Македонска берза

Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Да напишам кратко за Собранието на Пекабеско:

Бар според мене немаше нешто неочекувано. Можеби сега на сите ни стана јасно дека компанијата станала заложник на Слободан. Можеби во некој временски период направил некои чекори и ја спасил и не завршила како многу други компании кои биле под самоуправување, но сега веќе во повозрасни години со набилдано огромно его, пробувајќи се уште да остани релевантен прави еден куп деструктивни ирационални потези кои Пекабеско го поставија на пиедесталот како лош пример за Корпоративно управување дури и во вукојебини како Македонија.

Но да бидеме начисто не дека не сум видел нешто слично. Пред некоја година за прв пат на Собрание на Прилепска Пиварница. Исто стариот имал некој его трип, младиве не го послушале за некоја одлука во компанијата, па онака за инает да покаже колку е тој битен и дека без него не можа ништо, без да најави не се појави на Собранието. Видоа, не видоа бидејќи нема кворум, го презакажаа собранието за 2 недели. Бидејќи глупо се осетија, бидејќи јас бев дојден од Скопје, ме поканија да поразговараме за работењето на компанијата и тековните проблеми. Во секое лошо има и добро, па еве од тогаш одам на сите собранија и наоѓаат саат време пред или после Собрание да ме испоштоваат. Стариот се појави на презакажаното собрание, се сликаше, по некој ден ги раздели акциите, па година дена подоцна и се одјави. Младите останаа во компанијата, оперативно добро ја менаџираат, подобрија некои работи во корпоративното управување и еве оваа година поделија дивиденда која планираат да биде редовна во наредниот период.

Овде продолжуваме по старо. Изгласа незаконски Награди на вториот и третиот менаџер (Кои ако ја кажуваа вистината, ни тие не се за таа Одлука), тоа ќе повлечи нова Тужба, нови судски трошоци, нови адвокатски трошоци. Ќе плати пред време даноци. Бидејќи се незаконски по извесно време Судот ќе ги поништи, па ќе се создаде хаос со враќање на парите и слични глупости... Тоа е се за на стариот да му биде интересно и да води инает. (Во меѓувреме ќе го искинат од Адвокатското друштво, наплатувајќи секакви адвокатски трошоци, писанија и слично (иако и тие не веруваа во она што треба да го бранат, па на едно од рочиштата ни рекоа дека пред да инвестираме освен финансиските извештаи требало да го запознаеме „Главниот“ затоа што ако сме го знаеле сигурно немало да инвестираме). Ќе помине време и тој ќе се пензионира или ќе се одјави, компанијата ќе продолжи. Од она што гледам таму, можеби да не беа вакви околностите со Анатол може да се соработува за на подлг рок.

Пред некое собрание Одборот на Директори на Пекабеско ме прашаа како гледам на Одлуката за Награда на Слободан, дали е морална или криминално погрешна. Во изминатиов период бев против секакво мешање на надворешни фактори (Медиуми, државни институции и приватни соработници...) затоа што сметав дека сепак секоја негативна информација ја повредува компанијата и цената на акцијата на компанијата. Но после овие одлуки на Собранието и зголемувањето на плати со кое драстично ја намалуваат нето добивката на компанијата, сметам дека Човекот нема капацитет да го разбери Акционерското работење, и дека нема простор за комуникација со него. Тој во иднина не треба да продолжи да комуницира со Акционери туку со Организации задолжени за комуникација со криминогени типови.

Мора да потенцирам дека од овој случај, а можеби и од случајот на СТБ приоритетни ќе добијат сите акционери во Македонија. Со претходната добиена пресуда, буквално секој акционер може да бара каков документ сака од која било компанија која што котира на Македонска Берза и ако тие одбијат, може на Суд да се повика на оваа пресуда. Исто кога ќе се добие Пресудата и за Незаконски доделената Награда ќе може да се искористи во секоја друга компанија... Така да нема потреба тука од ситење и не знам што уште не. Се сомневам дека некој од цел форум има повеќе одено на Собранија на различни компании од мене, така да можам да заклучам дека општо Корпоративната култура и раководење е на најниско ниво во Европски рамки (се уште има социјалистички менталитет, и главните менаџери се автократи кои не сакаат никој да им им ги оспорува одлуките и кога им се погрешни), така да секој напор во овој сегмент, без разлика кај која и да е компанија и Собрание е добредојден и треба да се поддржи.
Грими, земај пуканки и кока кола и доаѓај да го читаме Тендо

#од прва рука, инсајд :)
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Грими, земај пуканки и кока кола и доаѓај да го читаме Тендо

#од прва рука, инсајд :)
Конечно им се отворија очите и на другите мали акционери дека не треба со убаво да се тера работата пошо еве се виде докај доведе тој апизмент спрема Слободан. Сум бил пред времето како Черчил за Хитлер. Апсолутно ги поддржувам сите постапки пред сите органи, како и медиумски настапи заради негативен публицитет за ПКБ. Кога сака да ја краде фирмата како газда, нека се спреми да губи како газда. На крајот низ нос ќе им излезат сите незаконски исплати, даноците ќе им испаднат зијан, а резилот гратис! Сето ова го прави за да нѐ оштетува за 100.000 евра годишно и се напеналува да го рекетираат инспекции и обвинители.

Би додал само уште тоа дека кутревци си потпишале од име на Одбор на директори сами со себе нови договори за вработување кајшто си ставиле огромни месечни нето плати од околу 20.000 евра. Ова е исто така нелегално и мора да се поништат, пошо инаку следната година ќе си потпишат со по 100.000 евра плати и нема да остане ни денар добивка во фирмата. Најважно е да не се потценуваат ни тие, ниту пак влијанието на балдазата во судовите.
 
Член од
12 јули 2017
Мислења
109
Поени од реакции
100
А по која заслуга вториот и третиот директор им земаат на акционерите дел од добивката на друштвото од 2008. Дали биле воопшто на позициите тогаш!?

П.С. однапред се извинувам ако веќе е искоментирано ова, а сум пропуштил
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
Инаку имаше коментари од Кутревци дека ние први сме почнале со „војната“ објавуваќи лош PR за нив во Фактор, а забораваат кој прв си подели 24% па подоцна 60% од нето добивката како Награда, буквално крадејќи ги останатите акционери.

Првенствено мислам дека текстовите во Фактор беа напишани самоиницијативно од нивната редакција, како реакција на безобразно високата Награда што сакаше Слободан сам да си ја подели на себе. Сепак тие се единствениот медиум кој колку-толку се занимава со активностите на Македонска Берза. За другите медиуми поважно е што изјавил потпаролот на општинскиот комитет на СДСМ во Лакочереј, или претседателот на УМС на Вмро во Здуње. Сепак, имам еден осомничен од малцинските акционери кој би можело да направи нешто такво, но и тој според акционерската книга ги продаде акциите од ПКБ уште пред 2 години.

Така да ако некој сака да краде од тебе, нормално е дека ќе му пуштиш Тужба. Затоа што барем на хартија на Суд сите сме еднакви и колку толку имаме можност да ги презентираме нашите аргументи, бидејќи не можеме да очекуваме дека Слободан самоиницијативно ќе се освести дека згрешил и ќе ги повлече донесените Одлуки. Исто и на овие одлуки ќе мора да реагираме, затоа што не можеме да дозволиме да бидеме крадени до бесвест.

П.С. Да спомнам дека се дистанцираме и од сите досегашни дејствија на @therealgrim за кои сметаме дека беа избрзани и не доволно аргументирани, па предизвикаа повеќе штета него некој аир (барем засега).
Автоматски споено мислење:

А по која заслуга вториот и третиот директор им земаат на акционерите дел од добивката на друштвото од 2008. Дали биле воопшто на позициите тогаш!?

П.С. однапред се извинувам ако веќе е искоментирано ова, а сум пропуштил
Секако дека не може. И секако дека ќе биде поништена. Но ете Слободан во недостиг на забава, решил да се пошегува со сите.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Би додал само уште тоа дека кутревци си потпишале од име на Одбор на директори сами со себе нови договори за вработување кајшто си ставиле огромни месечни нето плати од околу 20.000 евра. Ова е исто така нелегално и мора да се поништат, пошо инаку следната година ќе си потпишат со по 100.000 евра плати и нема да остане ни денар добивка во фирмата. Најважно е да не се потценуваат ни тие, ниту пак влијанието на балдазата во судовите.
Ова не верувам дека ќе биде проблем за нив, само што фирмата ќе плати повеќе даноци отколку да ги извади парите преку распределба на добивка.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Овојпат ќе има од различни страни покренување постапки, такашто можеби ќе испадне и подобро. Само е важно да бидат што повеќе и пред што повеќе органи за на го.нарите да им излезат низ нос сите украдени пари од малите акционери преку правно насилие!
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Во ФЗЦ-CEVI денес за CEO е ставено девојче од 94та година која едноставно Киро Глигоров не го памети а камо ли Анте Марковиќ од чие време ФЗЦ претставуваше национална гордост и препич на цел балкан. Во време коа загубите, оптоварувањата, дозадолжувањата и топењето на еквитито се дешаваат со брзина на светлината со вакво кадровско решение несомнено е дека за пар години ќе се деси само-екстинкција на ваков голијат.

# Коа ќе добиеш нешо во живот шо не го заслужуваш, мислиш дека заслужуваш и повеќе. Тука е проблемот.


Носи се бре и ти и ...
 
Последно уредено:
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Во ФЗЦ-CEVI денес за CEO е ставено девојче од 94та година која едноставно Киро Глигоров не го памети а камо ли Анте Марковиќ од чие време ФЗЦ претставуваше национална гордост и препич на цел балкан. Во време коа загубите, оптоварувањата, дозадолжувањата и топењето на еквитито се дешаваат со брзина на светлината со вакво кадровско решение несомнено е дека за пар години ќе се деси само-екстинкција на ваков голијат.

# Коа ќе добиеш нешо во живот шо не го заслужуваш, мислиш дека заслужуваш и повеќе. Тука е проблемот.


Носи се бре и ти и ...
Речиси 40м евра имаат акумулирана загуба кое "еквити"
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Инаку, браќата не гласаа за предлогот на тато да ги награди со по 100.000 евра, демек поради судир на интереси и не знаејќи дека и самиот тој има судир на интереси и не смее да гласа за род од прво колено. Постариот брат изиграва добар полицаец, а Слободан лош. Демек му нуделе од Америка да работи таму за 1-2 миљони евра, па затоа тато морал да им ги зголеми платите на по 20.000 евра и да не ја напушти таков врвен кадар фирмата. Нека фаќа Америка слободно пошо овде за таа плата ќе најдеме подобри менаџери и ем нема да се замараат да работат, ем фирмата наместо 2 ќе му прави 5 миљони евра профит годишно. Меѓутоа, тоа што упорно не дозволува некој од малите да влезе у ОД туку само се они и подопашници укажува дека матни работи се дешаваат у фирмата
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
,,По мсе почеток на преговори се познава'' . Стара...

#Структурни и кохезиони фондови, лонг тајм но хиаар..
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
,,По мсе почеток на преговори се познава'' . Стара...

#Структурни и кохезиони фондови, лонг тајм но хиаар..
Се надевам дека си во право за преговорите.

Што се однесува за берзата, ова мислам дека е bear trap.
 
Член од
20 декември 2021
Мислења
204
Поени од реакции
232
STB povtorno po koj znae koj pat gi izneveri i preskokna imatelite na obicni akcii,odolgovlekuva na vreme mi izgleda ke snimi prodolzenie na PKB vtora epizoda......
 
Член од
31 август 2017
Мислења
263
Поени од реакции
187
STB povtorno po koj znae koj pat gi izneveri i preskokna imatelite na obicni akcii,odolgovlekuva na vreme mi izgleda ke snimi prodolzenie na PKB vtora epizoda......
Problem e hostapleron izbrkan od makstil koj preku besk gi zdrobi za 15 milioni eura ....problemov so nego gi pravi loso likvidni ....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom