Ми беше крајно сомнително како при сеопштиот раст на берзата кога и ќорава кокошка клукала многу зрна, токму овој Колемишевски купил акции и претрпел капитална загуба па акциите му паднале од претходно пријавените 18 миљони на сегашните 10 миљони:
Прегледај го приврзокот 265461
Ако се подели земаната дивиденда и се подели со тие 9.969 акции, ќе се добие дека земал по 495 денари по акција, односно дека најверојатно поседува акции од Комерцијална банка. Во тој случај, лажно пријавил како да вредат по 1.000 денари по акција, кога вистинскиот износ во текот на годината бил 6-7 пати поголем! Да ја пријавил вистинската состојба според берзанската цена, јавноста би видела дека поседува акции во износ од над милион евра и би се вртел по медиуми многу почесто и од кутрата Нина Групер.
Претпоставувам дека има некаков економски новинар што го чита овој форум, па би можел да ги провери и обелодени овие информации, а Агенцијата за борба против корупција да го казни за лажно пријавување на имотната состојба.