Како тргнала работата телеком ќе стане пени сток
Тоа значи ситна боранија ?
Ако значи тоа, не би било никакво изненадување, услугите им се тапа и покрај новата оптичка телекомуникациска мрежа со која можат да нудат 10 пати подобри услуги од сегашните, а кога ќе имаат посовремена опрема преку истата оптичка телекомуникациска мрежа ќе можат да нудат и 100 пати подобри услуги од сегашните.
Но претходно мора да се направат нови чистки, секоја година редовно испраќаат понуди за вработени кои би прифатиле да си заминат од работните места во замена за отпремнина. Во октомври 2016/ноември 2016 понудата беше нешто над 20.000 евра за секој кој е на возраст од 50 години или повеќе, кој би прифатил да си замине заклучно со 31 декември 2016. Малкумина ја прифатија понудата, па направија исклучок и дозволија и вработени кои се блиску до 50 години - 47, 48, 49 годишни, да си заминат, со малку пониска отпремнина.
Телевизиската понуда им е тапа наспроти телевизиската понуда на кабелските и дигиталните оператори, но сигурно ќе проработат на подобрување на телевизиската понуда оваа 2017 година, не бидејќи така сакаат, туку бидејќи така мораат, не сме сите навлечени на Арена Спорт каналите за да одлучиме да користиме MaxTV, некои како мене на пример, повеќе ме интересираат музичките и филмските канали.