долари. Во овој момент е 3,37 долари или раст над 11% со истргувани 800.000 долари за 24 часа. За година дена, ќе те потсетам на овој пост.
 
Последно уредено:
Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
Bosko go vide li rastot na BDP za vtor kvartal?
За ова пишував . . . Да не се повторувам . . .
Страмота. Слабо. Разочарувачки е раст од 1,6% за 2018 година. Меѓу последните во Европа и во свет сме . . . Во владата нема човечки капацитет за повеќе, немаат стратегија, енергија, ентузијазам . .
За мене секој раст под европскиот просек е срамен, а во последните 6 квартали за жал е така . . .
Ти што ќе кажеш ???
 
B

Bafra

Гостин
Si kupiv denes BESK :)
Па и Гранит купи си шо, а може и Пелагонија Гостивар, уствари се што е градежништво, кај да е ќе почнат градежни активности. :D


Стефус шитна Тутунска а интересна ти била Бетон :confused: . Чудно типче си :cool:
 
Член од
11 јули 2017
Мислења
883
Поени од реакции
623
Kolku pari treba da dobie MPT za Gama ? Za drugar prasuvam :) I grejna sezona kaj u da e ke pocne ima li nekoj aber do kaj sme so greenjeto posto gledam strujata poskapela a i naftata si gazi ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom