Пффф, таман работа да продадам нешто толку вредно, ти нормален ли си бе??
Со овој памет и сѐ што дознав за компанијата дека е појака него што сум мислел, ќе ги купев сите што тогаш беа на понуда наместо да се ограничам на овој процент од портфолиото.
Компанијата си работи одлично, само не сум рачунал дека другите мали акционери ќе бидат толку
пасивни и страшливи во борбата за своите права. Не е доволно само јас да се бунам и пријавувам за да се осигура позитивен исход, туку ќе мора и тие инаку корумпираново судство повторно ќе ги шокира и со второстепена пресуда на наша штета.
Еве ке ти кажам за другите мали акционери, меѓу кои сум и јас ( претпоставувам дека повеќето се како мене освен 2-3ца ). Ме заболе стапот за ПКБ и за Кутревски, Џукеловски,фамилијата, пресудата. Што сакаат нека прават. Пасивен - сум, по моја желба, зашто немам ниту време ниту енергија да се занимавам со тужби, судови, убедување други да направат нешто, некакви активности и слично. Кој сака, нека се бори против олигарси и судови. Плашлив?
Не би инвестирал да сум плашлив и не би потпишал бланко-полномошно друг да ме застапува.
Сум вложил пари во ПКБ онолку колку што сум проценил дека треба за таква компанија, сум цирка х3 од инвестицијата и ич око нема да ми трепне утре ПКБ да пропадне и да ги изгубам вложените пари или сметајќи по сегашна цена на акцијата, која и веќе не знам како да ја сметам во моето портфолио. Нема јебена трансакција со години.
Моја среќа е што намалив на скоро 50% од првично на скоро АТХ пред миљончето, па и да пропадне ( нормално дека нема да се случи, ама така доаѓа зборот ) сум у плус од ПКБ.
Ова со мотање по судови, пресуди, докажување кој е помоќен, дополнително ме демотивира како инвеститор и сум решен да излезам скроз. Години поминаа откако сум инвестирал, ништо не е сменето, т.е. стана бетер, а убеден сум дека и нема да се смени и во наредни години ( без разлика на активностите дали ги има или не ). Ега нека грешам, па да можам да ги си извлечам парите по прифалива цена.
ПКБ ми направи аверзија кон неликвидни акции, па после се прашуваме зашто луѓето инвестираат во АЛК и КМБ со 90% од промет на МСЕ.