Македонска берза

Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Многу Албанци почнаа да се интересираат за Пазарот на капитал во Македонија:

Комисија за хартии од вредност (sec.gov.mk)
Уште да можеше и со кеш да се работи и ќе беше топ за нив... Ама затоа можат да се покажат како големи стручњаци и регулатори и примачи на плати во администрацијата. Баш би сакал да ги прочитам наградените трудови и да видам колку се квалитетни, а знам дека КХВ е предводник во промовирање финансиска билингвалност затоа што одговорите на моите дописи им биле со потполно бескорисен и непобаран превод на албански. Треба да се расчепка колку се плаќа за таква непотребна работа и кому
 
Член од
15 февруари 2022
Мислења
120
Поени од реакции
156
Многу Албанци почнаа да се интересираат за Пазарот на капитал во Македонија:

Комисија за хартии од вредност (sec.gov.mk)
Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следниве измени во органите на управување:
Известуваме дека е извршена промена и во органите на управување и на местото на членот на Одборот на Директори Христина Фуна, која си поднесе оставка, е избрано лицето Селаудин Арифи, за што ја објавуваме одлуката за неговиот избор.

SEI Net V2
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Utre prv den na trguvanje so TEL bez pravo na dividenda.

Po moja matematika 370-20=350. Aj da vidime kako ke presmeta pazaroff
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.934
Денес mse отвара во 13:30!

#Велком сесро Ursula Gertrud von der Leyen; # на Иван Штериев да му се спушти притисокот АСАП:cujte:
 
Член од
21 јуни 2022
Мислења
14
Поени од реакции
15
Дали мислите дека приходите на банките би се зголемиле кај нас имајќи предвид дека се зголемуваат и каматните стапки?
 
Член од
26 март 2021
Мислења
58
Поени од реакции
93
Се гледа ли дното на цената СТБ по веќе "извесната" конверзија на СТБП ??? На форумов имаше членови што ја гледаа акцијата и на 1.600 ден, ама се ми стои дека конверзијата на приоритетните ќе ја повлече во спротивен правец...
 
Член од
31 август 2017
Мислења
237
Поени од реакции
164
Се гледа ли дното на цената СТБ по веќе "извесната" конверзија на СТБП ??? На форумов имаше членови што ја гледаа акцијата и на 1.600 ден, ама се ми стои дека конверзијата на приоритетните ќе ја повлече во спротивен правец...
Neka go resat beton ....I 1600 nema nikad da ja vidis osven vo prviot bran
 
Член од
26 јануари 2008
Мислења
259
Поени од реакции
184
Дали мислите дека приходите на банките би се зголемиле кај нас имајќи предвид дека се зголемуваат и каматните стапки?
Bankite kako KB. I TNB. Koi imaat zemeno ogromen broj na blagajnicki zapisi zamisli kolku ke karat samo od promenata na kamatnata stapka zemaa na 0.25 sega e 2.5
Автоматски споено мислење:

:angel:
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Откај па тоа дека конверзијата на СТБП е извесна??? Гркот ќе ве преведе сите преку вода и да не е законски у право, а не па вака кога законот е на негова страна
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.934
Рецесиите се од рајот излезени, по 47,8ми пат... Имало повеќе од 30 до сеа а ќе има уше 4 милиони веројатно у иднина ... so what???...За добро се дојдени. Коа има вишок незаслужени средства у оптек и вишфул тинкинг исходи се активираат трендови како НФТ-s и Крипто шитс каде каде под знак прашање се ставаат националните валути и интринсик велју на нештата од коа постои светот. Рецесјата има една улога ин есенс а тоа е да избрише неквалитет и спекјулет траш ,,асетс'' како и безнадежни шит играчи и типови како Wau -Gala и к*р ти знам јас гревови пар екселанс шо пари виделе само у бројка на пин-бол у основно на одмор. Или еве ако сакате и на BTC во хајп распон од 59 на 60k . Дое време за ,,Фарвел'' од оваа инвестинг проблематика другарчиња несреќни пошо депресијава ќе потрае минимум едно две години. Таман да си ги заборавите пасвордите од јахуу фајнанс, ИБКР,FTX, Binace и кајгаана ;)
 
Последно уредено:
Член од
5 јули 2014
Мислења
30
Поени од реакции
49
Имам две прашања за акции: 1. За сопственост и 2. За перење пари преку берзата.

Јас сум сопстевник на 200 акции во друштвото АД ХХ и тоа малцински.

Акциите на Друштвото се состојат од акциите од мнозинските акционери, акциите од малцинските акционери и сопствени акции на друштвото од 20% од главницата кои во друштвото останале уште од приватизацијата и сметам дека се заедничка сопственост на сите акционери.

Мнозински акционер (со преку 51% од акциите) е една фамилија од татко , мајка и два сина.

Од последниот консолидиран финансијски извештај за 2021 год., даден на увид во 2022 год., видов дека друштвото во 2021 год. ги продало акциите што се водат на име на друштвото и после пак во иста аколичина ги купило, за што во претходнатат година, со мнозинство гласови на Собрание на акционери, донел одлука да ги продаде на берзата за износ кој ќе биде еднаков на износот на добивката од претходната година.

Сметам дека ако сум сопственик на 200 акции запишани на мое име во акционерската книга во АД ХХ тогаш сум сопственик и на дел од заедничките акции запишани како сопствените акции на АД ХХ во акционерскста книга на АД ХХ.

За продажбата на мојот дел од акциите во сопствените акции на друштвото јас самиот не сум учествуал на берзата ниту пак некој сум ополомоштил во мое име да ги продаде ниту пак после некој да ги купи. Јас на берзата не сум располагал ни со мојот доел од добивката на душтвото АД ХХ со која ги купило акциите а ја има остварено во претходната година.

1.Прашањето за сопстениост е:
Како може некој во мое име да располага со моја сопственост на регулиран пазар као што е беразта и брокерски куќи, Центарлен регистар, нотари ..... ?
Дали, на ист начин, со донесување на одлука на собрание на акционери, ќе може утре – друг ден, мнозинскиот акционер да донесе одлука дака ги продава за еден денар и 200 акции запишани на мое име, а во купопродажбата јас воопшто да не учествувам?
Ваквата купопродажба на зедничка сопственост е незамислива кога се работи за купопродажба на недвижнина и кога се бара секој од заедничарите посебно нотарски да се изјасни за својата сопственост.

2.Прашањето за перење пари преку берзата за акции е:
Како ќе може државата да наплати данок од добивката од душтвото кога тоа, со своја одлука, одредува да се купи и продаде сопствени акции за износ на добивката и кога после тоа врши друго книжење со кое не исклажува добивка?
Кои средства за принуда и остануват на државата кога не е уплатен данок од било колкава добивка кога трансакцијата е остварена на легален-регулиран пазар. - берзата?



За контакт dasty389@gmail.com
 
Член од
7 септември 2018
Мислења
297
Поени од реакции
401
Напомена, ова не е правен совет. За правно толкување на законите, обратете се до адвокат.

1.По прашање на сопственост. Ти си сопственик на акциите што се запишани на твое име. Единствено ти можеш да тргуваш со акции што се во твоја сопственост. Единствено по налог на суд може да бидат продадени твоите акции без твоја согласност. Акциите во сопственост на друштвото не се заеднички акции. Тие претставуваат средство (асет) на друштвото од типот на пари во банка, недвижности, производни хали, возила и со нив друштвото располага. Акции откупени од страна на друштвото може да се користат како начин за собирање на финансии (преку продажба) или за реинвестирање на добивка (преку купување). Доколку на акционерско собрание е изгласана продажба/купување на акции на друштвото, тогаш тоа е легална одлука и е на исто ниво како продажба/купување на нов производствен погон, недвижност и сл. АД обично практикуваат продавање на акции на друштвото кога се по повисока цена и купување на истите кога се по пониска.

2.Во однос на второто прашање. Самата трансакција не се оданочува, пошто во Македонија се уште важи ослободувањето од плаќање на данок на добивка што потекнува од продажба на хартии од вредност.
 
Член од
5 јули 2014
Мислења
30
Поени од реакции
49
Акциите во сопственост на друштвото не се заеднички акции.
Ние овде сме соберени за да разменуваме свои искуства и знаење.
Ако акциите во сопственост на друштвото не се заеднички тогаш интересно ќе биде да чуеме кој ќе гласа со нив на собрание - кому ќе му се препишат тие гласови. На собрание обично учествуваат само акционери па ќе дојде некој акционер двапати да гласа, што е недозволиво па макар да е и некој од монозинските акционери. Исто така интересно е да чуеме кој ќе ги претставува тие акции на берзата и дали како физичко или правно лице.
 
Член од
30 април 2018
Мислења
256
Поени од реакции
504
Ние овде сме соберени за да разменуваме свои искуства и знаење.
Ако акциите во сопственост на друштвото не се заеднички тогаш интересно ќе биде да чуеме кој ќе гласа со нив на собрание - кому ќе му се препишат тие гласови. На собрание обично учествуваат само акционери па ќе дојде некој акционер двапати да гласа, што е недозволиво па макар да е и некој од монозинските акционери. Исто така интересно е да чуеме кој ќе ги претставува тие акции на берзата и дали како физичко или правно лице.
Член 338 од ЗТД
Правата од стекнатите сопствени акции мируваат.

*Или во превод: Сопствените акции немаат право на глас ниту на дивиденда
 

Kajgana Shop

На врв Bottom