Еве можам јас да поднесам тужба. Дали мислиш дека за ова сметководствено книжење обвинителство ќе биде заинтересирано да го гони менаџментот на MTUR? А еве и приватно да се поднеси, со кој и адвокат да застаниш ќе ти речи дека, ако бил на спротивната страна 99% ќе го добиел случајот. Дали си спремен ти да ги покриеш трошоците за едно такво бесцелно судење каде што огромна е можноста да има некој сметководствен стандард кој го потврдува нивниот избор на книжење?Их, таман работа да поседувам акции у компанија од којашто има 20 подобри прилики за инвестирање и тоа само на Македонската берза. Неа ѝ ја препуштам на фондовите и не им се мешам у штипки. Во 2014. ги продадов акциите пошо со мојата струка Холидеј ин ми беше нешто најблиску што иам до редовно работно место, такашто скоро секојдневно ги гледав неговата пропаст и заостанување во однос на конкуренцијата.
МТУР треба на економските факултети да се изучува како студија на случај кадешто преку катастрофално управување се стигнало од монополска позиција во растечки пазар до спореден непрофитабилен играч, па еве и на универзитетските професори да им продадам малку ум кога веќе им продадов на сите други од финансиската индустријаНа едно предавање на тема МТУР ќе ги научам студентите повеќе за бизнис, финансии и инвестирање него што ќе научат за две години студирање!
Прегледај го приврзокот 258956
У МТУР најмногу акции имаат Доне и Соња, па можеби се надеваш дека они како најзасегнати грижејќи се за сопствениот интерес ќе пријават за милионската малверзација
Ама ако не, тогаш прв следен по нив е Сава фондот кајшто од придонесите на идните македонски пензионери словенечките газди прават по два миљони евра профит годишно и вработените зимаат по 100.000 плати за да се грижат за капиталот и интересите на нивните клиенти, такашто очекувам да се покажат совесно и професионално „со грижа на добар стопанственик“ и да поднесат кривична во ЈО.
Во овој случај никој не загубил, нити добил. Тие ги водат како долгорочни инвестиции.