Продавајте македонски преценети акции и растурете им ја шемата на дваесетмината „маркет-мејкери“ што си играат берза во Северџанија, пошто многу бргу со потврдување на првостепената пресуда за Пекабеско транзициските профитери пак ќе добијат од страна на државата како во деведесеттите одврзани раце да грабаат од фирмите колку сакаат!
Мислите дека ете баш у вашите компании директорите нема да си исплаќаат бонуси?? Епа само потсетете се како ги стекнале капиталот и позицијата, па веднаш ќе заклучите дека на сосема ист начин повторно без срам и перде ќе искористат ситуација додека малите акционери се со спуштени гаќи за да си остварат максимален профит на сметка на послабите од нив!
Најдобриот начи да си го заштитите својот капитал е сега за викенд да одвоите пола саат и да им пишете групен мејл со краток опис на случајот и како тој ќе го уништи пазарот на капитал и ќе ги наруши акционерските права на контакти од ЕУ делегација, амбасади на САД, Британија, Франција, Швајцарија, Германија, Австрија, Холандија, Италија, УСАИД, ГИЗ, ОБСЕ, ММФ, ЕБРД, ЕИБ, Светска банка, МИА, БИРН, Хелсиншки комитет, Трансперенси интернешнл, Сител, Канал5, Телма, НоваТВ и тие 5-6 независни новинари со сопствени емисии...
Ова се актерите што владеат со државава, а политичарите и „институциите“ се само криминогена фасада од кловнови и марионети што само гледаат да се дограбаат до власт за да си ги наполнат личните и партиските џебови. Единствен начин да се спречи претстојниот грабеж е што помасовно да се алармираат странскиве институции за што повнимателно да ги следат локалните апаши да не се дрзнат да го земат митото од маса додека баш сите околу нив ги гледаат!