Македонска берза

Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Многу логично беше дека е одговорот да, сепак сакав уште една потврда плус. Не сакам да влегувам во непотребни полемики ...
Благодарам за одговорот даден погоре.
Многу логично е и да дадат дивиденда кога миљонпати најавиле, па ете банките не даваат. А со оглед на развојот на ситуацијата со ковидот, прашање е дали во следните неколку години воопшто ќе делат, меѓутоа луѓето и натаму не ги распродаваат банкарските акции.

Многу индикативно е и кој кога е вклучен у шемата со акциите. Гледам дека се дозира да има меѓугодишен раст „поголем од каматата на банкарските депозити“, па веројатно имаат на стенд-бај уште депоненти коишто можат по потреба да ги вклучат у изградбата на пирамидата :pos: Секој може да си процени каде е у таа пирамида според моментот кога го контактирале да купи акции, а само треба да се забележи дека првите „инвеститори“ у КМБ биле транзициските профитери и нивниот накот.
 
Член од
23 февруари 2019
Мислења
283
Поени од реакции
257
Неверојатно е што луѓе купуваат акции со животната заштеда или со кредити, а не знаат вакви елементарни клучни работи! Тоа доволно говори за финансиското образование на овдешнава раја, а и за она што ќе се случи кога ковидозниот пациент ќе го тргнат од апарати...
Ако така гледаш на работите, според твоите постови лесно може да се оспори не само твојата финансиска писменост туку и културата на комуницирање.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Ако така гледаш на работите, според твоите постови лесно може да се оспори не само твојата финансиска писменост туку и културата на комуницирање.
Според што се гледа мојата финансиска неписменост? :vozbud:
 
Член од
11 јули 2017
Мислења
310
Поени од реакции
490
Зборете што сакате, КМБ гази :aplauz:
Можеш да ни го објасниш ова газење каде го гледаш?
Пад на кредити, пад на приходи од камата, што во превод е главен бизнис на банката.
 
Член од
11 јули 2017
Мислења
883
Поени од реакции
623
Pa covekot procital vo sppredba so proshla godina rezultati i stvarbo gazi KMB ako prpshla godina zavrshi so 30 miliona a pocnal loso prashanje e kako ke zavrshi ovaa so toj rast od 65% :)
Kako i da zeme covek sekogash vo ravenkata ima edna nepoznata :)
Si pishal hari ovaa godi a pak 30 taka da ne se nervirajte nema ravenka resenieto e na krajot na ucebnikot :)
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Бесмислено ми е и да ги коментирам на форумов добрите тримесечни резултати на Пекабеско пошо за финансиски неписменава раја работењето на компанијата нема никакво влијание врз цената на акцијата, меѓутоа ако се разгледа тргувањето со акцијата пред Слободан да го објави бонусот, може да се забележи дека и за таа акција имало маркет-мејкање. Некој ја таргетирал и ја извлекол од 5-6.000 до 15-16.000 со оние класични растови и падови од 3% и 10%.

Да не ги торпедирал Слободан со „учеството во добивката“, акцијата веројатно досега би ја дотерале над 30.000 денари. Таа дури и сега има огромен потенцијал да ѝ се запнат да ја кренат цената докај 40.000 па и тогаш да остане попотценета од другиве котирани акции. Гарантирам дека и рајава рипајќи на возот цела среќна ќе мисли дека „некој знае нешто што други не знаат“ и дека „купувајќи по тие цени ќе има поголем поврат него на банкарски депозит“, а ќе убедува по форуми дека Пекабеско е гигант и за него нема зима :pos:
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Погодив дека ќе пропаднат две години за економијата, ама сепак индексот за една се врати на нивото пред кризата

 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Ако не грешам, ова Интернешнл хотелс е сопственик на хотел Континентал, а во првиот квартал направиле промет од 439.000 денари, што е помалку него што некои луѓе земале плата за тие три месеци. Цената по која падна преземањето на фирмата беше астрономска, па можеби некој знае да објасни какви дубари прават пошо јас скроз не ги разбирам...
 
Член од
26 март 2021
Мислења
58
Поени од реакции
93
Ако не грешам, ова Интернешнл хотелс е сопственик на хотел Континентал, а во првиот квартал направиле промет од 439.000 денари, што е помалку него што некои луѓе земале плата за тие три месеци. Цената по која падна преземањето на фирмата беше астрономска, па можеби некој знае да објасни какви дубари прават пошо јас скроз не ги разбирам...
Најверојатно си во право...за дубарите...ниту први ниту последни..
Ама се си мислам овие од КБ да не почнат и со хотелиерство да се бават... да не се случајно дел од овие резервации во прв квартал кај КБ баш за овој кредит?!
 
Последно уредено:
Член од
19 октомври 2012
Мислења
294
Поени од реакции
249
Најверојатно си во право...за дубарите...ниту први ниту последни..
Ама се си мислам овие од КБ да не почнат и со хотелиерство да се бават... да не се случајно дел од овие резервации во прв квартал кај КБ баш за овој кредит?!
На крај ќе го земат хотелот, ќе го продадат, новиот газда ќе го бутне и таму ќе никне продолжеток на зградите, т.е. станбено деловниот комплекс :D
Автоматски споено мислење:

Можеш да ни го објасниш ова газење каде го гледаш?
Пад на кредити, пад на приходи од камата, што во превод е главен бизнис на банката.
Не е точно дека има пад на кредити, стабилно си е портфолиото. Пад на приходи од камата очекував и повеќе да ти кажам право поради ситуацијата, ама супер се бројкиве. Поради намалување на каматите на кредитите банките повеќе ќе ги зголемуваат провизиите и надоместоците, кои како што може да се види се зголемуваат. Инаку, иако каматните стапки паднаа, со зголемување на кредитирањето очекувам нето приходите да останат стабилни. Значи добивката по акција очекувам да остане на ниво од околу 850 ден, или ајде во распон 800-900.
 
Последно уредено:
Член од
21 август 2017
Мислења
158
Поени од реакции
133
Pa covekot procital vo sppredba so proshla godina rezultati i stvarbo gazi KMB ako prpshla godina zavrshi so 30 miliona a pocnal loso prashanje e kako ke zavrshi ovaa so toj rast od 65% :)
Kako i da zeme covek sekogash vo ravenkata ima edna nepoznata :)
Si pishal hari ovaa godi a pak 30 taka da ne se nervirajte nema ravenka resenieto e na krajot na ucebnikot :)
Гледајки го извештајот денеска малку поподробно и од коментарот на БУ и БС 31.03.2021 читам дека "Банката од своето работење оствари позитивен финансиски резултатво износ од 360,2 милиони денари наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 217,5 милиони денари што претставува зголемувањеза 65,6%."

До овде се слагам со твоето излагање, тие се бројките.
Малку подоле од БУ читам исто така и ова
"Останатите приходи од работењето на Банката на 31.03.2021 година изнесуваат 187,7 милиони денари и бележат зголемување во најголем дел како резултат на поголем износ на реализирани приходи од капитална добивка од продажба на преземен имот. Планот е остварен со 128,6% ".

Ако во овој квартал планот е остварен со 128,6% во најголем дел како резултат на поголем износ на реализирани приходи од капитална добивка од продажба на преземен имот, дали тоа значи дека во сите останати квартали ќе може да го следат овој тренд за надмашување на планираното од 30% и дека пак ќе прават профит во останатите приходи од 52-53% од вкупната добивка што би ја направиле во секој поединечен квартал. Би сакал да знам и тоа многу дали КБ има толкѕ многу објекти(нивни и добиени од како хипотеки од не можнст на плаќање на рати од земени кредити.)
Има ли некаде список јавен да се види уште колку вакви објекти им стојат за продавање и уште колку може да се надеваме дека овие "Останатите приходи" ќе имаат толку голем износ и соодветно ќе играат улога во позитивниот финански резултат.

Некој горе кажа исто така и извештајот на БУ го потврдува "Зголемувањето на добивката пред исправка на вредност главно произлегува од зголемувањето на нето-приходите од провизии, зголемување на приходите од нето тргувања и повисоките останати приходи од дејноста, во чии рамки се зголемени капиталните добивки од продажба на преземен имот. ".

Останатите фактори од приходната страна кои влијаат на добивката следат вака :

"Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и на 31.03.2021 година истите бележат намалување од 5,7% во однос на истиот период од минатата година "

"Нето приходите од курсни разлики на 31.03.2021 година изнесуваат 41,9 милиони денари и бележат намалување од 3,8%. "

Од расходите намалени се и тоа за поздравување "Исправка на вредноста на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето-основа", "Останати расходи од дејноста".

Сега проста математика во најоптимистистички случај да има ваков извештај секој квартал од 360,2 милиони денари, значи 4x360,2+нешто = излегува нешто околу 24 милиона евра, никако 30 милиона евра како што викаш ти и добивка од 18 до 22 милиони евра прави КМБ скоро секоја година било таа година да е корона или не.
Ако има КБ некој објект што може да го продаде за тие 6-8 милиона евра и така да направи 30 милиона евра тоа е веќе друга работа, меѓутоа бројките и матетиката сега за сега покажува ова.
Јас не очекувам баш дека КМБ има сила дивидендата да ја качи за 1.5 повеќе од сегашните 600 денари на 900 ???? Мене тоа ми е невозможно.

Што се однесува на кредитот даден за хотел Континентал би било пологично оваа сума да биде прикажана во вториот квартал.

Историски најголема продажна цена на КМБ, гледам дека и МБИ оди нагоре, ама кога учев како се движзт тековите на берзата ме учеа дека секој раст има и пад и што е уште побитно колку растот е пострм, толку падот е уште пострм. На крај на краеви ако нон стоп берзата расте и никогаш нема пад, тогаш нема никој да загуби и сите ќе бидат милионери, ама колку што знам никогаш не е така.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom