Не бе
@therealgrim пак читаш до негде, до каде што ти одговара. Потруди се да најдеш тука на форумот, каде што имам напишано се, зошто сум купил, до кога сум имал STBP и која била причината кога сум ги продал.
STBP убаво почна. Со уште неколку искусни акционери бевме на неколку состаноци во банката и во тоа време, бевме уредно пречекани и ни беше кажано дека овој проблем и тие го идентификувале и сакаат да се реши. И во тоа време навистина беше блиску решението, тие до Атина пратија целосно резиме на проблемот и неколку сценарија за негово решавање. Се дури во еден момент од како ја објавија точката на дневен ред, во меѓувреме се смени CEOто во Атина. И после се се смени. Почнаа полека да отстапуваат од она што се зборуваше на состаноците .
Во меѓувреме од кога се постави точката на дневен ред некои нови дечки иако незнаејќи ја суштината на проблемот почнаа силно да купуваат. Се видовме со некои од нив, мислев дека имаат некоја информација, сепак почнаа со големи пари да купуваат, некој спомна дека можеби знаат нешто од Атина, но се испостави дека ниту имале контакти, ниту знаеле нешто посуштинско за целиот случај. Едноставно некои сакаа да купат на 700, а да ги продадат на 1.200-1.500 денари. Некои и успееја во тоа.
После тоа, новиве дечки сега веќе со многу поголем број на акции спрема она што го имавме ние, изразија желба тие да ја водат играта, тие да ги пишуваат барањата, тие да одат на состаноците ... и после тргна се на инает и од двете страни, и се уште до ден денес тоа трае.
Многу добро го знам случајот, и од време навреме пак се слушаме, се јавуваат да се инсконсултираат за некои правни работи, можности и недоумици. Сепак за тој случај јас не бев да се оди во таа насока, се уште мислам дека имаше простор да се договори решението на овој проблем со менаџментот на банката, но ...
И сега која тие намерата за пишувањето и за истражувањето на овој случај?? Да не сакаш да се пожалиш дека поради моите постови тука, ти си купил толку голема количина во PKB? Па сега имаш голема нереализирана добивка?? И не можеш да ја продадеш?? Не ти ја сфаќам поентата? Ти се приклучи многу после тоа, и во релативно јасна ситуација што се случува со целата постапка. Да не речам беше free rider во целиот процес, на кој уште со неколку акционери потрошивме страшно многу време, знаење и енергија.
П.С. Вредноста на акците во ПКБ е 10% од моето портфолио. Искрено во последната година вложив многу повеќе вредност во дадено време него што ќе добијам некоја толку голема добивка. Но се доби многу искуство во целиот тој процес, прочитани детално сите : ЗТД, ЗХВ, Кривичен законик... и едноставно тој случај мораше да се почне, за да се спречи понатамошно шерифско однесување по компаниите кои што котираат на македонска берза.