Македонска берза

Член од
26 јануари 2008
Мислења
287
Поени од реакции
212
Evropskive a i Americkive berzi si pocnaa so ubav rast veke tri dena po red .Deneska ili eventualno utre ocigledno ke bidat posledni denovi od rasprodszbata kaj nas
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Не постојат случајности во инвестингот како и воопшто во животот, дури и коа ги има (n)

Во прилог е одлуката од Апелација за ПКБ преку која се одбива жалбата на чкембариве и која оди во прилог на Владимир Кандикјан и останатите мали акционери.
Судот овозможил (досудил) презентација и препис до акционерите на:
-договори за уредување на односите меѓу друштвото и извршниот и управниот одбор на директори
-записници од собранија и седници
-одлуки за распределба на добивки од 14 па до 18та година , оф оф оф...
и др.

# Распределбите на добивките да ги враТЕТЕ :neetaka:
Пошо гледам дека ваква важна работа ќе помине под радар, уште еднаш да ви свртам внимание на пресудава. Можеби за првпат досега, мал акционер се изборил судот да ѝ нареди на компанијата да му достави информации од работењето! Со ова се воспоставува судска пракса, па во секое идно барање за информации ќе може да се повикате на првостепената пресуда и ова потврдувачко решение, и тоа се само за ПКБ туку и за „пречесните“ перјаници на МСЕ како АЛК, КМБ и сл.
 

Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
342
Поени од реакции
333
Evropskive a i Americkive berzi si pocnaa so ubav rast veke tri dena po red .Deneska ili eventualno utre ocigledno ke bidat posledni denovi od rasprodszbata kaj nas
КМБ наредна недела раззеленува, таков и е животниот циклус. Нема шанси да испушти некој да купи на 11700, зашто верувам дека тоа е новата почетна точка за КМБ. Нема веќе 9000 ден, освен Рујсте ако не пуштат нуклеарка. Ако грешам, нек изгорам.
 
Член од
26 јануари 2008
Мислења
287
Поени од реакции
212
Denes od sabajle cela azija vo dlaboko zeleno i evropa so ubav rast denes
Автоматски споено мислење:

Branov veke treba da pocne i nas da ne diga
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Denes od sabajle cela azija vo dlaboko zeleno i evropa so ubav rast denes
Автоматски споено мислење:

Branov veke treba da pocne i nas da ne diga
Пази шо си кажал. Јас одело уше сабајле стаив за испраќање на мечката :unsure:
 
Член од
26 јануари 2008
Мислења
287
Поени од реакции
212
I Amerika pocna so top rast cetvrti den po red se vrakaa kaj sto bea
Автоматски споено мислење:

:)
Автоматски споено мислење:

Pomedelnik kaj nas bi trebalo veke da pocneme u zeleno
Автоматски споено мислење:

Lugevo konacno svatija deka mediumite se opasna prpaganda
 
Член од
7 септември 2018
Мислења
297
Поени од реакции
402
Се надевам и очекувам КМБ да падне на 10к, сакам да купам уште и барам подобар поврат.
 
Член од
26 јануари 2008
Мислења
287
Поени од реакции
212
Nadesta posledna umira Nekoj od cekanje i si otisol
Автоматски споено мислење:

:):)
Автоматски споено мислење:

I nedocekal .Malku da se nasalime
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Za dobar povrat treba da gi kupish na 0.2-0.3 p/b... Dobar povrat ne e 5-10-20%....
Веќе коа го тераш овој малтипл, КМБ for the recоrd коа после пикот во 2008 падна повеќе од 80%, на крај на 2014 ја пазаревме на приближно тој П/Б од 0,4. Но тогаш имаше див. 100че (може таа година и да немаше див, па чекавме наредната) со траги-реминисценции и трауми еден тон. Не добар туку најдобар реален поврат е 9-10% (со 20% си на два коња) се над тоа ти е чиста шпекулација и краткорочна рулет среќа која сите ја прејзувате а всушност безмалку и да не постои. Се дур мислите дека сте го сјебале мсе и надвор повеќе од тоа направи еден пресек колку имаш у авериџ направено фор а лајф тајм.Оној пустиот Бафет е авериџ 20вче со 80 годишна кариера.

#Сите сакате да се збогатите вчера но никој инкрементално како шо е по книга.
Автоматски споено мислење:

Nadesta posledna umira Nekoj od cekanje i si otisol
Автоматски споено мислење:

:):)
Автоматски споено мислење:

I nedocekal .Malku da se nasalime
Прелистувајќи го форумов наназад од 2007ма година ти си првиот и единствен ветран кој е останат од тоа време. Зошо бе пријател не напишеш 4 проширени реченици со поширок опфтат и твое видување на пазаров и идни текови, сепак мин.15 години имаш искуство не вака со кристал глоуб претпоставки и недоветни надеШни и дивиденТни две-три зборни реченици.
#Why
 
Последно уредено:
Член од
23 јуни 2017
Мислења
592
Поени од реакции
1.102
Веќе коа го тераш овој малтипл, КМБ for the recоrd коа после пикот во 2008 падна повеќе од 80%, на крај на 2014 ја пазаревме на приближно тој П/Б од 0,4. Но тогаш имаше див. 100че (може таа година и да немаше див, па чекавме наредната) со траги-реминисценции и трауми еден тон. Не добар туку најдобар реален поврат е 9-10% (со 20% си на два коња) се над тоа ти е чиста шпекулација и краткорочна рулет среќа која сите ја прејзувате а всушност безмалку и да не постои. Се дур мислите дека сте го сјебале мсе и надвор повеќе од тоа направи еден пресек колку имаш у авериџ направено фор а лајф тајм.Оној пустиот Бафет е авериџ 20вче со 80 годишна кариера.

#Сите сакате да се збогатите вчера но никој инкрементално како шо е по книга.
Автоматски споено мислење:


Прелистувајќи го форумов наназад од 2007ма година ти си првиот и единствен ветран кој е останат од тоа време. Зошо бе пријател не напишеш 4 проширени реченици со поширок опфтат и твое видување на пазаров и идни текови, сепак мин.15 години имаш искуство не вака со кристал глоуб претпоставки и недоветни надеШни и дивиденТни две-три зборни реченици.
#Why
Drugarce, za da imash 10-20% godishno ne treba da kupuvash na all time high...

Inaku da, jas sum zadovolen so 5-10% godishno, ama ako neshto go preplatish vo start, nema da imash takov prinos na sreden rok sigurno...

P. S. Aj neka mi objasni nekoj kako na ovie ceni kje imash 10% godishno na kmb i alk da recime?
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Drugarce, za da imash 10-20% godishno ne treba da kupuvash na all time high...

Inaku da, jas sum zadovolen so 5-10% godishno, ama ako neshto go preplatish vo start, nema da imash takov prinos na sreden rok sigurno...

P. S. Aj neka mi objasni nekoj kako na ovie ceni kje imash 10% godishno na kmb i alk da recime?
Јас ќе ти објаснам , нема потреба од помош од пријател. Тргнав за АЛК но прешалтав на КМБ пошо цената воопшто не ми се допаѓа на првите ( не мислам фундаментално, таму на долг рок можеби е и подобро). Со проста интерполација КМБ последни 5 години со фундаментален раст од 35.66% на ЕПС (не берзански) би имал иден потенцијален PEG од 0,3 (0). Пошо ние екстерни аналитичари за иден раст неаме еве конзервативно КМБ да расне и со 10% пак доаѓаме нешо над 1. Смешно е дека КМБ е голем и нема простор за раст, напротив после сите овие танталови маки и потенцијален влез во интеграции мислам дека ова е почеток на оваа кревка економија која се потпира единствено на банкиве. Сеа ќе тролаат овдека дека пиарс' сите се под 9ка п/е братче... точно но кога имаш 3 ,,во обид'' блу чип акции (од кои 2 банки) во цела држава таа паралела кај нас едноставно не важи. Бараш 10% раст на акција а имаш само 5-6% дивиденда која не си ја залужил btw, тоа те части дип стејтот или без пари пари.. Ако имам 5% дивиденда и раст у есенција од скржави 10% самиот прајсинг ти ја крева акцијата повеќе од 15 % годишно без грам шпекулација.
 
Последно уредено:
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
Да напишам кратко за Собранието на Пекабеско:

Бар според мене немаше нешто неочекувано. Можеби сега на сите ни стана јасно дека компанијата станала заложник на Слободан. Можеби во некој временски период направил некои чекори и ја спасил и не завршила како многу други компании кои биле под самоуправување, но сега веќе во повозрасни години со набилдано огромно его, пробувајќи се уште да остани релевантен прави еден куп деструктивни ирационални потези кои Пекабеско го поставија на пиедесталот како лош пример за Корпоративно управување дури и во вукојебини како Македонија.

Но да бидеме начисто не дека не сум видел нешто слично. Пред некоја година за прв пат на Собрание на Прилепска Пиварница. Исто стариот имал некој его трип, младиве не го послушале за некоја одлука во компанијата, па онака за инает да покаже колку е тој битен и дека без него не можа ништо, без да најави не се појави на Собранието. Видоа, не видоа бидејќи нема кворум, го презакажаа собранието за 2 недели. Бидејќи глупо се осетија, бидејќи јас бев дојден од Скопје, ме поканија да поразговараме за работењето на компанијата и тековните проблеми. Во секое лошо има и добро, па еве од тогаш одам на сите собранија и наоѓаат саат време пред или после Собрание да ме испоштоваат. Стариот се појави на презакажаното собрание, се сликаше, по некој ден ги раздели акциите, па година дена подоцна и се одјави. Младите останаа во компанијата, оперативно добро ја менаџираат, подобрија некои работи во корпоративното управување и еве оваа година поделија дивиденда која планираат да биде редовна во наредниот период.

Овде продолжуваме по старо. Изгласа незаконски Награди на вториот и третиот менаџер (Кои ако ја кажуваа вистината, ни тие не се за таа Одлука), тоа ќе повлечи нова Тужба, нови судски трошоци, нови адвокатски трошоци. Ќе плати пред време даноци. Бидејќи се незаконски по извесно време Судот ќе ги поништи, па ќе се создаде хаос со враќање на парите и слични глупости... Тоа е се за на стариот да му биде интересно и да води инает. (Во меѓувреме ќе го искинат од Адвокатското друштво, наплатувајќи секакви адвокатски трошоци, писанија и слично (иако и тие не веруваа во она што треба да го бранат, па на едно од рочиштата ни рекоа дека пред да инвестираме освен финансиските извештаи требало да го запознаеме „Главниот“ затоа што ако сме го знаеле сигурно немало да инвестираме). Ќе помине време и тој ќе се пензионира или ќе се одјави, компанијата ќе продолжи. Од она што гледам таму, можеби да не беа вакви околностите со Анатол може да се соработува за на подлг рок.

Пред некое собрание Одборот на Директори на Пекабеско ме прашаа како гледам на Одлуката за Награда на Слободан, дали е морална или криминално погрешна. Во изминатиов период бев против секакво мешање на надворешни фактори (Медиуми, државни институции и приватни соработници...) затоа што сметав дека сепак секоја негативна информација ја повредува компанијата и цената на акцијата на компанијата. Но после овие одлуки на Собранието и зголемувањето на плати со кое драстично ја намалуваат нето добивката на компанијата, сметам дека Човекот нема капацитет да го разбери Акционерското работење, и дека нема простор за комуникација со него. Тој во иднина не треба да продолжи да комуницира со Акционери туку со Организации задолжени за комуникација со криминогени типови.

Мора да потенцирам дека од овој случај, а можеби и од случајот на СТБ приоритетни ќе добијат сите акционери во Македонија. Со претходната добиена пресуда, буквално секој акционер може да бара каков документ сака од која било компанија која што котира на Македонска Берза и ако тие одбијат, може на Суд да се повика на оваа пресуда. Исто кога ќе се добие Пресудата и за Незаконски доделената Награда ќе може да се искористи во секоја друга компанија... Така да нема потреба тука од ситење и не знам што уште не. Се сомневам дека некој од цел форум има повеќе одено на Собранија на различни компании од мене, така да можам да заклучам дека општо Корпоративната култура и раководење е на најниско ниво во Европски рамки (се уште има социјалистички менталитет, и главните менаџери се автократи кои не сакаат никој да им им ги оспорува одлуките и кога им се погрешни), така да секој напор во овој сегмент, без разлика кај која и да е компанија и Собрание е добредојден и треба да се поддржи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom