Официјална информација од Скопски Пазар за затворањето на продавниците.
http://skopskipazar.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=278:2018-01-16-14-39-49&catid=3:denes&Itemid=97&lang=mk
Вторник, 16 Јануари 2018 14:22
Скопски пазар АД Скопје ја објавува следната:
ИНФОРМАЦИЈА
http://skopskipazar.com.mk/images/stories/Informacija.pdf
СКОПСКИ ПАЗАР А.Д.
во приватна сопственост за услуги во
Прометот и трговија извоз-увоз
Бр.02-304/__-__/16.01.2018
Скопски пазар АД Скопје на својата официјална интернет страница
www.skopskipazar.com.mk ја објавува следната:
ИНФОРМАЦИЈА
1. Ја известуваме јавноста дека Скопски пазар АД Скопје согласно определбите на Друштвото за изнаоѓање прифатливо деловно решение за состојбите во дејноста трговија, како и стратешката определба на менаџментот на Друштвото да се одбегнат можните ризици во дејноста трговија и да се обезбеди и унапреди деловниот капацитет на Друштвото во целина, има превземено конкретни активности за укинување на преостанатиот дел од регистрираните продружници на СКОПСКИ ПАЗАР АД Скопје кои обавуваат трговија на мало во неспецијализирани продавници, претежно со храна, пијалоци и тутун, а кои претставуваат:
• СП Маркет 4 Чаир, со седиште на ул.Ќемал Сејфула бр.5 Чаир, Скопје;
• СП Маркет 11, со седиште на ул.Иван ХаџиНиколов бр.12 Драчево-Кисела Вода, Скопје;
• Макси-Д Дисконт 3, со седиште на ул.Атанас Митрев бр.3А Аеродром;
• Макси-Д Дисконт 5, со седиште на ул.Шуто Oризари бр.55 Шуто Оризари, Скопје;
• СП Маркет 8, со седиште на ул.Руѓер Бошковиќ бр.3А Карпош, Скопје;
• СП Маркет 10 Бутел, со седиште на ул.Александар Урдаревски бр.15 Бутел, Скопје;
• СП Маркет Расадник-Кисела Вода, со седиште на ул.Народни Херои бр.12 , Скопје.
• СП Маркет 1, со седиште на ул.Ѓорче Петров бр.7 Ѓорче Петров, Скопје;
• СП Маркет 13 Автокоманда, со седиште на ул.Бапчор бр.4 Гази Баба, Скопје и
• СП Маркет 9 Тафталиџе, со седиште на ул.Московска бр.15 Карпош.
2. Недвижниот имот-деловен простор на укинатите подружници, сопственост на Скопски пазар АД Скопје, се предмет на преговори и конкретни договори за закуп на недвижниот имот со заинтересирани субјекти под услови од интерес за Друштвото, кои претставуваат деловен потфат интер партес под клаузула на дискреција.
3. Скопски пазар АД Скопје, во рамките на Секторот за трговија и угостителство, има регистрирано и организирано подружници ФРЕСКО за продажба на мало на храна-готвени јадења, бели пецива и сокови, кои и понатаму ќе ја развиваат трговијата на мало со храна и пијалоци.
4. Скопски пазар АД Скопје останува и во иднина посветен кон својата деловна ориентација: Издавање на деловен простор, недвижности и пазари и трговија на мало во неспецијализирани продавници, претежно со храна, пијалоци и тутун.
СКОПСКИ ПАЗАР АД СКОПЈЕ