Што мислиш, колку би одела акцијата во следните денови, има ли шанса да надмине 12.000?
Жалам што можеби ќе те разочарам, ама оваа цена денес од 10.800 беше со очекувања за бруто дивиденда од 1.100 денари, а некои по-оптимисти очекуваа и 1.200 денари по акција.
Не очекувам бар до дивиденда да се надмине 12.000, тоа можеби малку подоцна.
Баш ме интересира како утре ќе реагира цената на акцијата по информацијата за висината на дивидендата.
Иако резултатот е супер, и дивидендата од година до година експоненцијално се зголемува сепак од акцијата на TNB некако пазарот има High Expectations. Моите очекувања се дека ќе има надолен тренд на краток рок баш поради овие високи очекувања.
Иако да бидиме реални ако се компарира со KMB и ALK, акцијата и дивидендата е супер, но на овие цени на пример BESK е подобра опција.