Pa covekot procital vo sppredba so proshla godina rezultati i stvarbo gazi KMB ako prpshla godina zavrshi so 30 miliona a pocnal loso prashanje e kako ke zavrshi ovaa so toj rast od 65%
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Kako i da zeme covek sekogash vo ravenkata ima edna nepoznata
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Si pishal hari ovaa godi a pak 30 taka da ne se nervirajte nema ravenka resenieto e na krajot na ucebnikot
Гледајки го извештајот денеска малку поподробно и од коментарот на БУ и БС 31.03.2021 читам дека "Банката од своето работење оствари позитивен финансиски резултатво износ од 360,2 милиони денари наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 217,5 милиони денари што претставува зголемувањеза 65,6%."
До овде се слагам со твоето излагање, тие се бројките.
Малку подоле од БУ читам исто така и ова
"Останатите приходи од работењето на Банката на 31.03.2021 година изнесуваат 187,7 милиони денари и бележат зголемување во најголем дел како резултат на поголем износ на реализирани приходи од капитална добивка од продажба на преземен имот. Планот е остварен со 128,6% ".
Ако во овој квартал планот е остварен со 128,6% во најголем дел како резултат на поголем износ на реализирани приходи од капитална добивка од продажба на преземен имот, дали тоа значи дека во сите останати квартали ќе може да го следат овој тренд за надмашување на планираното од 30% и дека пак ќе прават профит во останатите приходи од 52-53% од вкупната добивка што би ја направиле во секој поединечен квартал. Би сакал да знам и тоа многу дали КБ има толкѕ многу објекти(нивни и добиени од како хипотеки од не можнст на плаќање на рати од земени кредити.)
Има ли некаде список јавен да се види уште колку вакви објекти им стојат за продавање и уште колку може да се надеваме дека овие "Останатите приходи" ќе имаат толку голем износ и соодветно ќе играат улога во позитивниот финански резултат.
Некој горе кажа исто така и извештајот на БУ го потврдува "Зголемувањето на добивката пред исправка на вредност главно произлегува од зголемувањето на нето-приходите од провизии, зголемување на приходите од нето тргувања и повисоките останати приходи од дејноста, во чии рамки се зголемени капиталните добивки од продажба на преземен имот. ".
Останатите фактори од приходната страна кои влијаат на добивката следат вака :
"Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и на 31.03.2021 година истите бележат намалување од 5,7% во однос на истиот период од минатата година "
"Нето приходите од курсни разлики на 31.03.2021 година изнесуваат 41,9 милиони денари и бележат намалување од 3,8%. "
Од расходите намалени се и тоа за поздравување "Исправка на вредноста на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето-основа", "Останати расходи од дејноста".
Сега проста математика во најоптимистистички случај да има ваков извештај секој квартал од 360,2 милиони денари, значи 4x360,2+нешто = излегува нешто околу 24 милиона евра, никако 30 милиона евра како што викаш ти и добивка од 18 до 22 милиони евра прави КМБ скоро секоја година било таа година да е корона или не.
Ако има КБ некој објект што може да го продаде за тие 6-8 милиона евра и така да направи 30 милиона евра тоа е веќе друга работа, меѓутоа бројките и матетиката сега за сега покажува ова.
Јас не очекувам баш дека КМБ има сила дивидендата да ја качи за 1.5 повеќе од сегашните 600 денари на 900 ???? Мене тоа ми е невозможно.
Што се однесува на кредитот даден за хотел Континентал би било пологично оваа сума да биде прикажана во вториот квартал.
Историски најголема продажна цена на КМБ, гледам дека и МБИ оди нагоре, ама кога учев како се движзт тековите на берзата ме учеа дека секој раст има и пад и што е уште побитно колку растот е пострм, толку падот е уште пострм. На крај на краеви ако нон стоп берзата расте и никогаш нема пад, тогаш нема никој да загуби и сите ќе бидат милионери, ама колку што знам никогаш не е така.