Македонска берза

Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
АД за неметали ОГРАЖДЕН Струмица
Автоматски споено мислење:

Пратив укажување до мсе дека друштвото не ги објавува сите документи што треба пред одржување на собранието.
За такво непостапување лани друштвото беше опоменато.
И, укажав и дека друштвото сака да се преобрази од АД во ДОО и тоа со нецелосна објавена одлука пред собранието и по собранието (не се објавени кој ќе се содружниците и со колкав удел.) Според мое мислење тоа го прави само за да ја избегне обврската објавување на ревизијата. За таква одлука за делење исто така АД од Струмица беше ставено на листата за интензивно следење после 6 дена од објавувањето на одлуката на интернет. За нашето ништо. Меѓутоа не ме задоволуват опомените од МСЕ и доаѓа дека со моето укажување пректично го подучувам што до прави.

Сметам дека сега со појавата на незаконска трансакција на македонската берза работа треба да има за Јавниот обвинител. Ни е открадната добивката за купување на незаконски акции.

Годинава има повторно донесено одлука за купување на сопствени акции повторно од идната добивка.

Кој инвестититор ќе сака да ги купи моите акции во друштвото кога прават такви далавери?
Ако сакаат да го направат ДОО, а ти не сакаш да учествуваш со удел во тоа ДОО, Друштвото е обврзано да ти ги откупи твоите акции по книговодствена цена на акцијата.
 
Член од
26 август 2013
Мислења
172
Поени од реакции
178
Таман си е. Чиста пруденција пред 50те поенчиња од Легард (n) .

Зелено ќе биде мсе денес, сакаш у 50 марки? ;)
Да де, за 50 марки ќе си ја купам SBT, ќе рипне индексот одма, гратис ќе ми искочи така акцијата :D :D
 
Член од
2 октомври 2017
Мислења
167
Поени од реакции
209
Се растегнува разликата помеѓу ASK и BID, па одеднаш коге ќе откачи BIDot МСЕ ќе се катапултира во облаци :)
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Последно уредено:
Член од
5 јули 2014
Мислења
30
Поени од реакции
49
Ако сакаат да го направат ДОО, а ти не сакаш да учествуваш со удел во тоа ДОО, Друштвото е обврзано да ти ги откупи твоите акции по книговодствена цена на акцијата.
Книговодствената цена на акциите не одоговара на вистинската. Самиот мнозински акционер уште пред 10 -на години ја процени акцијата 4 пати со поголема вредност одошто сегашната книговодствена. Тоа го правеше при заверката на полномошна пред нотар за купување на акциите на другите акциинери. Претходно и навистина исплати по таа цена, под рака, на 6 души. Така мој колега доби за акиите 100,000 еур и си отиде пензија, а на другите 5 им исплати на рака по 20.000 еур и тие си отидоа пензија. На другите акцинери што му потпишаа полномошно им даваше на рака по 4 пати помала вредност од книговодствената и останаа на работа.

Сега воопшто не сакам да потсетувам на тоа од каде му парите што ги исплаќаше на рака.

Во секој случај имаше храброст (или како ќе го наречеш другачие) тоа да го прави, а ние верувавме во правниот систем.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Кога спомна исплаќање за акции на рака:

Г-ѓата Весна ме преспринтала и станала втор најголем акционер во ПКБ. Во очигледно претходно договорени и темпирани трансакции, акциите ги продале Хрватите, а половина од своите продал и најкрупниот од малите акционери, т.е. токму луѓето коишто најмногу ширеа дефетизам и ги пасивизираа активностите. Се надевам само дека добиле уште сериозна количина у кеш преку тие 16.000 по коишто акциите поминаа на берза
 
Член од
23 јуни 2017
Мислења
592
Поени од реакции
1.102
Konecno denes padna otporot kaj mpt... Neshto dokupiv na 68-69.000... da ne recam, transparentnost na nivouuu...

P. S. Se molat site dobronamerni brokeri da im kazat na tie sto prodavaat deka ne mora da vadat celi kolicini akcii, moze da pishat nalog so skriena kolicina...
 
Член од
5 јули 2014
Мислења
30
Поени од реакции
49
Член 338 од ЗТД
Правата од стекнатите сопствени акции мируваат.

*Или во превод: Сопствените акции немаат право на глас ниту на дивиденда
Како што е идејата, што би било ако сопствените акции би ги купил надворешен инвеститотор. Капиталот на друштвото би се зголемил, сопствените акции некој би ги претворил во обични оти нема логика некој да купува акии а да нема право на глас и на дивиденда.
Претварањето би требало да се направило кога цената постигната на берзата би се уплатила.

Кој е тој некој кој би ги претварал акциите од сопствени во обични и со што решение, заклучок, одеобрение, би го направил.

Исто би требало да биде и кога друштвото купува сопствени акции. Кога за сопствените акции ќе се уплати добивката, како што е одлучено, тие би требало да ги претвори во обични и да гласат на име на секој од тие што имат дивидента.

Ако некој има пристап до известувањето кога е извршена продажбата би молел да ми го испрати.
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
MSE Quarterly Earnings Season expectation:

- Живко за АЛК веќе најави дека и покрај зилион предизвици ќе има раст. Воглавно и цело фармако.
- Банкарскиве акции немаат зима во вакви услови на затегачка политика на Народна банка со покачени каматни стапки на благајнички записи (секако да не дое до пролонгиран период)
- Макпетрол, Гранит и телекомуникации не гледам проблем во Q2 со шо единствено MTUR и ТТК од цел индекс би можеле да затајат само.
 
Последно уредено:
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Г-ѓа Весна им ги собрала акциите по 16.000 + ситно на покрупните акционери од ПКБ, ама еве сега не ја интересираат петте што се продаваат по 16.000. Ова наведува дека имало некаква кеш-доплата за претходните продавачи што понудиле поголема количина
 

Kajgana Shop

На врв Bottom