- Член од
- 30 март 2018
- Мислења
- 1.459
- Поени од реакции
- 1.886
Еве приказ на имотите и вредностите на уделите на сите фондови:
Ако се знаат годините кога започнале со работа и се пресметаат годишните приноси, ќе се види колку се очајни а секој од „менаџерите“ би требало од срам да си го затвори фондот и да се самоелиминира од финансиската индустрија.
Посебно катастрофални се овие првите на Илирика и Џенерали коишто ми се „генерација“, т.е. започнале во 2008. година кога и јас сум започнал со инвестирање. Некои дури успеале на инвеститорите за 12 години да им ИЗГУБАТ пари, ама тоа ваљда не ги спречува „инвеститорите“ да им доверат околу 5 миљони евра на управување!
Најмногу кеш прават, додуша за себе, овие од ВФП, коишто за период кога пазарот скокнал 70%, на своите клиенти им испорачале само десетина проценти. Како успеале да најдат овци што им довериле 21 милион евра на управување само покажува колку е финансиски затуцана северџанската раја.
Единствениот што донекаде си го оправдува постоењето е индексниот фонд на КБ Публикум. Меѓутоа, и тој остварил само 78% принос во период кога индексот скокнал од 2.250 на 4.200, односно за 87%, а компаниите исплатиле и уште десетина проценти дивиденди, такашто и тие имале помал принос него што би остварил просечниот инвеститор, а ич да не збориме некој што всушност знае што купува.
Сѐ на сѐ, оваа табела ја прикажува менталната мизерија и на „менаџерите“, а многу повеќе на простата маса што им доверува средства на управување со катастрофален поврат!
Меѓутоа, најпоразителното во фондовската индустрија се резултатите на вториот пензиски столб:
Имено, двата фонда, КБ Прво и Сава, започнале со работа во 2005. година, т.е. во истата година кога започнал да се пресметува и индексот МБИ10, што споредбата ја прави особено лесна. За овие 15 години, тие на македонските пензионери им оствариле поврати од 218,7% i 214,1%, а индексот МБИ10 е на 420% и тоа без дивиденди!
Ова значи дека доколку неедуцираниот македонски пензионер самостојно купувал акции што се составен дел од индексот без никакво знаење и размислување, ќе имал 2,5 пати повеќе пари него што му оствариле „професионалните инвестициски менаџери“ од пензиските фондови. Па буквално не постои подобар аргумент за укинување на вториот пензиски столб, таа тенија на македонската економија!
![Screen Shot 2020-07-21 at 09.27.06.png](/data/attachments/259/259816-637c17b96455c2c42fdf592fadde23cf.jpg)

![Screen Shot 2020-07-21 at 09.51.10.png](/data/attachments/259/259817-62821d7713fc538787751ae3a85011a9.jpg)
Имено, двата фонда, КБ Прво и Сава, започнале со работа во 2005. година, т.е. во истата година кога започнал да се пресметува и индексот МБИ10, што споредбата ја прави особено лесна. За овие 15 години, тие на македонските пензионери им оствариле поврати од 218,7% i 214,1%, а индексот МБИ10 е на 420% и тоа без дивиденди!
Ова значи дека доколку неедуцираниот македонски пензионер самостојно купувал акции што се составен дел од индексот без никакво знаење и размислување, ќе имал 2,5 пати повеќе пари него што му оствариле „професионалните инвестициски менаџери“ од пензиските фондови. Па буквално не постои подобар аргумент за укинување на вториот пензиски столб, таа тенија на македонската економија!
Последно уредено: