Македонска берза

Член од
1 февруари 2016
Мислења
289
Поени од реакции
233
Podolgo vreme pasivno go sledam forumov, pa eve da spodelam i jas nesto korisno>

Jas bev na sobranie minatata nedela.

Ne samo sto spodelija deka planirale i imaat namera da davaat dividenda, tuku deka imale i sostanok so prestavnici od NBRM za ovaa namena, od kade izricno im bilo kazano deka vo ovoj moment ne treba da se raspredeluva dividenda. Za mene najvazna bese namerata i konecno davanjeto na signal.

Ako zemite Akcionerska kniga ke vidite deka Rade Koncar kupile nad 3.500 akcii.Isto zabelezlivo e pojava na bugari vo akcionerskata kniga sto gi nemase prethodno, ne znam dali se povrzani so rakovodstvoto.

Ne spomnaa tocen iznos, no se spekulira so 120 denari dividenda po akcija, sto na ovaa cena bi bilo okolu 4,10% dividenden prinos.
Одлично, мислам дека таква одлука (намера) доаѓа во вистинско време. Ете дури и ги надминале 3% за кои верував дека ќе влијаат позитивно
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.457
Поени од реакции
1.883
Нема никој да ги помеша Шпаркасе и Сосиете, секој знае кај должи или му стои кешот. Бренд нема врска многу за банките, на оваа затуцана раја кај газдата и' отворил сметка за пуштање плата - таму заглавила доживотно!
 
Член од
5 октомври 2018
Мислења
25
Поени од реакции
9
Кутревски: „Пекабеско“ и во кризата инвестираше во производство и извоз

Член од
2 мај 2020
Мислења
106
Поени од реакции
164
Кога новинар со повеќедецениско искуство го најавува својот гостин, Првиот извршен директор на акционерското друштво Пекабеско, како "сопственик на Пекабеско", а го завршува интервјуто со зборовите "тоа беше Слободан Кутревски - Цобе, газда на Пекабеско" тогаш воопшто не треба да не изненадува ниското ниво на корпоративна демократија и квалитетот на корпоративното управување во добар дел од нашите компании!
 
Каква корпоративна или финансиска култура и новинарски сенс очекуваш кога се тоа портали на хиени, кои едвај чекаат да му се додворат на спонзорот за да го продолжи договорот. Сигурно искусниот новинар немал за цел јавен интерес за да го повика ПКб, пошто за широките маси тоа е сосема ирелевантен разговор, но затоа со задоволство му отстапил време и простор на ГАЗДАТА за свои цели. Не е тука Кутревски воопшто крив, едноставно новинарската проституција е невидено ефтина, и алал да му е и јас би ги јавал вака за ситна пара
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.457
Поени од реакции
1.883
Толку интересни работи беа изнакажани во „Цобе & Чом шоу“, што не знам откај да почнам со коментирање, а и ме мрзи да пишувам. Гледајќи дека прифатиле добар дел од моите препораки и размислувања за идниот развој, се чувствувам како да сум станал член на ОД на најглупав можен начин - тајно и бесплатно :pos:

Ама нејсе, компанијата е голем брод и се движи во добра насока, а тоа е најважното за раст на нејзината вредност. Правните работи може да се решат многу поубедливо доколку има поголема решителност кај останатите мали акционери да пријавуваат на вистински места наместо да се допишуваат со компаниски мињони и да исправаат криви дрини за небитни глупости.

И за крај, пошо во мојава провинциска вукоје.ина почнаа да ги паркираат доставните возила кајшто и јас ја паркирам колата, понекогаш ги разминувам додека држат утрински состанок кога тргнувам у тоа време. Пред некој ден имав можност да сликам ретко поклопување на пет планети што у ПКБ може да си го употребат за четириесетгодишна монографија доколку се замараа со такви самопромотерски работи како другите големи северџански директори.

unnamed.jpg
 
Член од
10 април 2013
Мислења
1.116
Поени од реакции
713
Sporeduvajku gi P/E i P/B na golemite banki vo MK , pak ispagja deka KMB e najevtina.Mislam poevtina od TNB,STB.
UNI e von ovaa konkurencija zasto ne spagja vo grupata na golemi banki.
Popravete me ako gresam ama parametrite go pokazuvaat toa.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.457
Поени од реакции
1.883
Инаку, во предметот за поништување на одлуката за исплата на учеството во добивка од 1,2 миљони евра, овој Суад Алиу е кадија-известител за советот на Апелација. Изгледа дека бил ептен талентиран правник штом само 5 години по завршување на факултетот бил избран за кадија во основен суд, а и таму одлично се покажал, па за 3 години го избрале во скопска Апелација. Јас сум шокиран што и другите мали акционери не поднесуваат пријави до други органи и меѓународни институции туку очекуваат правда од вакви луѓе. Ако случајно овој некаде запне, секогаш ќе може да се консултира со балдазата на Слободан којашто му е колешка во граѓанскиот оддел на Апелација.

Screen Shot 2021-06-12 at 16.44.37.png

Штом Апелација ќе пресуди - тоа е, нема веќе Стразбур-мазбур. Стразбур е суд за човекови права, а не за мериторно одлучување по коруптивни северџански пресуди. Па барем да беа некои земјоделци што се закануваат со Стразбур за неисплатени субвенции, а не луѓе што по карактерот на својата работа би требало одлично да се разбираат во правосудството...
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.176
Поени од реакции
16.307

Прегледај го приврзокот 298156

Штом Апелација ќе пресуди - тоа е, нема веќе Стразбур-мазбур. Стразбур е суд за човекови права, а не за мериторно одлучување по коруптивни северџански пресуди. Па барем да беа некои земјоделци што се закануваат со Стразбур за неисплатени субвенции, а не луѓе што по карактерот на својата работа би требало одлично да се разбираат во правосудството...
така е, Стразбур суди само за процедури, не за суштината...
Но дали има други, меѓународни судови, таму каде тужат странски инвеститори, т.е. мислам странски акционери да тужат на меѓународен суд ???
 
Член од
23 јуни 2017
Мислења
592
Поени од реакции
1.102
така е, Стразбур суди само за процедури, не за суштината...
Но дали има други, меѓународни судови, таму каде тужат странски инвеститори, т.е. мислам странски акционери да тужат на меѓународен суд ???
Vezirot vo Stambolgrad sudel vakvi sporovi za necesni kadii...
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.457
Поени од реакции
1.883
Познавајќи ја ситуацијата, скроз би ми личело некаковси „Иницијативен одбор за остварување на права на малите акционери во Пекабеско“ да се зафати со глупост од типот барање демант од моржов што кажал дека Слободан е сопственик на ПКБ, наместо да поднесе пријави по соодветните државни органи, амбасади и медиуми коишто ќе извршат притисок врз судството да се донесе законска одлука.

Еве во рацете на овој Суад Алиу е судбината на македонското мало акционерство. 80% работата ја врши известителот, а другите членови на советот ретко интервенираат. Ако малите акционери покажуваат дека се спремни да толерираат потврдна пресуда - таква и ќе се донесе! Со тоа ќе ни го сварат гравот и нам, а богами и сите други ќе може да си ги избришете га.овите со акциите што ги имате кога и другите директори ќе дознаат за пресудата и ќе си вршат исплати како него!
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.310
Поени од реакции
2.373
Одлично, мислам дека таква одлука (намера) доаѓа во вистинско време. Ете дури и ги надминале 3% за кои верував дека ќе влијаат позитивно
Ако се остварат тие најавени 120 денари дивиденда, тек дури на цена на акцијата на UNI од 4.000 денари дивидендниот принос би ти бил 3% :)
 
myarmyofone

Time and Space Traveller
Член од
23 март 2007
Мислења
72
Поени од реакции
67
Познавајќи ја ситуацијата, скроз би ми личело некаковси „Иницијативен одбор за остварување на права на малите акционери во Пекабеско“ да се зафати со глупост од типот барање демант од моржов што кажал дека Слободан е сопственик на ПКБ, наместо да поднесе пријави по соодветните државни органи, амбасади и медиуми коишто ќе извршат притисок врз судството да се донесе законска одлука.

Еве во рацете на овој Суад Алиу е судбината на македонското мало акционерство. 80% работата ја врши известителот, а другите членови на советот ретко интервенираат. Ако малите акционери покажуваат дека се спремни да толерираат потврдна пресуда - таква и ќе се донесе! Со тоа ќе ни го сварат гравот и нам, а богами и сите други ќе може да си ги избришете га.овите со акциите што ги имате кога и другите директори ќе дознаат за пресудата и ќе си вршат исплати како него!
зошто едноставно не продадеш?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Hub
Член од
30 март 2018
Мислења
1.457
Поени од реакции
1.883
зошто едноставно не продадеш?
Пффф, таман работа да продадам нешто толку вредно, ти нормален ли си бе?? :pos:Со овој памет и сѐ што дознав за компанијата дека е појака него што сум мислел, ќе ги купев сите што тогаш беа на понуда наместо да се ограничам на овој процент од портфолиото.

Компанијата си работи одлично, само не сум рачунал дека другите мали акционери ќе бидат толку пасивни и страшливи во борбата за своите права. Не е доволно само јас да се бунам и пријавувам за да се осигура позитивен исход, туку ќе мора и тие инаку корумпираново судство повторно ќе ги шокира и со второстепена пресуда на наша штета.
 
Член од
27 ноември 2009
Мислења
963
Поени од реакции
921

Еве ке ти кажам за другите мали акционери, меѓу кои сум и јас ( претпоставувам дека повеќето се како мене освен 2-3ца ). Ме заболе стапот за ПКБ и за Кутревски, Џукеловски,фамилијата, пресудата. Што сакаат нека прават. Пасивен - сум, по моја желба, зашто немам ниту време ниту енергија да се занимавам со тужби, судови, убедување други да направат нешто, некакви активности и слично. Кој сака, нека се бори против олигарси и судови. Плашлив? :pos: Не би инвестирал да сум плашлив и не би потпишал бланко-полномошно друг да ме застапува.

Сум вложил пари во ПКБ онолку колку што сум проценил дека треба за таква компанија, сум цирка х3 од инвестицијата и ич око нема да ми трепне утре ПКБ да пропадне и да ги изгубам вложените пари или сметајќи по сегашна цена на акцијата, која и веќе не знам како да ја сметам во моето портфолио. Нема јебена трансакција со години.

Моја среќа е што намалив на скоро 50% од првично на скоро АТХ пред миљончето, па и да пропадне ( нормално дека нема да се случи, ама така доаѓа зборот ) сум у плус од ПКБ.
Ова со мотање по судови, пресуди, докажување кој е помоќен, дополнително ме демотивира како инвеститор и сум решен да излезам скроз. Години поминаа откако сум инвестирал, ништо не е сменето, т.е. стана бетер, а убеден сум дека и нема да се смени и во наредни години ( без разлика на активностите дали ги има или не ). Ега нека грешам, па да можам да ги си извлечам парите по прифалива цена.
ПКБ ми направи аверзија кон неликвидни акции, па после се прашуваме зашто луѓето инвестираат во АЛК и КМБ со 90% од промет на МСЕ.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom