Прашање до вас антикапиталистиве ?
Ако КМБ излезе со 1.175 денари ЕПС за 2022 година (конзервативно, раст 15%), дивиденда 22' од 650 денари а со тоа следствено п/е 9.4 со 5,9% dividend yield, дали акцијата е под/преценета во овој момент ?
#DEBUNKING THE KAJGANA FORUM MANTRAs
Според мене е потценета, ама не само заради работењето од оваа година, туку и заради тоа што следи:
Кратка споредба, во годините како 2011-2012-2013та (овие години се со многу слична камата на благајнички записи), КМБ правела околу 30-50% повеќе нето приходи по однос на камата (мн груба пресметка).
Во услови кога немаме значително забавување на кредитирањето, тоа некако упатува дека наредните 1-2 години приходите по овој основ треба да се зголемуваат, а исто така да се зголемува и добивката.
Каматните стапки мислам ќе останат на вакво или повисоко ниво добар период додека вистински не се забави инфлацијата, па и уште малку по тоа.
КБ е безбедна и стабилна банка која има и добар бренд, чустуваат луѓето сигурност во банката според мене (битно е многу за мене).
Така да, сметам дека акцијата е сега со доста добра цена и ќе биде барем уште 1-2 години, а се надевам и подолго.