Македонска берза

Член од
23 јули 2017
Мислења
40
Поени од реакции
36
I kolku ke dade OHB godinava dividenda ?
Од страна на акционерот беше наведено дека ја поддржува Одлуката за зголемување на акционерскиот капитал преку емисија на акции по пат на приватна понуда, бидејќи смета дека е во интерес на сите акционери. Истакна дека цената која купувачот Сосиете Женерал СА ја плаќа за акциите е коректна и единствено се надева дека во иднина Банката нема да се задолжи со нов субординиран долг, како и дека Банката ќе продолжи со политиката на делење на дивиденда, и тоа во зголемен износ од 32 % ‒ 33 % од расположивата добивка за делба.


Тоа сум јас!!! Да нема забуна. И на форумот пред собранието ја изразив мојата подршка.
Некои ликови мешаат дивиденден принос 15% со поделба на 33% од профит . . . Тие две работи не се споредливи... Побитно е банката да расте годишно по 15% отколку да дели добра дивиденда.
Некој неможат да ми опростат за СТБ и моето предупредување кога таа беше најпопуларна на МСЕ, за денес скоро никој да не ја спомнува . . .
И не се каам ама баш ни малку што Ве предупредив дека СТБ и не е така ефтина акција на 970 денари . . . Тоа и пазарот го потврди. Види таа после 6-7 месеци е на 940 денари . . . Купував јас тогаш КМБ на 2600, 2700, па ми се нафрлија многумина дека сум безврска . . . . Охридска дополнив на 4600, 4750, 4850 пред месец дена. . . Можна е дополна на ОХБ или КМБ деновиве . . . .
Тие вносни дивиденди од СТБ ги оставам на други, нека им се алал парите. Јас распродадов 75% од СТБ акциите . . .
КМБ и ОХБ се банките на кои се кладам следните 2-3 години . . .
Всушност французите денес ги платија ОХБ акциите по 5536 денари, а вие имате можност да си купите на 5050/5100 денари скоро 10% поефтино од нив.


p.s.
Некои ликови неможат да поднесат кога некој не им ги преферира нивните акции . . . . Тоа не ти го простуваат. Они се во состојба да навлечат милион луѓе за да направат профит . . .
Па и кога сте во право они ја копаат главата во песок и те етикетираат политички, те вадат од контекст . . . . . . Цела среќе што приказната со СТБ и ТПЛФ се на моја страна сега за сега . . . инаку ќе ме расчеречеа до сега . . .
Кој сака дивиденда од СТБ 120 денари уште утре да си купи. СТБ ви се тргува на 1,25 боок бидете претпазливи !!!
А јас глуп мислев дека ќе добијам благодарност околу предупредувањето за СТБ, за предупредувањето околу резервациите на СТБ, па и Фени се случи, а тие ме убедуваа дека СТБ има „непостоечка“руда како залог . . . А ќе ги видите резервациите за 2017 год. благодарение на таа „руда“ :) .

Да нема забуни и потпрашања. . .
Акциите од ОХБ почнав да ги собирам на 2200, 2800, 1800, 1100, 950, 1000, 1700, 3500, 4700 . . . . Просек за ОХБ ми е 2500 денари сега проверив :) .
Има се на мојновац и од 2017 на кајгана . . . .
98% од трансакциите ги објавувам може да се провери. . .
А и во СТБ бев еден од поголемите физички акционери и добро ја познавам банката, па и тоа лесно се проверува. . . .
 
Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
I kolku ke dade OHB godinava dividenda ?
Дивиденда ако има ќе биде мала околу 100 денари . . . на Охридска и фалеше капитал за тој силен кредитен раст што го има и неможе да дели добри дивиденди . . . Откако ќе стигне до солидна позиција на пазарот ќе почне да дели 33-50% од профитот . . . . .

уште не е апдејтиран бројот на акции на ОХБ на сајтот на МСЕ? Колку се во моментот, ова сега ново е или тоа од претходно што беше? Нели зголемија еднаш пред неколку месеци?
извинете, не пратам многу, затоа прашувам, не сум у тек.
фала.
Бројот на акции не е апдејтиран бидејќи процесот не е завршен, СГ завчера дури ги плати . . .
Рачунај дека се 516.000 обични акции . . .

Ама така и пред да превземат мнозински пакет SG се ширеа патки и „анализи“ дека отворената понуда за OHB ќе биде околу 150 евра за парче, па многумина се извозија дури и над 10.000 денари ако добро ме служи памтењето, а ме служи :)
Многу ме радува фактот што неколкумина форумџии, сега веќе искусни на МСЕ, со голем успех го поминале курсот за пумпачи кој неколку години им го држеа хрватите, и дел од домашниве фондови.
Мојата порака до новите фаци на форумиве секогаш била и ќе остане: Мислете со своја глава, и верувајте им на своите инстинкти ;)
Ова е типично непознавање зошто се случи кризата во 2007/08 година и состојбата со ОХБ и целото превземање. . . .
Прво словенечките фондови беа тие што беа најзастапени . . . . .
Ако тие држеа лекции зошто тогаш скоро сите словенечки фондови пропаднаа!!!
Сите тие фондови продаваа на 5-8 пати пониски цени од тие што купуваа . . .
Пумпачи беа редици прости македончиња кои чекаа во редици пред брокерските куќи да купат акции како да купуваат леб од фурна . . . Купуваа се без да знаат што значи зборот акција . . . Меѓу нив и јас, идиот невиден . . .
Во тоа време не постоеја македонски отворени фондови . . . затоа и тие не се во прикаската . . .
јавна понуда имаше на 8200 денари и на таа цена Социете ги купи акциите, на 2.2 боока . . . . Тогаш банките по свет се тргуваа на 3-4 боока за разлика од денес кога се на 0,7 - 1,5 боока . . .
Отекс(кој беше најголем акционер во ОХБ) на СГ и на словенечките фондови своите акции им ги продаваше на 9000/10.000 денари . . . . Од денешно време кој бил паметен Отекс во стечај или словенечките фондови кои опљачкале се на македонска берза ????
Постот ти е безвезе. Вистинско непознавање. А посмешно што имаш куп лајкови и одобрување за тоа непознавање . . . Единствено паметно ти е . . . .
Мојата порака до новите фаци на форумиве секогаш била и ќе остане: Мислете со своја глава.
 
Член од
23 јуни 2017
Мислења
591
Поени од реакции
1.098
Do 28mi fevruari stopanska kje objavi rezultati, odma posle toa kje vidime I adekvatnost na kapitalot, pa nema da bide teshko da ja pogodime dividendata...

Ajde prognoza za stb za rezultati (neto dobivka po akcija za polesno, zoshto mnogu nuli ima :) )...

Od mene: isto kako lani +/-5%

P.s. nagrada za najtocnata prognoza nema, zoshto 2-3 pati pobediv ni edno pivo ne chastevte :)
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Дивиденда ако има ќе биде мала околу 100 денари . . . на Охридска и фалеше капитал за тој силен кредитен раст што го има и неможе да дели добри дивиденди . . . Откако ќе стигне до солидна позиција на пазарот ќе почне да дели 33-50% од профитот . . . . .


Бројот на акции не е апдејтиран бидејќи процесот не е завршен, СГ завчера дури ги плати . . .
Рачунај дека се 516.000 обични акции . . .



Ова е типично непознавање зошто се случи кризата во 2007/08 година и состојбата со ОХБ и целото превземање. . . .
Прво словенечките фондови беа тие што беа најзастапени . . . . .
Ако тие држеа лекции зошто тогаш скоро сите словенечки фондови пропаднаа!!!
Сите тие фондови продаваа на 5-8 пати пониски цени од тие што купуваа . . .
Пумпачи беа редици прости македончиња кои чекаа во редици пред брокерските куќи да купат акции како да купуваат леб од фурна . . . Купуваа се без да знаат што значи зборот акција . . . Меѓу нив и јас, идиот невиден . . .
Во тоа време не постоеја македонски отворени фондови . . . затоа и тие не се во прикаската . . .
јавна понуда имаше на 8200 денари и на таа цена Социете ги купи акциите, на 2.2 боока . . . . Тогаш банките по свет се тргуваа на 3-4 боока за разлика од денес кога се на 0,7 - 1,5 боока . . .
Отекс(кој беше најголем акционер во ОХБ) на СГ и на словенечките фондови своите акции им ги продаваше на 9000/10.000 денари . . . . Од денешно време кој бил паметен Отекс во стечај или словенечките фондови кои опљачкале се на македонска берза ????
Постот ти е безвезе. Вистинско непознавање. А посмешно што имаш куп лајкови и одобрување за тоа непознавање . . . Единствено паметно ти е . . . .
Мојата порака до новите фаци на форумиве секогаш била и ќе остане: Мислете со своја глава.
Ако ова сето е точно, нели е логично да се почека да помине процесот па да се купат акции од ОХБ
 
Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
Ако ова сето е точно, нели е логично да се почека да помине процесот па да се купат акции од ОХБ
Тоа што го пишувам за ОХБ се точни работи. Не сум јас како Максимус и Проф. Јосеф да тропам работи на памет. Измислици да прифаќам за вистина. Нивниот светоглед е стигнат само до Грујо и Мијалков . . . .
Странците во ОХБ почнуваат да влегуваат во 2005 со просечна цена од околу 3800 денари претходно имаа 0% учество . . . Константно купуваа се до 11000, нивното учество стигна до 78% од кое околу 20% имаа словенци и хрвати (денес имаат 1,3%), а остатокот СГ . . . Кога пукна кризата странските фондови почнаа со распродажба пошто зашто. Имаа секојдневен притисок за кеш и нешто што го купуваа за 10.000 денари го распродадоа по 1800/2200 денари, а имаше и таквии што распродаваа на 950 (Перспектива, КД, Звеза . . . мислам дека последни распродаваа). . . .
Скоро сите тие словенечки фондови пропаднаа . . .
Ова е вистината за кризата 2007/08 на берзите низ балканот . . .
Не е вистина дека словенечките фондови ни ги земале парите и избегале . . .
ОХБ е типичен пример за огромните нивни загуби . . .
Еве ти линк . . . Проверина кои цени ОХБ се тргува 2003 - 2006, и види дали некогаш се тргувала на 1000 ден. се до 2012 кога се последните распродажби . . . .
http://www.mse.mk/mk/stats/symbolhistory/OHB

ОХБ во 2007 година имаше околу 8 милијарди денари актива и околу 3 милијарди денари издадени кредити . . . На овие бројки СГ ја плаќа по 8150 денари, докупува и на 9000 денари . . .
Денес ОХБ има околу 35 милијарди денари актива и 24 милијарди денари дадени кредити ( 8 пати повеќе отколку во 2007) , за истиот тој период(2007-2016) СТБ има кредитен раст од 80%, а и КМБ е тука некаде . . . . од ОХБ поголем раст има само ХАЛК банка . . . .
И да СГ ја купи ОХБ на 2,2 боока, а денес е 0,7 боок . . . но ти спомнав се во свое време . . . тогаш беше друго време . . .
А оние горенаведени експерти ако имаат еден факт што сум згрешил ги молам да ме демантираат. Баш би сакал од нив некоја бројка да прочитам, а не само празни зборови !!!!

А ти ЗЕДД размисли со своја глава што ќе си купиш, дали и кога ќе купиш.
Јас кажувам само бројки . . . А парите се твои . . .
И јас сум кажал дека ОХБ ми е водечка акција во портфолио (може сум пристрасен), а многу експерти уште не сум чул да го разоткријат портфолиото или пак нешто да купат . . . .

Do 28mi fevruari stopanska kje objavi rezultati, odma posle toa kje vidime I adekvatnost na kapitalot, pa nema da bide teshko da ja pogodime dividendata...

Ajde prognoza za stb za rezultati (neto dobivka po akcija za polesno, zoshto mnogu nuli ima :) )...

Od mene: isto kako lani +/-5%

P.s. nagrada za najtocnata prognoza nema, zoshto 2-3 pati pobediv ni edno pivo ne chastevte :)
СТБ ќе има 2% подобар профит оваа година. Фени ќе го хендлаат така да не им го намали профитот од лани . . . Треба да се продадат во 2018 :) . Дивиденда ќе го поделат целиот профит . . . Очекувам околу 120 денари дивиденда.
 
Член од
27 ноември 2009
Мислења
963
Поени од реакции
920
Толку и ќе останат, 516.000 акции ОХБ? Или нова докапитализација има сега??? Никој не ми одговори.
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
423
Поени од реакции
516
Ако СТБ направи 41 мил. ЕУР или ТНБ 33 мил. ЕУР кинам диплома по берза :) .
ОХБ е над 5 милиони ЕУР, а КМБ над 10 мил. ЕУР . . . .
А се надевав дека тоа "кинам дипломата од берза" значи дека се спасивме од твоите тиради.
 
B

Bafra

Гостин
Почна со дивидендата . Незнам каде отиода парите за дивиденда што Бошко ги збореше дека ке ги има.[DOUBLEPOST=1518898110][/DOUBLEPOST]


Прво Ката да влезе па после може бобо.
Па за да не влезе Ката, затоа го примаат Бобо. Толку ли не сфаќаш, си сменија местата Курто и Мурто. Бобо ќе влезе, Рада ќе чува тужбите во фиока, Агир ќе дели дивиденда и сите среќни.

@bosko007 а и @dekis ако ОХБ не дава сега дивиденда т.е. ни за кикирики, значи ја купувате со очекување дека наредни години ќе не радува, како што Тетекс не освежува !!!
Јас имам ц.ц 15 акции ОХБ :D и се мислам и нив да ги трансферирам во ТНБ..
 
Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
@bosko007 а и @dekis ако ОХБ не дава сега дивиденда т.е. ни за кикирики, значи ја купувате со очекување дека наредни години ќе не радува, како што Тетекс не освежува !!!
Јас имам ц.ц 15 акции ОХБ :D и се мислам и нив да ги трансферирам во ТНБ..
Купувам ОХБ зошто мислам дека е ефтина.
Се надевам дека за 3 години ќе ја продадам дупло.
Верувам во компанијата.

Бројот на акции не е апдејтиран бидејќи процесот не е завршен, СГ завчера дури ги плати . . .
Рачунај дека се 516.000 обични акции . . .
Толку и ќе останат, 516.000 акции ОХБ? Или нова докапитализација има сега??? Никој не ми одговори.
Ти одговорив . . . Сега има 438.ххх +77.ххх (не регистрирани)= 516000 акции.
По ново ќе бидат 516.000 акции

Тутунска ќе има супер извештај очекувам околу 30 милиони ЕУР
Така да очекувам добри дивиденди кај сите 3 банки . . .

А се надевав дека тоа "кинам дипломата од берза" значи дека се спасивме од твоите тиради.
:)
Претпоставувам од 4 банки сум ја промашил ТНБ . . . направила 34,5, а јас сум типувал помалку од 33 милиони . . . . Е катастрофална грешка. Вистинско промашување . . .
го заборавив САЕМ вондреден приход од 6,5 милиони евра кој ќе биде само оваа година . . . .
Почекај ги и другите 2 банки (СТБ и ОХБ) па суди . . .
Кога ќе ги проектираш профитите за следната 2019 година земи во предвид поголеми резервации кај СТБ и ТНБ . . . Ќе биде расчистено со продажбата до тогаш . . . .
Ама не се секирај . . . Ќе олабавам малку . . . Кинам дипломата . . .
Ова искуство чини време и пари . . .
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Тоа што го пишувам за ОХБ се точни работи. Не сум јас како Максимус и Проф. Јосеф да тропам работи на памет. Измислици да прифаќам за вистина. Нивниот светоглед е стигнат само до Грујо и Мијалков . . . .
Странците во ОХБ почнуваат да влегуваат во 2005 со просечна цена од околу 3800 денари претходно имаа 0% учество . . . Константно купуваа се до 11000, нивното учество стигна до 78% од кое околу 20% имаа словенци и хрвати (денес имаат 1,3%), а остатокот СГ . . . Кога пукна кризата странските фондови почнаа со распродажба пошто зашто. Имаа секојдневен притисок за кеш и нешто што го купуваа за 10.000 денари го распродадоа по 1800/2200 денари, а имаше и таквии што распродаваа на 950 (Перспектива, КД, Звеза . . . мислам дека последни распродаваа). . . .
Скоро сите тие словенечки фондови пропаднаа . . .
Ова е вистината за кризата 2007/08 на берзите низ балканот . . .
Не е вистина дека словенечките фондови ни ги земале парите и избегале . . .
ОХБ е типичен пример за огромните нивни загуби . . .
Еве ти линк . . . Проверина кои цени ОХБ се тргува 2003 - 2006, и види дали некогаш се тргувала на 1000 ден. се до 2012 кога се последните распродажби . . . .
http://www.mse.mk/mk/stats/symbolhistory/OHB

ОХБ во 2007 година имаше околу 8 милијарди денари актива и околу 3 милијарди денари издадени кредити . . . На овие бројки СГ ја плаќа по 8150 денари, докупува и на 9000 денари . . .
Денес ОХБ има околу 35 милијарди денари актива и 24 милијарди денари дадени кредити ( 8 пати повеќе отколку во 2007) , за истиот тој период(2007-2016) СТБ има кредитен раст од 80%, а и КМБ е тука некаде . . . . од ОХБ поголем раст има само ХАЛК банка . . . .
И да СГ ја купи ОХБ на 2,2 боока, а денес е 0,7 боок . . . но ти спомнав се во свое време . . . тогаш беше друго време . . .
А оние горенаведени експерти ако имаат еден факт што сум згрешил ги молам да ме демантираат. Баш би сакал од нив некоја бројка да прочитам, а не само празни зборови !!!!

А ти ЗЕДД размисли со своја глава што ќе си купиш, дали и кога ќе купиш.
Јас кажувам само бројки . . . А парите се твои . . .
И јас сум кажал дека ОХБ ми е водечка акција во портфолио (може сум пристрасен), а многу експерти уште не сум чул да го разоткријат портфолиото или пак нешто да купат . . . .


СТБ ќе има 2% подобар профит оваа година. Фени ќе го хендлаат така да не им го намали профитот од лани . . . Треба да се продадат во 2018 :) . Дивиденда ќе го поделат целиот профит . . . Очекувам околу 120 денари дивиденда.
од што беше зафатен со мене и проф. Јосеф не му одговори на Зед што те праша,а напиша една страна без одговор на прашање од неколу збора.Ти си политичар кога си на зорт и се напињаш го гледаш човек право во очи и се му одговараш освен тоа што те прашува.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
го заборавив САЕМ вондреден приход од 6,5 милиони евра кој ќе биде само оваа година . . . .
Изгледа намерно го заборави пензискиот фонд во 2018, плус 2 милони исплатени сега во јануари од осигурителна компанија заради грабежот лани.

Кога ќе ги проектираш профитите за следната 2019 година земи во предвид поголеми резервации кај СТБ и ТНБ . . . Ќе биде расчистено со продажбата до тогаш . . . .
СТБ и ТНБ не се КМБ за да го вадат ќарот од ставката Исправка на вредноста на финансиските средства. ;)
 
Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
Изгледа намерно го заборави пензискиот фонд во 2018, плус 2 милони исплатени сега во јануари од осигурителна компанија заради грабежот лани.
СТБ и ТНБ не се КМБ за да го вадат ќарот од ставката Исправка на вредноста на финансиските средства. ;)
1. Да сум на твое место не би се радувал кога ми ја пљачкаат банката, после осигурителната компанија да ми ја надокнадува штетата. А што мислиш осигурителните компании даваат џабе пари . . . Па следните години сигурно ќе платат повисоко осигурување . . . .
2. Знае ли некој на форумов колку се продаде НЛБ пензиски фонд. Од тие пари ТНБ има 50% . . . И главно прашање како ќе се книжи ??? Ќе има капитална добивка или загуба? Колку е моменталната книговодствена вредност на уделот што го има ТНБ во фондот, а колку е продажната вредност на истиот?? Гледам дека се расфрлате со милиони (16, 18, 100...), па верувам дека ја знаете бројката???
3. Зошто нема раст на цената на акцијата на ТНБ. На п/е=5 секоја акција би требало да скокне . . . Дали пазарот е глупав и не ја цени доволно???

СТБ и ТНБ, како одлични и профитабилни банки тапкаат во место веќе 8 месеци . . . А КМБ како „перална“ има раст 30% за истиот тој период . . . . Таа „исправка на вредност“ лесно може да се преточи во останати приходи . . . . Кој бил во право времето ќе покаже . . . Засега КМБ е со поголем раст . . .
Не е злато све што сјае . . .
Извинете длабоко што ги преферирам КМБ и ОХБ пред СТБ и ТНБ :) . . . . не сакам компании кои се во мода . . . Изразувам каење и се надевам дека ќе ми простите . . .
Јас не се лутам кога некој ми ја плука КМБ и ОХБ :) . . . Другата година ТНБ и СТБ ќе направат по 100 милиони и акциите ќе скокнат за 200% само вие да ми бидете спокојни . . . само купете си на време за да го фатите растот . . .
п.с.
Никогаш на никого не сум му кажал да купи акции од било која фирма. Секој има памет сам да си одлучи. Но ако јас за мој пари си купувам акции од ОХБ и тоа јавно го соопштувам значи дека сметам дека е поволно, а дали сум во право времето ќе покаже . . . Една СТТБ и може цела игранка да ја расипе . . .
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom