Dar_Mak
ексцентрик
- Член од
- 22 октомври 2010
- Мислења
- 343
- Поени од реакции
- 333
Тука си грешка, Велес - Кадрифаково не е експресен пат, туку обичен двонасочен магистрален пат, дел од националниот коридор А3. Без клучки, без доволна ширина и соодветни косини и без помошни ленти. Многу луѓе се лажат дека ова е експресен пат само поради малото проширување кое го направија, но тоа не е дополнителна лента. Моментално во Македонија нема завршен ниту еден експресен пат, најблиското нешто до експресен пат е фаличниот автопат Гостивар-Тетово. За прв пат ќе може да тестираме ваков тип на магистрала за околу еден месец кога ќе се пушти делницата Штип-Крупиште, па и сам ќе забележиш дека разликата е огромна во споредба со Велес-Кадрифаково.Апсолутно си во право, но ете Свети Николе - Велес експресниот пат го направија со проширување на веќе постоечкиот и не постои алтернативен пат за нерегистрирани канти, трактори... Чисто за информација