Јас колку памтам, ПКБ ги има тие илјада акции у ТНБ уште од пред 2009. кога биле накај 5.000 денари. Којзнае кога му се купени и по која цена, ама дефинитивно не се по минималните цени од 1.600-1.700.
Инаку, пред да го направи едниот од најпе.ерските потези у историјата на берзата со исплатата на учеството у добивка, човекот го беше направил едниот од најкоректните потези у историјата на берзата спрема малите акционери кога пред 7-8 години од име на ПКБ откупи од Фершпед брокер неколку проценти сопствени акции по некаква смешна цена од околу 5.000 денари, иако можел комотно да си ги купи и од сопствен џеб. Е тоа му било навистина фантастичен инвестициски потег, веројатно во ранг со првокласната кариера како стопанственик.