Македонска берза

До колку очекувате да падне МБИ10 заради вирусната пандемија:

  • 3000

    Гласови: 33 33,3%
  • 2000

    Гласови: 37 37,4%
  • 1000

    Гласови: 9 9,1%
  • 0 (да го испоштуваме другарот Близард)

    Гласови: 7 7,1%
  • МБИ ќе иде у плус, какво паѓање

    Гласови: 13 13,1%

  • Вкупно гласачи
    99
Член од
30 март 2018
Мислења
470
Поени од реакции
833
Е ова веќе почнува да се претвара у одличен форум со сериозни контрибуции у форма на анализи :aplauz:

Не ми е јасно кај тој Адинг како имале скоро миљон евра помали трошоци за материјали минатата година, што всушност и придонело за таквиот одличен финансиски резултат. Фирма со таков бизнис би требала да има прилично конзистентни вредности. Прашање е дали ќе се стабилизира на овогодишниве резултати или на минатогодишните. У првиот случај е дебело потценета, а у вториот дебело преценета.

Ептен би ми било ќеф да се исфрлат и ТТК и СБТ од индексот, а да се заменат со фирми што стварно заслужуваат да се најдат таму. Да не ги спомнувам сега, пошо у некои уште градам позиција. Тоа би покажало колку индексирањето ја искривува сликата и веројатно барем за 50% ја зголемува вредноста на акциите, а посебно кај фирми што се у повеќе регионални индекси и одамна се веќе апсурдно преценети.

Инаку, еве се потврдуваат сомнежите за ТТК брокер дека се вклучени у игранките. Најубаво некој новинар да истражи колкаво портфолио акции имаат КМБ брокер, Илирика и ТТК брокер, па да се види колку тие и уште дваесетина инсајдери и јаки играчи ги штимаат цените на македонската берза. Баш би сакал да изигравам уредник и да им задавам теми за истражување, па уште и да имаат буџети како разноразни БИРН-ови што се платени од странство за политичко „истражувачко новинарство“.

Screen Shot 2020-05-23 at 10.39.48.png

Веројатно првата работа што би ја направил (доколку е легално) е да платам по илјадарче у ЦДХВ и да ги објавам у медиум првите сто најголеми акционери у индексираните компании, а посебно у КМБ. Мислам дека тогаш многу работи ќе ѝ станат кристално јасни на јавноста.
 
Последно уредено:

Hub

Член од
3 мај 2017
Мислења
304
Поени од реакции
304
Веројатно првата работа што би ја направил (доколку е легално) е да платам по илјадарче у ЦДХВ и да ги објавам у медиум првите сто најголеми акционери у индексираните компании, а посебно у КМБ. Мислам дека тогаш многу работи ќе ѝ станат кристално јасни на јавноста.
u mediumi verojatno ne bi mozel ama na forum sekako.
 

ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
478
Поени од реакции
418
Кој немал можност треба да го прочита годишниот извештај на Адинг, нека го прочита. Секогаш е специфично напишан:

Грешно е на берза, го имаат ставено резултатот од поеднинечниот, а не од консолидираниот извештај. Добивката за 2019 година им е 269 денари по акција или на последна цена од 660 денари, акцијата се тргува на p/e од 2.45. Што би рекол Грујо - за Џабалак.

Инаку има и 10% зголемување од редовната дивиденда на 22 денари нето или 3,3% дивиденден принос.

Не пишувам за акцијава премногу но дефинитивно е во ТОП3 од акции кои што можат да се купат (од BIM, TEHN, TIKV, GROZD не може да се купи), и останува одлична можност за оние инвеститори кои сакаат дивиденда, солидно корпоративно работење и можност да наплатат солидно при излез преку продажба на компанијата. Не е препорачливо со голем процент, но 10% - 15% од портфолиото во вакви компании е добар избор.
Го разгледав извештајот и стварно е добро објаснето, транспарентно. Секоја пофалба на тоа поле.
Во очи ми падна делот:
...Наплатата и понатаму останува проблем кој не прати на пазарите каде што сме присутни. Наплатата е клучен фактор од кој зависи деловниот резултат и успешноста на работењето. И понатаму остануваат проблем побарувањата од фирми кои се утужени, а за некои има и обезбедени гаранции за плаќање, но нивната наплата не оди со планираната динамика. Овие тешко наплатливи побарувања и нивниот отпис влијаат на тековниот резултат и заради нив ќе мораме и во наредните години да правиме резервација во случај на ненаплатливост и отписи на побарувањата...
Не успеав да откријам за колкави износи се работи, сепак е добро да се потенцира ова
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
719
Поени од реакции
987
druze, vo konsolidiraniot revizorski vidi ja zabeleshkata 25 (na strana 41) i te molam objasni ni kako ja presmetale.... zoshto ponderiraniot broj na akcii se namalil od 356.238 akcii vo 2018ta godina na 141.253 akcii vo 2019ta godina? ic ne mi e jasno...
Прав си. Не знам што имаат праено овие од Грант Тортон со бројот на акциите.
При делење со нормалниот број на акции испаѓа дека p/e e околу 5.9 . Ако се одземат сопствените акции што во случајот кај ADING se 15.45%, испаѓа дека заработката по акција е 132 денари и дека акцијата се тргува по p/e од 5.
Не ми е јасно кај тој Адинг како имале скоро миљон евра помали трошоци за материјали минатата година, што всушност и придонело за таквиот одличен финансиски резултат. Фирма со таков бизнис би требала да има прилично конзистентни вредности. Прашање е дали ќе се стабилизира на овогодишниве резултати или на минатогодишните. У првиот случај е дебело потценета, а у вториот дебело преценета.
Истиот случај како и KPSS. ADING скоро 10 години инвестираше непрекинато во производствениот погон во Бугарија. Изгледа конечно почна трошоците од инвестициите да се намалуваат, а на сметка на нив приходите забрзано да растат.
На минатото собрание кажаа дека се договориле со нивниот партнер од Иран да прекинат, па ќе го продаваат тоа претпријатие. Гледам сеуште го водат во извештаи. Би требало поприлично добар вонреден приход да стигне во извештајот од наредна година.

u mediumi verojatno ne bi mozel ama na forum sekako.
Не гледам зошто тоа некој не би можел да направи. Ако имате гледано кај CDHV во Србија, таму ги прикажува online првите 10-15 акционери на секоја компанија. Со оглед на тоа дека е дозволено секој што има бар 1 акција да си побара и да ја отпечати цела акционерска книга, не гледам проблем во тој дел. Иако не знам што очекуваш да и стане кристално јасно на јавноста ако ги прочита првите 100 акционери од КБ или од индексираните компании?

Го разгледав извештајот и стварно е добро објаснето, транспарентно. Секоја пофалба на тоа поле.
Во очи ми падна делот:
...Наплатата и понатаму останува проблем кој не прати на пазарите каде што сме присутни. Наплатата е клучен фактор од кој зависи деловниот резултат и успешноста на работењето. И понатаму остануваат проблем побарувањата од фирми кои се утужени, а за некои има и обезбедени гаранции за плаќање, но нивната наплата не оди со планираната динамика. Овие тешко наплатливи побарувања и нивниот отпис влијаат на тековниот резултат и заради нив ќе мораме и во наредните години да правиме резервација во случај на ненаплатливост и отписи на побарувањата...
Не успеав да откријам за колкави износи се работи, сепак е добро да се потенцира ова
Секоја година го пишуваат тоа. Сакаат да потенцираат дека тие се на добар глас и дека тие секогаш навремено си ги исплаќаат обврските, но ете работат во овој регион каде соработниците имаат менталитет да не ги плаќаат навремено достасаните обврски. Еве за колкави износи се работи според нив: Во текот на 2019 година Друштвото изврши директен отпис на целосно ненаплатливи побарувања, на товар на тековните расходи, во износ од 7,686 илјади денари (2018: 3,312 илјади денари).
 
Член од
30 март 2018
Мислења
470
Поени од реакции
833
Ќе се разоткријат фирми, газди, политичари, инсајдери... Скоро никој у државата не дошол по сопствена заслуга до богатство и привилегирана позиција, туку у 90% случаи користејќи семеен финансиски и општествен капитал. Сигурно ќе испливаат имиња што огромни црни пари испрале и вложиле во акции па би можело и да им се испита потеклото на имотот.

Јас ниту сум од Скопје, ниту ме интересираат луѓето и нивните партиски, клановски и семејни врски, ама од клучна важност се за разбирање на бизнисот и позициите. Еднаш бев на подолг пат со човек близок до влашкото лоби што 3-4 саата ми раскажуваше како функционираат. Сега ми е криво што не го снимав да видам дали 100% сум запомнил :lolzz:

Би било идеално да се објават имињата и некој како Саше Димовски што се разбира у судството кој судија, обвинител и адвокат кому му е син, ќерка, зет, кум, сопартиец, швалерка... и овде да ги напише големите акционери кој со кого се исповрзани за да се види кои интереси тука се испреплетени како црева.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
13.768
Поени од реакции
8.025
поодамна , пред 14-15 години , кога бев активен на МСЕ купував и обврзници... сега не ми е јасно, нешто е сменето... нема никакви понуди ама има тргување ???
 
Член од
23 јуни 2017
Мислења
393
Поени од реакции
657
поодамна , пред 14-15 години , кога бев активен на МСЕ купував и обврзници... сега не ми е јасно, нешто е сменето... нема никакви понуди ама има тргување ???
I jas kupuvav od 2002 do nekade 2010 obvrznica za staro devizno shtedenje I denacionalizacija, ama togash imashe prinos do dostasuvanje od 6-12%... Koga pocnaa da kupuvaat penziskite fondovi, ni go zaebana biznisot. Se sto kje izleze odma kupuvaat I ne prodavaat ni pod razno, zadovolni se samo da zemaat 2% kamata godishno.. Zatoa cenite se 98-99% od nominalna...
 
Член од
12 март 2009
Мислења
13.768
Поени од реакции
8.025
I jas kupuvav od 2002 do nekade 2010 obvrznica za staro devizno shtedenje I denacionalizacija, ama togash imashe prinos do dostasuvanje od 6-12%... Koga pocnaa da kupuvaat penziskite fondovi, ni go zaebana biznisot. Se sto kje izleze odma kupuvaat I ne prodavaat ni pod razno, zadovolni se samo da zemaat 2% kamata godishno.. Zatoa cenite se 98-99% od nominalna...
имаше нешто лани, дали евро обврзница со 6% камата, ама и ако имало тоа не било за секој, некоја набрзинка работа и тоа за крупните, не знам...
 
Член од
23 јуни 2017
Мислења
393
Поени од реакции
657
имаше нешто лани, дали евро обврзница со 6% камата, ама и ако имало тоа не било за секој, некоја набрзинка работа и тоа за крупните, не знам...
Okolu 3% beshe mi se cini, ama kako fizicko lice imash golemi trosoci za kupuvanje/prodavanje tamu... A I lotot e golem mislam okolu 100.000 eur e min... Se trguva ili London ili Dublin...
 
Член од
30 март 2018
Мислења
470
Поени од реакции
833
I jas kupuvav od 2002 do nekade 2010 obvrznica za staro devizno shtedenje I denacionalizacija, ama togash imashe prinos do dostasuvanje od 6-12%... Koga pocnaa da kupuvaat penziskite fondovi, ni go zaebana biznisot. Se sto kje izleze odma kupuvaat I ne prodavaat ni pod razno, zadovolni se samo da zemaat 2% kamata godishno.. Zatoa cenite se 98-99% od nominalna...
Богами секоја чест, уште у 2002. година купување обврзници :aplauz: Ја у 2002. од родителите барав по сто денари за излегување...
 
Член од
7 септември 2018
Мислења
21
Поени од реакции
38
Готово со полицискиот час, добри вести за економијата во државата. Се очекуваат позитивни резултати
 

Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
136
Поени од реакции
80
Богами секоја чест, уште у 2002. година купување обврзници :aplauz: Ја у 2002. од родителите барав по сто денари за излегување...
Ти си добар, јас 50 денари ако добиев тоа време бев најсреќен :vozbud:
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
719
Поени од реакции
987
I jas kupuvav od 2002 do nekade 2010 obvrznica za staro devizno shtedenje I denacionalizacija, ama togash imashe prinos do dostasuvanje od 6-12%... Koga pocnaa da kupuvaat penziskite fondovi, ni go zaebana biznisot. Se sto kje izleze odma kupuvaat I ne prodavaat ni pod razno, zadovolni se samo da zemaat 2% kamata godishno.. Zatoa cenite se 98-99% od nominalna...
Од денешна гледна точка, сосема погрешна одлука...
Ако се земи дека во тоа време после конфликтот акциите на Гранит се движеа околу 30-60 денари и слично и кај другите акции.

Сега ние тука се мачиме. Еден мој пријател кога и да се видиме ми кажува како купувал илјадници акции од СТБ по цена од 20 денари. Како му се јавувале брокерите дека му нашле нови акции од СТБ по 20 денари за 2.000 марки/евра но веќе немал повеќе пари во тој период.
 
На врв Bottom