Кутрето го симболизира цајтгајстот на моментот. Од една страна го имаме Пекабеско на Кутревци, најголемиот производител на храна во државичево, што е пет класи подобар од било која друга инвестициска опција на (сѐ уште) Македонската берза. Од друга страна го имаме Догикоинот (или Доуџкоинот, или како и да е факин изговорот на којшто собираат публицитет и креваат свесност за него), којшто е ноторно продавање ветер и магла, а којшто достигнал капитализација од педесетина миљарди долари. За 5-6 години кога ќе погледнеме наназад, ќе се крстиме како било можно да постои ваква состојба на пазарот...