Македонска берза

Член од
18 ноември 2019
Мислења
85
Поени од реакции
65
Доколку Кутревски ја прифати предлог-одлуката на малите акционери за исплата на дивиденда, според примениот износ ќе излезе пет копја пред стандардните прворангирани Таневци, Мукаетовци и Туџаровци, што реално не му се ни до колена според остварениот развој на компанијата. Е тоа би била цреша на шлагот на тортата на успешна деловна кариера
Гладна кокошка просо сонува. Хаха не ме смеј која кариера кој бакрач ( можда правнук му ќе даде) , го заболе за акционерите, само кешарац бато евра евренца сакаат
 
Член од
23 јуни 2017
Мислења
592
Поени од реакции
1.102
Еве и јас да уфрлам некоја шпекулација дека при поделбата на Северџанија, Скопје ќе остане во бугарскиот дел, а сите Албанци од Чаир и Куманово ќе мора да се преселат во Тетово па ќе се продаваат становите
Znaesh ti I neshto posexy da smislish, kako na primer deka ecolog kje gradi fabrika tamu so siemens...
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Znaesh ti I neshto posexy da smislish, kako na primer deka ecolog kje gradi fabrika tamu so siemens...
Ќе помисли човек дека форумов го достигна небото со шпекулацијата дека Сименс ќе инвестира во Тетово, меѓутоа факт е дека ќе бидат потребни многу високоволтни трансформатори и експресни возови за инвестицискиот бум што му претстои на Косово по потпишувањето на договорот со Србија. Исто така, универзитетот во Мала Речица крајно далекувидо образува потковани кадри што ќе си го вадат лебот во оваа високотехнолошка инвестиција што ја овозможи поволната деловна клима во Тетово што ја изградија чесните кадри на ДУИ - г-ѓа Теута Арифи и нејзиниот тим!
Автоматски споено мислење:

Гладна кокошка просо сонува. Хаха не ме смеј која кариера кој бакрач ( можда правнук му ќе даде) , го заболе за акционерите, само кешарац бато евра евренца сакаат
Евренца сакам и јас, и ти, и секој. А математички факт е дека човекот тринаесеткратно го зголемил капиталот на фирмата од моментот на приватизацијата досега и ниеден друг директор на котирана компанија не може да се пофали со таков резултат.
 
Последно уредено:
Член од
18 ноември 2019
Мислења
85
Поени од реакции
65
Ќе помисли човек дека форумов го достигна небото со шпекулацијата дека Сименс ќе инвестира во Тетово, меѓутоа факт е дека ќе бидат потребни многу високоволтни трансформатори и експресни возови за инвестицискиот бум што му претстои на Косово по потпишувањето на договорот со Србија. Исто така, универзитетот во Мала Речица крајно далекувидо образува потковани кадри што ќе си го вадат лебот во оваа високотехнолошка инвестиција што ја овозможи поволната деловна клима во Тетово што ја изградија чесните кадри на ДУИ - г-ѓа Теута Арифи и нејзиниот тим!
Автоматски споено мислење:



Евренца сакам и јас, и ти, и секој. А математички факт е дека човекот тринаесеткратно го зголемил капиталот на фирмата од моментот на приватизацијата досега и ниеден друг директор на котирана компанија не може да се пофали со таков резултат.
Што дека кога ја ти и друите немаме никаква корист од Куртета?
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Што дека кога ја ти и друите немаме никаква корист од Куртета?
Мене ми е важно фирмата да работи успешно и законски. Акционер сум со позначајна количина одвај пола година, а атмосферата на потценување на компанијата веќе почна да се менува
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.180
Поени од реакции
3.428
Тетекс веќе ти е инвиестициски фонд неколку години кој го собира кајмакот што се акумулирал од неговото постоење, со години не инвестира во примарниот бизнис и значи секоја паричка вишок сега ќе се исплаќа нема да се замара со инвестиции, затоа кога ќе видете да продаде некое земјиште, да земе дивиденда, очекувајте да ги исплати тие пари одма, се разбира не сите оти ќе си има управен одбор со секретарки кој мора да ги плаќа.

Во врска со цената и исплаќањето дивиденда многу пати, можеби сакат цената да биде ниска за Деки да си докупи за ефтино (или они самите ако Деки не е поврзан со нив).

Една друга работа шо ми се допадна е предлогот што му го пуштиле на Курто, не верувам дека ќе смени нешто оти судовите се корумпирани до коска и ги штитат мокниците, малку ќе се размрда атмосферата.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Ми беше крајно сомнително како при сеопштиот раст на берзата кога и ќорава кокошка клукала многу зрна, токму овој Колемишевски купил акции и претрпел капитална загуба па акциите му паднале од претходно пријавените 18 миљони на сегашните 10 миљони:

Screen Shot 2020-09-07 at 21.53.44.png

Ако се подели земаната дивиденда и се подели со тие 9.969 акции, ќе се добие дека земал по 495 денари по акција, односно дека најверојатно поседува акции од Комерцијална банка. Во тој случај, лажно пријавил како да вредат по 1.000 денари по акција, кога вистинскиот износ во текот на годината бил 6-7 пати поголем! Да ја пријавил вистинската состојба според берзанската цена, јавноста би видела дека поседува акции во износ од над милион евра и би се вртел по медиуми многу почесто и од кутрата Нина Групер.

Претпоставувам дека има некаков економски новинар што го чита овој форум, па би можел да ги провери и обелодени овие информации, а Агенцијата за борба против корупција да го казни за лажно пријавување на имотната состојба.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Ми беше крајно сомнително како при сеопштиот раст на берзата кога и ќорава кокошка клукала многу зрна, токму овој Колемишевски купил акции и претрпел капитална загуба па акциите му паднале од претходно пријавените 18 миљони на сегашните 10 миљони:

Прегледај го приврзокот 265461

Ако се подели земаната дивиденда и се подели со тие 9.969 акции, ќе се добие дека земал по 495 денари по акција, односно дека најверојатно поседува акции од Комерцијална банка. Во тој случај, лажно пријавил како да вредат по 1.000 денари по акција, кога вистинскиот износ во текот на годината бил 6-7 пати поголем! Да ја пријавил вистинската состојба според берзанската цена, јавноста би видела дека поседува акции во износ од над милион евра и би се вртел по медиуми многу почесто и од кутрата Нина Групер.

Претпоставувам дека има некаков економски новинар што го чита овој форум, па би можел да ги провери и обелодени овие информации, а Агенцијата за борба против корупција да го казни за лажно пријавување на имотната состојба.
Сум заборавил да допишам дека најјаката работа е што најверојатно земал кредит токму од Комерцијална банка во 2014. за да ги купи тие акции. Класична транзициска шема - приватизирање на компанијата со пари од самата компанија или со менаџерски кредит од Комерцијална! И нормално, се знае дека таквите кредити ги добивале оние што Јанко Бачев ги нарекува „елитни кодоши на УДБА“, а татко му како директор на Нова Македонија главното пропагандно гласило чисто по функција мора да бил меѓу повидните членови на разузнавачките структури у државава.
 
Член од
19 октомври 2012
Мислења
319
Поени од реакции
277
Претпоставувам дека има некаков економски новинар што го чита овој форум, па би можел да ги провери и обелодени овие информации, а Агенцијата за борба против корупција да го казни за лажно пријавување на имотната состојба.
По се изгледа дека тие новинари што сами треба да истражуваат вакви работи и да пишуваат за нив, и кога им сервираш ваква информација „на тацна“ не смеат да ја употребат. Колку ли „злато“ вредни информации чекаат да бидат откриени.

едит: Инаку би требало кога се пријавува имотната состојба, да се каже не вредноста на акциите, туку бројот и од кое АД се тие акции. Вредноста после тоа лесно се пресметува... Слично како што за недвижен имот пишува во кој град е. Исто така и за депозитите во банки треба да стои во која банка се. Е сега не знам стварно на кој временски рок се пријавува, ама ја мислам дека секоја промена на таа првична пријавена состојба исто така треба да се пријави. Ова ќе придонесе за поголема транспарентност. Ама да не забегуваме, знаеме кај сме...
 
Последно уредено:
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Новинарството е посебна жална приказна у општеството. Наместо да бидат четврта власт како во секоја нормална држава, тие се овде исклучиво средство за пропаганда во рацете на политичарите, странците и крупниот бизнис. Знак за моралната општествена мизерија е што не постои ниту еден неутрален медиум туку буквално сите тераат некаква агенда!

У новинарството пари има само за највисоките уредници и пропагандисти сопственици на портали што лапаат грантови, студиски патувања, опрема и странски ветер у грб. Тие имаат месечни приходи по 5-10.000 евра, а самиот Латас јавно се фалеше дека платата во Сител му била 50.000 евра. Обичните редакциски и теренски новинари се на граница на минималец, такашто немаат никаква мотивација да истражуваат и да се специјализираат, туку гледаат што поскоро да сменат професија со некоја подоходовна гледајќи како главните ѕверки го лапаат големиот кеш за пропаганда.

Инаку, интересно е што овој Колемишевски добил кредит од 400.000 евра за купување акции, а од имот како залог можел да го стави едино подарениот стан од 90.000 евра:

ECoyaalUYAAmypK (1).png

Од ова, секој што е акционер во Комерцијална банка има прилика да види како се даваат кредити на блиски луѓе и како настануваат сите оние силни резервации и отписи! Ова исто така ја потврдува и мојата теорија дека солиден дел од познатите сопственици на акции во Комерцијална банка всушност акциите ги купиле на кредит, па затоа и настана толкавиот метеж кога Народна банка ги попари дека нема да смее да се исплаќа дивиденда, а тие пари им биле веќе однапред потрошени за рати за враќање на подигнатите кредити!
 
Член од
11 јули 2017
Мислења
883
Поени од реакции
623
Kolku ima vakvi depozitari luge i firmi bez poteklo na pari tuku so polnonoshno zavereno kaj notar ako nekoj proba da istrazuva ke najde edno goooolemo gomno sto ako se brcbe vo nego site ke ispocrkame od reata :)
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Еве уште една државна социјална установа што сите ја издржаваме, а не гледам ниеден новинар да ја обработал - Македонски железници. Иако добиле 430.000.000 миљони денари субвенции, сепак успеале да направат и 404.000.000 денари загуба!

Меѓутоа, што е зијан за нас, тоа е чист ќар за 913-те вработени што скоро без никаква работа земале 498.000.000 денари плата, односно околу 31.000 денари нето по вработен. Не е ни чудо што и овде, како и у сите други државни легачки компании, работните места се пренесуваат од колено на колено!

Screen Shot 2020-09-09 at 10.16.32.png
 

Hub

Член од
3 мај 2017
Мислења
672
Поени од реакции
714
dobro sto sepak nekoj gi razgoluva vaka i postavuva prasanja . ne e mejnstrim ama sepak. keep up the good work. mozda nekoj ke im se zakaci da im bara otcet nekakov.
ova e dobra municija i za opozicija.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Овие од Комерцијална банка, нивните брокери и КБ Публикум инвест ми се главни осомничени за контролирање на цените на акциите и „маркет-мејкингот“ на берзата. Од билансот на состојба се гледа дека имаат над 10 милиони евра во акции, плус уште којзнае уште колку десетици милиони посредно вложени преку кредити на свои луѓе и ликови како овој Колемишевски од коишто у транзициски стил направиле миљонер:

Screen Shot 2020-09-09 at 11.37.37.png
Автоматски споено мислење:

Еве како се мести играта: буквално на пазарот не постои никаков интерес за купување на ниту една акција, освен десетте од индексот. Веројатно КБ Публикум индексниот примил уплата и сега купувајќи ја гради кулата од карти. Сигурен сум дека брокерите ги канализираат дури и оние неинформирани купувачи во индексирани акции за дополнително да го пумпаат балонот и сите привидно да „заработуваат“ сѐ до моментот кога музиката ќе сопре.

Screen Shot 2020-09-09 at 13.33.14.png
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom