Да напишам кратко за Собранието на Пекабеско:
Бар според мене немаше нешто неочекувано. Можеби сега на сите ни стана јасно дека компанијата станала заложник на Слободан. Можеби во некој временски период направил некои чекори и ја спасил и не завршила како многу други компании кои биле под самоуправување, но сега веќе во повозрасни години со набилдано огромно его, пробувајќи се уште да остани релевантен прави еден куп деструктивни ирационални потези кои Пекабеско го поставија на пиедесталот како лош пример за Корпоративно управување дури и во вукојебини како Македонија.
Но да бидеме начисто не дека не сум видел нешто слично. Пред некоја година за прв пат на Собрание на Прилепска Пиварница. Исто стариот имал некој его трип, младиве не го послушале за некоја одлука во компанијата, па онака за инает да покаже колку е тој битен и дека без него не можа ништо, без да најави не се појави на Собранието. Видоа, не видоа бидејќи нема кворум, го презакажаа собранието за 2 недели. Бидејќи глупо се осетија, бидејќи јас бев дојден од Скопје, ме поканија да поразговараме за работењето на компанијата и тековните проблеми. Во секое лошо има и добро, па еве од тогаш одам на сите собранија и наоѓаат саат време пред или после Собрание да ме испоштоваат. Стариот се појави на презакажаното собрание, се сликаше, по некој ден ги раздели акциите, па година дена подоцна и се одјави. Младите останаа во компанијата, оперативно добро ја менаџираат, подобрија некои работи во корпоративното управување и еве оваа година поделија дивиденда која планираат да биде редовна во наредниот период.
Овде продолжуваме по старо. Изгласа незаконски Награди на вториот и третиот менаџер (Кои ако ја кажуваа вистината, ни тие не се за таа Одлука), тоа ќе повлечи нова Тужба, нови судски трошоци, нови адвокатски трошоци. Ќе плати пред време даноци. Бидејќи се незаконски по извесно време Судот ќе ги поништи, па ќе се создаде хаос со враќање на парите и слични глупости... Тоа е се за на стариот да му биде интересно и да води инает. (Во меѓувреме ќе го искинат од Адвокатското друштво, наплатувајќи секакви адвокатски трошоци, писанија и слично (иако и тие не веруваа во она што треба да го бранат, па на едно од рочиштата ни рекоа дека пред да инвестираме освен финансиските извештаи требало да го запознаеме „Главниот“ затоа што ако сме го знаеле сигурно немало да инвестираме). Ќе помине време и тој ќе се пензионира или ќе се одјави, компанијата ќе продолжи. Од она што гледам таму, можеби да не беа вакви околностите со Анатол може да се соработува за на подлг рок.
Пред некое собрание Одборот на Директори на Пекабеско ме прашаа како гледам на Одлуката за Награда на Слободан, дали е морална или криминално погрешна. Во изминатиов период бев против секакво мешање на надворешни фактори (Медиуми, државни институции и приватни соработници...) затоа што сметав дека сепак секоја негативна информација ја повредува компанијата и цената на акцијата на компанијата. Но после овие одлуки на Собранието и зголемувањето на плати со кое драстично ја намалуваат нето добивката на компанијата, сметам дека Човекот нема капацитет да го разбери Акционерското работење, и дека нема простор за комуникација со него. Тој во иднина не треба да продолжи да комуницира со Акционери туку со Организации задолжени за комуникација со криминогени типови.
Мора да потенцирам дека од овој случај, а можеби и од случајот на СТБ приоритетни ќе добијат сите акционери во Македонија. Со претходната добиена пресуда, буквално секој акционер може да бара каков документ сака од која било компанија која што котира на Македонска Берза и ако тие одбијат, може на Суд да се повика на оваа пресуда. Исто кога ќе се добие Пресудата и за Незаконски доделената Награда ќе може да се искористи во секоја друга компанија... Така да нема потреба тука од ситење и не знам што уште не. Се сомневам дека некој од цел форум има повеќе одено на Собранија на различни компании од мене, така да можам да заклучам дека општо Корпоративната култура и раководење е на најниско ниво во Европски рамки (се уште има социјалистички менталитет, и главните менаџери се автократи кои не сакаат никој да им им ги оспорува одлуките и кога им се погрешни), така да секој напор во овој сегмент, без разлика кај која и да е компанија и Собрание е добредојден и треба да се поддржи.