Гранит извештајот е тапа . . . Зависи кој како го чита . . .
Оперативна добивка нула, приходи намалени за 30% а профит добар . . .
Ако споредите со 2016 . . .
Единствена добра работа за фирмата е КМБ и 2,5 милиони евра капитална добивка (ова го погодувам, зошто никаде не прочитав од каде им се оние 168 милиони најдолу . . .) тоа и ќе ја извади годината. Има и нов долгорочен кредит за акциите од КМБ
!!
Но тоа не ја поправа сликата за градежништвото . . .
Градежништвото е тапа ама Гранит ќе се извлече . . .
Јас никогаш не сум кажал дека се е црно . . .
Не е на арно, промашен е патот . . . Економијата стои кога во цел свет расте . . . Мизерно е, не е црно . . .
И тоа што беше добар систем на носење на странски инвестиции, бесрамно го плукаа, го растурија, а денес бесрамно се сликаат во фабриките што Грујо ги донесе . . . Еве ти пример:
https://sitel.com.mk/chagataj-kablo-pochna-so-proizvodstvo-vo-bunardzhik
Немаат ниедна нова поголема инвестиција . . . Ако имаат ќе расте и бдп и тоа ќе се види.
Околу оние 327 милиони странски инвестиции . . . Наброј 3 нови што ги знаеш ??? НЕМА . . .
Најголем дел од 327 се раинвестирана добивка од веќе постоечки компании . . .
Нема нови погони, нови градби, нови вработувања, само што не ја повлекле добивката . . . тоа се рачуна за странска инвестиција . . . Само Мети има 100 милиони профит . . . НЛБ 30 милиони, СТБ ги повлече и не се бројат . . .
Ако не ми веруваш еве читај го АЛСАТ . . .
https://www.alsat-m.tv/mk/половина-од-странските-инвестиции-ре/
Perfektni rezultati dali vredi da se vleze na ovaa cena? Ako dadat i dividenda bi bila interesna?
Ако дадат дивиденда ќе бидат топ. но и да продолжат вака да растат ќе бидат топ . . .
И сега се интересни, не се скапи, не ги следам многу . . .
Јас ги немам, сум се одлучил за ОХБ . . . но ако продолжат вака може да купам некоја . . . неможе човек се да има
. . .
На извоз од 2,2 милијарди евра доаѓа увоз на материјали од 2 милијарди евра, што значи ефект врз БДП од 200 милиони евра. Не дека се малку, но на 10 милијарди евра БДП, тоа се 2%. Другите 98% од БДП не се од зоните.
Бројките се лажни и постот е глупав . . . Многумина читаат, па затоа и реплицирам инаку не вреди..
30-40 илјади луѓе работат во тие фабрики и земаат плата . . . .
Најуспешната фирма во Македонија по приходи и профит е Џонсон Мети . . .
Најголеми работодавачи (иземи МВР и останати буџетари) се Дрекслермаер и Кронберг со по 6000 вработени . . . Овие не се во Зоните, но во исти кош ги збориме . . .
Не се 2%, незнам колку се (сигурно двоцифрено), но знам ако не се тие БДП ќе беше -3-4% . . .
Џонсон Мети само во буџет оваа година ќе уплати 30/40 милиони евра. . .
Странските инвестиции за првите пола година наводно достигнале 327 милиони евра. Со толкави пари можат да се отворат неколку десетици илјади работни места. Иако следам економски вести, јас навистина не забележав ни десетина од наведената цифра, а дури е евидентен и огромен одлив низ дивиденди и дивестирање (КМБ).
Еве нека пише некој доколку знае кои се тие огромни инвестиции пошо очигледно мене ми поминале под радар.
Бидејќи никој не пишува, никој и не знае посебно оние провладините мегафони . . .
Еве ме мене . . .
Охридска банка со 7 милиони евра ДОКАПИТАЛИЗАЦИЈА е во тие 327 милиони . . . А разбрав дека и Халк е на тој пат . . . Другите 320 незнам кои се, но НЛБ со некои 20 милиони сигурно е, оние што не ги повлече од добивката . . .