Македонска берза

Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Се истргувала сериозна количина ППИВ, баш да видиме следната недела дали некој од дечињава се почастил за подарените акции, или дежурниот купувач Сава докупил уште, дури и по астрономски П/е од 65 :shok2: :shok2: :shok2:

Screen Shot 2020-07-18 at 11.47.49.png

Инаку фирмата у задниве три години работи сѐ полошо и полошо, а последната дури и со негативна оперативна добивка :shok2: :shok2: :shok2: Баш ќе видиме дали оваа со дополнителниот негативен ефект од коронава воопшто ќе ја заврши во плус.

Screen Shot 2020-07-18 at 11.58.29.png
 
Последно уредено:
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.314
Поени од реакции
2.380
1595106386623.png

Дајте дискусија за некоја акција од графикот...
Која од акциите може да премине во друг квадрант?
 
Последно уредено:
Член од
10 април 2013
Мислења
1.120
Поени од реакции
715
UNI i PKB izgledaat dosta solidno po pokazateli i poodamna se mislam za niv.Menadzmentot e druga prikazna.
 
Член од
22 февруари 2019
Мислења
318
Поени од реакции
309
UNI vlegov pred ~3 nedeli, ADIN vlegov pred 2 nedeli, KPSS me bendisaa epten po tvoite objavi. COMU pred nekoj den gi razgleduvav i prviot vpecatok mi e pozitiven. PKB ko gi gledav neodamna mi izgledaa super, no nepredvidliv menadzment i da vidime ova postapkata da se razcisti po sudovi. Za zal sum amater i povekje vreme periodov vlozuvam vo ucenje otkolku vo analizi. Fala Tendo za pomosta.
 
Член од
4 декември 2012
Мислења
45
Поени од реакции
37
Баш како што претпоставував, објавувањето на неточни финансиски извештаи е кривично дело:

Прегледај го приврзокот 258885

Според ова, лицето што го изработило тримесечниот финансиски извештај на МТУР не внело во него важен податок за нереализираната капитална загуба што според сметководствените стандарди морало да го внесе. Па еве овој глас нека го допре обвинителството да го процесуираат случајов, а сигурен сум дека се прекршени и огромен број други правилници и прописи, па сигурен сум дека ќе има работа и за берзата и КХВ да поведат сопствени постапки. Со ваквиот неточен финансиски извештај сите инвеститори се доведени во заблуда, па веројатно и тие имаат право во граѓански постапки да тужат заради надомест на претрпена штета.

Скоро половина идни пензионери во државава се засегнати со овој случај затоа што уплаќаат придонеси во Сава пензиското друштво коешто поседува 8,67% од Македонијатурист. Триесетината вработени во ова друштво се изгледа таму само за под радар да си лапаат плати од скоро 100.000 денари, меѓутоа ги нема никаде кога треба да преземат дејствија да ги заштитат интересите на своите клиенти и да осигураат законско работење на раководствата на компаниите кадешто инвестирале!
Али треба да правиш разлика меѓу неревидиран и официјален финански извештај. Ова што цитираш е за завршна сметка не за неревидиран
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Али треба да правиш разлика меѓу неревидиран и официјален финански извештај. Ова што цитираш е за завршна сметка не за неревидиран
Да било така, во образецот за тримесечни нема ни да имало графа за сеопфатна добивка. Исто така, сите компании освен МТУР ги пријавиле нереализираните капитални добивки во тримесечните. Кај нив се гледа дека е со намера пошо петкратно би им се зголемила сеопфатната загуба и би предизвикало шок кај инвеститорите, па може да се рече дека делото е извршено со умисла.

Инаку, баш ме интересираше кој најмногу извисил во шпекулативната игранка за конверзија на приоритетните акции на Стопанска. Имено, таму од околу 600 денари, акцијата за година дена порасна до 1.400, за сега повторно да заврти полн круг и да се врати на околу 650. Се испостави дека најголемиот сопственик на СТБП е некој Ѓорги Јованов:

Screen Shot 2020-07-18 at 23.54.30.png

Ако се изгугла името, излегува дека има таков што е член на Управен одбор на Алкалоид за (пази ова!) акционерство :pos::pos::pos:

Човекот поседува околу 20.000 акции СТБП, коишто на максимум вределе околу 28.000.000 денари, а денеска вредат околу 13.000.000. Значи овој експерт за акционерство у овие шпекулации претрпел нереализирана капитална загуба од околу 250.000 евра!

Единствениот друг којшто наводно загубил пари на берза у претходниов период според пријавената имотна состојба е заменик-министерот за факин ЕКОНОМИЈА, Кирил Колемишевски. Не е ни чудо што ваквите „експерти“ се гнетат у политика кадешто според извештајот на УСАИД дури 40% од буџетот се троши коруптивно!
 
Член од
11 јули 2017
Мислења
310
Поени од реакции
490
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Кога се зборува дека движењето на цената на акциите преку неформален договор го контролираат 20-30 луѓе од инвестициските фондови, брокерските друштва, директори на котирани компании и големи македонски газди, тоа може да делува и како некаква теорија на заговор. Меѓутоа, еве сега ако го анализираме уделот на овој Ѓорги Јованов во СТБП, ќе може да изведеме интересни заклучоци:

Имено, тој за првпат се појавува во ЦДХВ како сопственик на 5,23% од акциите во март 2017. година. Тој удел му останува ист сѐ до 23.4.2018. кога цената се движи до 700 денари. Меѓутоа, во првиот шпекулативен бран пред првото акционерско собрание во мај, СТБП расте до 1.050 денари, а неговиот удел на 21.5.2018. пораснал до 7,68%. Потоа, во вториот шпекулативен бран пред второто акционерско собрание во декември, акцијата пораснала до 1.400 денари, а неговиот удел до 8,62%, колку што останал и до денес.

Епа еве, ако сакате да видите како изгледаат луѓето што влијаат на цената на акциите, повелете и слика:

Screen Shot 2020-07-19 at 13.13.04.png

Знам дека на форумов се расправав со некои членови околу оваа тема, па можете да се потсетите и кој сѐ навлекувал за купување на СТБП, а може и да се пријави ако некој се изгорел купувајќи на врвот што сега е во зијан.
 
Последно уредено:
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.314
Поени од реакции
2.380
Оф леле редовниот душегрижник на форумот, почнал да се грижи дали и колку Ѓорѓи Јованов претрпел нереализирана капитална добивка. Хахахахххахаххааххахахахахахаха абе кај го има ова. Последен пат кога видов овој дел на форумот не беше подфорум на Хумор и сатира.

П.С. За информација на поширокиот аудиториум првите 5% Јованов ги има купено под и околу 500 денари.
На крај кога ќе заврши сета таа постапка пак ќе излезе минимум 300% - 500% во ќар. Како што излегува и секаде каде што има купено (освен во Топлификација), а го има скоро во секоја акционерска книга прилично со голема количина.

П.П.С. Најнов вид на теорија на заговор: Тие што го организираат заговорот 30-50 души мајкетмејкерите, на крај се и во најголема нереализирана загуба.
 
Еве сега се навратив на форумот во тој период па гледам дека ти всушност си бил главниот „промотор“ на СТБП. Интересно за помладите членови треба да биде како овие покрупните ѕверки како овој Јованов ќе смислат некаква прикаска од тип ќе се продавала СТБ па морале да ги решат приоритетните, а потоа ќе впрегнат „подизведувачи“ за тоа да го шират надолу. Треба да се анализираат ваквите обрасци за да знаат луѓето како да препознаат кога следен пат некој ќе проба да ги манипулира. Не знам како ќе испадне 300-500% у плус на СТБП кога Грците (пази чудо!) не му конвертираа, а тие 20.000 акции не може да ги истовари ни по 400.

Инаку да, берзата знае да биде скапа играчка. Еве нпр. убаво што го спомна случајот на Топлификација којашто отиде во стечај и акционерите загубија сѐ. Ако се гледаат емисиите со Хаџимишев и тој Стојановски, може да се види дека тоталитарниот систем ќе те сомеле ако ти се намерачи. Вистински интелектуален хорор е со што се соочиле при контактирањето на институциите што биле должни да го спречат стечајот. Мислам дека у една од емисиите спомна дека некој фонд изгубил два миљони евра на Топлификација :shok2::shok2: Они двајца имале по неколку илјади акции што на врвот кога ТПЛФ била 15-16.000 можеби вределе и по миљон евра, ама сигурно во зависност од набавната цена биле по неколку стотици илјади евра зијан. Еве ме интересира да му пресметам и на овој Јованов колку исчурел у Топлификација пошо сите се фалат само кај заработиле, а не спомнуваат каде изгубиле.

Screen Shot 2020-07-19 at 21.09.08.png
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.314
Поени од реакции
2.380
Не бе @therealgrim пак читаш до негде, до каде што ти одговара. Потруди се да најдеш тука на форумот, каде што имам напишано се, зошто сум купил, до кога сум имал STBP и која била причината кога сум ги продал.

STBP убаво почна. Со уште неколку искусни акционери бевме на неколку состаноци во банката и во тоа време, бевме уредно пречекани и ни беше кажано дека овој проблем и тие го идентификувале и сакаат да се реши. И во тоа време навистина беше блиску решението, тие до Атина пратија целосно резиме на проблемот и неколку сценарија за негово решавање. Се дури во еден момент од како ја објавија точката на дневен ред, во меѓувреме се смени CEOто во Атина. И после се се смени. Почнаа полека да отстапуваат од она што се зборуваше на состаноците .
Во меѓувреме од кога се постави точката на дневен ред некои нови дечки иако незнаејќи ја суштината на проблемот почнаа силно да купуваат. Се видовме со некои од нив, мислев дека имаат некоја информација, сепак почнаа со големи пари да купуваат, некој спомна дека можеби знаат нешто од Атина, но се испостави дека ниту имале контакти, ниту знаеле нешто посуштинско за целиот случај. Едноставно некои сакаа да купат на 700, а да ги продадат на 1.200-1.500 денари. Некои и успееја во тоа.

После тоа, новиве дечки сега веќе со многу поголем број на акции спрема она што го имавме ние, изразија желба тие да ја водат играта, тие да ги пишуваат барањата, тие да одат на состаноците ... и после тргна се на инает и од двете страни, и се уште до ден денес тоа трае.

Многу добро го знам случајот, и од време навреме пак се слушаме, се јавуваат да се инсконсултираат за некои правни работи, можности и недоумици. Сепак за тој случај јас не бев да се оди во таа насока, се уште мислам дека имаше простор да се договори решението на овој проблем со менаџментот на банката, но ...

И сега која тие намерата за пишувањето и за истражувањето на овој случај?? Да не сакаш да се пожалиш дека поради моите постови тука, ти си купил толку голема количина во PKB? Па сега имаш голема нереализирана добивка?? И не можеш да ја продадеш?? Не ти ја сфаќам поентата? Ти се приклучи многу после тоа, и во релативно јасна ситуација што се случува со целата постапка. Да не речам беше free rider во целиот процес, на кој уште со неколку акционери потрошивме страшно многу време, знаење и енергија.

П.С. Вредноста на акците во ПКБ е 10% од моето портфолио. Искрено во последната година вложив многу повеќе вредност во дадено време него што ќе добијам некоја толку голема добивка. Но се доби многу искуство во целиот тој процес, прочитани детално сите : ЗТД, ЗХВ, Кривичен законик... и едноставно тој случај мораше да се почне, за да се спречи понатамошно шерифско однесување по компаниите кои што котираат на македонска берза.
 
Се гледа според движењето на уделите дека овој Јованов го зголемувал уделот токму во периодите на растот на цената што укажува дека бил вклучен во планското пумпање. Зарем треба било кому што живее во Северџанија да му биде чудно што луѓе на високи позиции масовно лажат и манипулираат? Што и да ти кажале и тој и Грците, само требало да размислиш дека со шпекулацијата сте се надевале дека НБГ треба да ви подари 2,5% од СТБ. Кој бе дава било кому 10 миљони евра гратис??? :pos: :pos: :pos: Па тоа е толку бесмислено што прочитав дека дури и јас овде сум ветил дека ќе извршам харакири сред собрание доколку тоа се случи:lolzz:

Баш убаво што го спомна и ПКБ пошто е идеален за едукативна паралела. Акциите у ПКБ што јас ги купив можело кој било да ги купи, само требало да ме наддаде на берза. Ете, можело тоа да бидат некои експерти од некој фонд или некој експерт за акционерство како овој Јованов. Да сум слушал од форумџии што треба да купам, ќе немало никаква шанса шесткратно да го зголемам капиталот во период кога просечниот инвеститор својот малтене го преполовил. Што е разликата дали по 12 години ќе бидеш на 600% или на 60%? Мора познавањето на компаниите, економијата, финансиите и инвестирањето да ти се толку големи што ќе можеш САМОСТОЈНО да препознаеш која компанија колку вреди! И тоа идеално во периоди кога сите други ја сметаат за безвредна, пошо доколку чекаш некој од втора или трета рака да ти фрли коска на форум што треба да купиш - гарантирано долгорочно ќе изгубиш!

Инаку, крајно интересна е таа шемата на Алкалоид со задолжителните пензиски фондови како баш само него го купуваат кога цело време има 20-30 подобри акции, а изгледа дека токму овој Јованов им е контактно лице. Исто така, кои се тие Мукаетовци и како тоа сите транзициски директори се нарекуваат тајкуни и олигарси, а едино тој Трајче Мукаетов што на ист начин како нив стекнал многу повреден удел у Алкалоид и наводно отпуштил 80% од вработените малтене го сметаат за светец. Ама тоа си заслужува посебен пост кога ќе имам време...
 
Член од
18 ноември 2019
Мислења
85
Поени од реакции
65

Па да имаше потекло на имот сигурно ќе вредев повеќе од овие 'тајкуни' македонски, но тоа е. Играта е таа, кој сака да вози не треба да се жали, гледај си за себе и пробај прави пари
 
Супер де, еве може великодушно од прва рака да споделиш која е тајната и патот до успехот? Како и ние другите да ги научиме тајните на акционерството, како да стекнеме милиони, како да се искачиме на високи општествени позиции? Еве може да споделиш да научиме нешто од успешните инвестиции или пак од грешките како СТБП или ТПЛФ.

При такви крупни и искусни играчи, срамота е јас и @TENDO уште недоволно искусни да држиме банка на форумов...
 
ЛоЛ погрешно си ме сФатил. Не сум тајкун не никако, иако имам сериозно инвестиран кеш (за македонски стандарт) ама надвор друже од МК, баш ради 'тајкуниве'. Ако те интересира повеќе што и како пп.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom