Sto mislite za FI na UNI banka, i nejziniot potencijal za rast , kako i moznost za prodazba na bankata?
Ја немам во портфолио, па може и не е умесно да ја коментирам . . .
Но бидејќи се сметам за добар познавач на банките, би го превзел тој ризик . . .
Секоја банка што не е во првите 5 (по актива и по кредити) е во подредена состојба и не е многу конкурентна на големите банки . . . Уни има добар раст последните 2 години и тоа е за поздравување, но претходно спиеше 7-8 години и мислам дека го изгуби чекорот . . . Треба да продолжи со агресивен раст и нема многу простор за дивиденда. На Уни и требаат 2-3 години кредитен раст од 25% за да стане респектабилна банка . . . За да го постигне ова ќе и треба докапитализација, а не дивиденда да дели. Ако не продолжи да расте ќе ја проголта времето, нешто како Стопанска Битола која на времето беше 4 банка, а сега е на дното . . . се поради глупост и фотељи . . .
Сега е тешко средните банки да се изборат за перспектива . . . .
Инаку сметам дека не е скапа . . . Вчера е анализирав. Сакав да почнам да ја купувам, но кренав рачна . . . . чекам уште некој добар квартал . . .
Инаку Уни банка е во многу подобра ситуација од ТТК, СТБТ . . .
Јас повеќе сакам големи банки кои штанцаат пари, кои делат дивиденда и во исто време растат . . . Уни неможе да ги постигне сите овие работи во исто време.
Мислам дека Уни може да ја купи некој како Шпаркасе или некој помал фонд . . . За тие со повеќе пари, посериозни играчи, има на понуда поголеми банки Охридска, Стопанска, па и Тутунска . . .